Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
МВР информира дека вчера наутро околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с. Миладиновци, скопско. Тој на 08. овој месец бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. МВР информира дека вчера ...
Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство (среда, 21:00 часот), а тензиите веќе започнаа од двете страни, иако, судејќи според она што може да се види, Англичаните предничат во тоа. Познато е што за нив значи 1986 година: додека за Аргентина таа е „Божјата рака“, за Англичаните претставува „проклетство“. Тогаш се сретнаа на славниот стадион „Ацтека“ во четвртфиналето, а Марадона постигна два гола. Едниот беше ...
На 73- годишна возраст денеска почина доајенката и една од основачите на театарот „ Антон Панов“ од Струмица, Тинка Ристеска, соопштија од театарот на Фејсбук. Нејзиниот живот беше театар. На само 16 години, првпат застана на сцената на Струмичкиот театар во улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент започна нејзината 55 години долга кариера, во која што оствари повеќе од сто улоги и создаде ликови во претставите „Галеб“, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот ...
Македонија и Грција располагаат со слични бакарни лежишта, бидејќи припаѓаат на истиот металогенски појас, оценува геологот Ѓорѓи Димов. Според него, токму затоа современите технологии што се применуваат во новите европски рудници можат успешно да се применат и во идните проекти во Македонија. Како пример го посочува рудникот „Скуриес“ на Халкидики, каде се користат современи технолошки решенија со минимално влијание врз животната средина. ...
Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред сè чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...
„Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри. Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, ...
СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик, се наведува во соопштението од Левица. Од партијата велат „Наместо ...
Приведен е скопјанец, кој со нож го уби својот татко, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС – Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на ...
Изминатиот викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Од лишените од ...
Во операцијата „Олимп“, спроведена во Сараево полицијата пронајде дрога и ракетен фрлач „Зоља“, а еден од осомничените побегна. Ова денеска го потврди Федералната управа на полицијата (ФУП), чии припадници, под надзор на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, ја спроведоа акцијата „Олимп“ на подрачјето на Кантонот Сараево. Целта на акцијата, како што наведоа, е документирање на производството и продажбата на дрога, како и на ...
Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи утрово на булеварот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во близина на поранешниот хотел „Бристол“, информира Министерството за внатрешни работи. Од полицијата соопштија дека несреќата е пријавена денеска околу 08:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествуваа автобус со странски регистарски таблички и мотоцикл. „При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот“, информираат од полицијата. ...
Вечерва на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба на графика насловена „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев, во Национална галерија на Македонија – Мала станица, со почеток во 20:30 часот. Самостојната изложба на графики на Виктор Семенпеев претставува избор на дела во кои линијата, текстурата и отпечатокот се носечки елементи на визуелниот израз. Преку техники на длабок печат, сува игла, акватинта и сериграфија, авторот создава ...
Почина легендарниот актер Сем Нил, на 78-годишна возраст, пишува „Скај њуз“. Актерот, најпознат по улогите во блокбастерот „Паркот Јура“ и хит-серијата „Бингамска банда“ (Peaky Blinders), остави неизбришлива трага во светската кинематографија. Неговото семејство ја потврди тажната вест во официјално соопштение, наведувајќи дека тој починал во понеделникот, 13 јули, во Сиднеј, Австралија. Според нив, Нил починал мирно, опкружен со своите ...
Руски дрон денес го премина молдавскиот воздушен простор и се урна и експлодираше во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса. 🇷🇺🇲🇩 Heute Nacht stürzte eine russische Shahed-Drohne in Moldau ab und explodierte. Ausgerechnet heute sitzt die Präsidentin von Moldau in Paris zum ersten Mal mit am Tisch der ...
Властите во Грција запленија и уништија повеќе од два тона млечни производи транспортирани од Бугарија без ладилник. Персоналот на одделот за инспекција на финансиски трансакции на Независниот орган за јавни приходи (IAPR) запре комбе, со странски регистарски таблички, на автопат во близина на североисточниот град Комотини, во близина на границата со Бугарија. Комбето беше исто така сериозно преоптоварено. Откако утврдија дека млечните ...
