Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Под улиците на финската престолнина се наоѓа широка мрежа од околу 5.500 засолништа, дизајнирани да сместат речиси 900.000 луѓе во случај на војна, голем напад или друга вонредна состојба – значително повеќе отколку што Хелсинки има постојани жители. Британскиот весник „Тајмс“ го опишува овој систем како еден вид подземен град и еден од највидливите докази дека Финска сериозно се подготвува за можноста од поширок конфликт со соседна Русија. ...
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу Сафија, директор на болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа, повторно го привлече меѓународното внимание кон условите на палестинските притвореници во израелските затвори. Според неговиот адвокат, Абу Сафија во интервју на почетокот на јули рекол дека бил подложен на тешка физичка злоупотреба и дека се плаши за својот живот, објавува „Гардијан“. Докторот бил уапсен за време на ...
Во холандскиот град Верден, во близина на Утрехт, се случи експлозија во станбена зграда, предизвикувајќи пожар, по што куќите во околината беа евакуирани. Службата за безбедност на градот Утрехт објави дека нема повредени, објавува денес NL Times. Пожарникарите успеаја брзо да го изгаснат пожарот, но пламенот и експлозијата предизвикаа значителна штета на зградата. „Фасадата и прозорците се скршени. Постои ризик делови од фасадата да ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес објави дека спречила голем напад од страна на Киев со употреба на беспилотни летала врз руските воени аеродроми „Украинка“ во Амурската област и „Шагол“ во Чељабинската област. – Обидот за напад беше спречен благодарение на претходните информации добиени од Руската Федерална служба за безбедност, соопшти ФСБ. Службата претходно објави дека спречила „обид на украинските разузнавачки агенции, ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес остро го критикуваше претседателот Тамаш Шулок и десничарската политичка партија Фидес предводена од Виктор Орбан, велејќи дека Фидес му забранил на Шулок да потпише уставен амандман што ќе му овозможи да биде отстранет од функцијата. – Знаеме што подготви неуспешната партија. Но, денес, парламентот гласа за 17-тиот амандман на Уставот, а операцијата Чистилиште достигнува клучна фаза. Денешната одлука е ...
Заменик-специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Рамиз Алакбаров, „остро“ го осуди опструкцијата на хуманитарните операции од страна на палестинската терористичка група Хамас. – Акциите на Хамас го загрозија хуманитарниот персонал, ги заплашија работниците кои доставуваат помош во храна за спасување животи и ги попречија хуманитарните операции за спасување животи, рече Алакбаров, објави „Тајмс оф Израел“. Се вели ...
Централната команда на САД (CENTCOM) официјално потврди дека од утре повторно ќе воведе поморска блокада на Иран, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп. Како што е најавено, блокадата ќе стапи на сила од 22 часот по централноевропско време. „Силите на CENTCOM ќе спроведат блокада на бродовите што транзитираат до или од иранските пристаништа и крајбрежните области. Американската војска продолжува да го поддржува протокот на ...
Сите патници во комбето вклучени во несреќата во Липци на патот Котор-Никшиќ се српски државјани, при што 21-годишна девојка почина по обидите за реанимација, а 16 други се повредени, изјави Дино Пањако, директор на Специјалната болница за ортопедија, неврохирургија и неврологија „Васо Ќуковиќ“ во Рисан. Пањако нагласи дека состојбата на повредените во сообраќајната несреќа во Липци е стабилна и изјави дека едно дете, на возраст од околу 10 ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи денес изјави дека нападите на Иран врз американските воени бази и објекти во јужниот дел на Персискиот Залив претставуваат, како што изјави, легитимно право на самоодбрана според меѓународното право, отфрлајќи ги проценките дека станува збор за воена конфронтација. Во објава на социјалната мрежа X, Багеи му рече на портпаролот на Обединетите нации (ОН) дека Иран „не ...
Пратениците од редовите на Алијанса за Албанците, Демократската унија за интеграција и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја напуштија собраниската седница посветена на реконструкцијата на Владата по втората пауза за координација на пратеничките групи, поради, како што беше посочено, инцидент во кој предложен министер се однесувал навредливо кон опозициските пратеници. Напуштањето на пленарната сала следеше по одржаната собраниска ...
Русија продолжува да се развива и да постигнува резултати и покрај притисокот, како што изјави, од агресивниот и русофобичен дел од колективниот Запад, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи на форумот „Народен фронт“ насловен „Сè за победа! Сè за Русија“, тој рече дека Русија продолжува да ја развива економијата, да ги подобрува вооружените сили и да постигнува нови резултати во областа на одбранбено-индустрискиот комплекс. ...
Саудиска Арабија нападна аеродром во јеменскиот град Сана, соопштија јеменските бунтовници Хути. Генералот Јахја Сари изјави на Телеграм дека Саудиска Арабија започнала воздушни напади, „со што ја завршила фазата на деескалација“. Тој додаде дека „оваа агресија нема да остане неказнета“. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, со седиште во јужен Јемен, со години се бори против бунтовниците Хути, поддржани од Иран, на север. Саудиска ...