По големото разочарување и елиминацијата во групната фаза на Светското првенство, Фудбалскиот сојуз на Уругвај одлучи да сврти нов лист. Марсело Биелса ја напушта селекторската позиција, а репрезентацијата привремено ќе ја преземе Диего Форлан, еден од најомилените играчи во историјата на уругвајскиот фудбал. Мандатот на Марсело Биелса заврши со целосен колапс на односите во тимот. По освојувањето на третото место на Копа Америка, ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат кој стои зад весникот од Техеран што упати закани до премиерката Џорџа Мелони и ја прогласи неа, заедно со други западни лидери, за одговорна за атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесува „Ла Република“. Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи вети дека ќе се одмазди за смртта на својот татко Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на ...
Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола. 23.57 น. รับแจ้งจากสายด่วน 199 เหตุเพลิงไหม้ภายในร้านอาหาร ใกล้เคียงซอยลาดพร้าว 1 ถนนลาดพร้าว แขวงจอมพล เขตจตุจักร เจ้าหน้าที่สถานีดับเพลิงและกู้ภัยสุทธิสาร กำลังไปที่เกิดเหตุ สถานที่เกิดเหตุ pic.twitter.com/Tw6EPb7fhS — JS100Radio (@js100radio) July 12, 2026 Пожарот бил пријавен околу полноќ. ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Јаник Синер го освои Вимблдон откако го победи Александар Зверев со 3-1 во сетови во финалето. Италијанецот до титулата дојде со пресврт по речиси четири часа игра, победувајќи со резултат од 6-7, 7-6, 6-3, 6-4. Светскиот број еден на тој начин ја одбрани минатогодишната титула на Вимблдон и ја освои својата петта Гренд слем титула. Defence complete. Jannik Sinner defeats Alexander Zverev 6-7(7), 7-6(2), 6-3, 6-4 to win his second Wimbledon ...
Американската војска изврши нови напади врз ирански воени цели во близина на Ормутскиот теснец. Повикувајќи се на американски функционер, новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, објави на социјалната мрежа X дека целите на нападот биле ракетни и противвоздушни системи и помали бродови што припаѓаат на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ). ⚡️The U.S. has struck Iranian targets near the Strait of Hormuz Axios journalist Barak Ravid, ...
СДСМ соопшти дека нема да учествува на координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик, која за понеделник ја најави Левица, оценувајќи дека станува збор за „веќе видено сценарио“ во кое, како што велат, Левица ја игра улогата на сателит на премиерот Христијан Мицкоски. Од партијата прашуваат зошто опозицијата би требало да се собира „по нарачка на Мицкоски“ и дали тој треба да ја повикува опозицијата кога ќе посака. „СДСМ ...
Таткото на Меланија Цветковска од Куманово, која преку видео на социјалните мрежи јавно проговори за долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, соопшти СВР Куманово. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен и дека во координација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни институции се преземаат мерки. „СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на ...
Јулија Свириденко потврди дека поднесува оставка од функцијата премиер на Украина откако претседателот Володимир Зеленски објави реконструкција на кабинетот. Нејзината оставка ги изненади некои пратеници во партијата „Слуга на народот“ на претседателот Зеленски и предизвика шпекулации за вистинските мотиви за одлуката, објави „Киев Индепендент“. „Ситуацијата е чудна“, изјави еден пратеник за „Киев Индепендент“ под услов да остане анонимен. ...
Американската војска денес соопшти дека Ормутскиот теснец е „отворен“ и дека бродарството „функционира“ и покрај претходното соопштение на Иран дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со САД. „Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (Centcom) на платформата X. „Иран не го контролира теснецот. Навигацијата ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Девојка од Куманово преку видео објавено на социјалните мрежи апелира до надлежните институции да обезбедат соодветен третман и хоспитализација за нејзиниот татко, за кого тврди дека е зависник од алкохол и има дијагностицирани ментални нарушувања. Според нејзините наводи, вчера нејзиниот татко ѝ се заканил со убиство на својата сопруга, по што случајот бил пријавен во полиција. Таа вели дека мајка ѝ успеала да се одбрани држејќи тавче со ...