Централната команда на Хатам ал-Анбија на иранската ИРГК изјави дека Техеран нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со Ормускиот теснец, предупредувајќи дека ширењето на војната во регионот ќе ги загрози сите земји на Блискиот Исток. Централната команда на Хатам ал-Анбија во соопштението изјави дека Иран „под никакви околности“ нема да им дозволи на САД да интервенираат во управувањето со Ормускиот теснец. „Одговорноста за ...
Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше сведок на една огромна нервоза во моментите кога се разговара за дебаклот и за неуспесите во двете години на извршната власт, изјави Оливер Спасовски – координатор на пратеничката група ...
Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат ...
Саудиска Арабија нападна аеродром во јеменскиот град Сана, соопштија јеменските бунтовници Хути Генералот Јахја Сари изјави на Телеграм дека Саудиска Арабија започнала воздушни напади, „со што ја завршила фазата на деескалација“. Тој додаде дека „оваа агресија нема да остане неказнета“. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, со седиште во јужен Јемен, со години се бори против бунтовниците Хути, поддржани од Иран, на север. Саудиска ...
Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест ...
Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека ...
Европската Унија нема да ги укине санкциите против Иран се додека Техеран не се откаже од својата нуклеарна програма, регионалните дестабилизирачки активности и разработувањето балистички ракети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. – Нема да има никакво укинување на санкциите против иранскиот режим се додека тој не се откаже од својата нуклеарна програма, од својот револуционерен проект што го ...
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и Вагит Алекперов, основач на руската нафтена компанија Лукоил, се изоставени од нацртот на 21-от пакет санкции на Европската унија против Русија, откако Бугарија и Италија се спротивставија на нивното вклучување на листата со санкции. „Европска правда“ објави, повикувајќи се на дипломатски извори од неколку земји од ЕУ, дека имињата на патријархот Кирил и Алекперов се отстранети од документот ...
Голем дефект на водоводниот цевковод на улицата Леце Котески денеска ги поплави дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови работат на лоцирање и отстранување на дефектот. Поплавувањето започнало околу 5:30 часот, а според првичните информации најверојатно станува збор за дефект на водоводниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД најверојатно ќе ја преземат контролата врз Ормускиот теснец. Тој додаде дека „ќе го удри Иран многу силно“ затоа што „го прекршиле договорот“. Зборувајќи за Ормускиот теснец, Трамп рече дека САД ќе ја преземат контролата врз Ормускиот теснец и ќе ја обезбедат безбедноста на пловидбата, и дека другите земји треба да му надоместат на Вашингтон за ова. „Ние ќе го задржиме теснецот и ...
Трговците со трајни договори поврзани со SPCX преминуваат кон bStocks со стапка од 8,6%, наспроти 0,6% кај директното тргување со акции, додека bStocks преземаат 58% од обемот на тргување надвор од редовното берзанско време Binance Research, истражувачкиот оддел на Binance, најголемата светска берза за криптовалути, неодамна објави нов неделен пазарен осврт со наслов „Ран замав во прифаќањето на токенизираните акции“. Анализата ги разгледува ...
Славен Билиќ повторно е селектор на хрватската репрезентација, потврди Хрватскиот фудбалски сојуз. Уште од заминувањето на Далиќ, па и пред тоа, Билиќ се наметна како главен кандидат за оваа функција. Пред да ја преземе репрезентацијата, тој беше без ангажман две години, откако доби отказ од саудискиот клуб Ал Фатех. Ова е втор мандат на Билиќ на чело на репрезентацијата. Тој ја предводеше Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година и ја ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба, како што информираат од Министерството, биле производните ...
Тимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле преземени нула мерки, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прописни излези за евакуација од објектот имало нула, додека според површината на објектот ...
Министерство за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани. Тој избега од полициската станица во Кочани, каде што беше приведен поради поседување дрога. -Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично ...
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од нивната партија заради усогласување заеднички став околу измените на Изборниот законик. Крмов потенцира дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ, но и дека не се знае дали би одржале друга средба без некој преставник од опозициските партии. -Околу друга ...
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е во домашен притвор по наредба на разузнавачката гранка на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), откако иранските власти наводно открија некои од неговите контакти со Израел, објавува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на четири високи ирански функционери. Веста привлече дополнително внимание бидејќи во последните недели некои медиуми тврдеа дека Ахмадинеџад наводно е убиен во ...
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во своето обраќање на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата оцени дека не станува збор за суштински кадровски промени, туку за политички пазар и подготовка за предвремени парламентарни избори. Според него, реконструкцијата не е насочена кон подобрување на работата на институциите, туку кон прераспределба на функциите и коалициски калкулации. „Целиот процес најдобро може да се опише со ...