Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти. Авионот од типот „Cessna 402“, управуван од локалната авиокомпанија „Flamingo Air“, полетал во петокот од Меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во Насау кон аеродромот „Сан Андрос“. За време на летот авионот наишол на технички проблеми и се урнал во грмушки непосредно пред слетувањето, ...
Маж вооружен со нож држи како заложник вработена во супермаркетот „Реве“ во берлинската населба Мариенфелде, непосредно од пред затворањето на продавницата во петокот вечерта, соопшти германската полиција. In Berlin-Marienfelde läuft aktuell noch ein Einsatz nach einer Geiselnahme in einem Supermarkt. https://t.co/pNep3QmSdQ pic.twitter.com/8dFPXfYK1k — Lars Wienand (@LarsWienand) July 10, 2026 Инцидентот се случил околу 22 часот, кога, ...
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заедничко барање со препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа на Албанија, со кое бараат суштински измени во изборното законодавство, со цел обезбедување на поефикасно политичко претставување на националните малцинства. Документот е доставен и до Народниот ...
„Лето создадено од приказни“ продолжува со две нови изданија од бестселер-авторка со милионска светска читателска публикВо деновите кога летната акција „Со книга на плажа“ е во полн ек, „Матица македонска“ ја збогатува годинашната понуда со две нови изданија од Лорелин Пејџ – „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“. Со нив, акцијата што се одвива под слоганот „Лето создадено од приказни“ добива уште една силна читателска линија: ...
Поради најавените дождови и можност за невреме камерниот концерт насловен „Неочекувани поврзувања: Класичната музика и светот на тангото“ на ФЕЈМС Институтот, кој ќе се одржи на 12.07.2026г. (недела) со почеток во 20:30 часот, наместо во Сули ан, ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. Ова е втор концерт на јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот и ќе се одвива под водство на реномираните уметници Веско Ешкенази и ...
Расправата во Собранието по амандманите на Левица за ребалансот на Буџетот отвори едно од најсуштинските прашања за иднината на Македонија – правото на домување. Со четири амандмани, Левица предложи обезбедување средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани, со што државата конечно би започнала да интервенира во пазар кој одамна престана да функционира во интерес на граѓаните, а почна да ...
Бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира, а пратеничката група сега брои 59 пратеници, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија, со што покажа дека има голем демократски капацитет и широк коалициски потенцијал. Со овој договор ...
Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт, наведуваат од СДСМ. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и ...
Американската војска ги повлече своите најнапредни стелт-борбени авиони од воздухопловната база Овда, која се наоѓа во јужниот дел на Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Најмалку десет ловци Ф-22 Raptor, кои беа распоредени во базата, полетале кон воздухопловната база Ферфорд во Обединетото Кралство, како дел од нивното враќање во Соединетите Американски Држави. US WITHDRAWS F-22 STEALTH FIGHTERS FROM ISRAELI AIRBASE DESPITE IRAN TENSIONS The ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...
Американизацијата на Светското првенство продолжува, а најнов пример за тоа е најавата дека британската пејачка Ели Голдинг ќе настапи за време на полувремето од четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка. Со овој потег, ФИФА продолжува да воведува елементи на забавна програма, какви што се вообичаени на големите американски спортски настани, слично на музичкиот спектакл што веќе се подготвува за финалето на турнирот. Британската ...
Американската војска ги повлече своите најнапредни стелт-борбени авиони од воздухопловната база Овда, која се наоѓа во јужниот дел на Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Најмалку десет ловци Ф-22 Raptor, кои беа распоредени во базата, полетале кон воздухопловната база Ферфорд во Обединетото Кралство, како дел од нивното враќање во Соединетите Американски Држави. US WITHDRAWS F-22 STEALTH FIGHTERS FROM ISRAELI AIRBASE DESPITE IRAN TENSIONS The ...
Ерлинг Халанд привлекува внимание на Светското првенство не само со својот фудбалски талент, туку и со својата препознатлива фризура, која ја претвори во успешен бизнис производ. Норвешка стигна до четвртфиналето откако го победи Бразил со 2:1 во осминафиналето, а вечерва играат против Англија. Заедно со головите и настапите на Халанд, неговиот препознатлив реп привлече големо внимание од публиката. View this post on Instagram A post shared ...
Русија и Кина изработиле заеднички план за спротивставување на американската сателитска мрежа Starlink, а документи од 2023 година покажуваат дека меѓу предложените мерки се споменува и физичко уништување на сателити во орбитата. Како што објавува The Insider, повикувајќи се на заедничка истрага со Der Spiegel и Le Monde, новинарите дошле до документи кои се однесуваат на руско-кинеската воено-техничка соработка. Меѓу нив се четири ...
Окружниот суд во Љубљана го прогласи патријархот на Српската православна црква, Порфириј, за виновен за злоупотреба на работното место и го осуди на условна казна од четири месеци затвор и условна парична казна од 10.000 евра. Пресудата претставува епилог од повеќегодишниот спор меѓу поранешниот љубљански православен свештеник Жељко Лубарда и раководството на Српската православна црква (СПЦ). Веста за пресудата ја објави Српската православна ...
Србин, Србин-Американец или Хрват-Американец – националноста на Никола Тесла е интересна тема низ цела Европа, што го покажува мапата што покажува како се перцепира потеклото на големиот научник во која земја. Еден од најголемите светски умови, Никола Тесла е роден пред 170 години, а повеќе од еден и пол век подоцна, за животот на гениј кој му дал многу на светот сè уште се дебатира, особено кога станува збор за неговата националност. По ...
НАТО никогаш нема да ја прими Украина во Алијансата, изјави поранешниот премиер на таа земја – Микола Азаров, на својот канал на Телеграм. „Никој нема намера да ја прими Украина во НАТО ниту денес, ниту за 10 години. Зошто би им било потребно да примат земја што е уништена, корумпирана и каде што криминалот е на високо ниво?“ – напиша Азаров. Според него, ниту една земја од НАТО не добива толку многу финансиска помош, најсовремено оружје, ...
Француската влада за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби ORSEC како одговор на екстремната топлина! Овие мерки ќе бидат спроведени во сите департмани за кои е на сила највисокото, црвено ниво на предупредување поради топлотниот бран, објави портпаролката на владата Мод Брежеон. „Денес ќе го активираме планот ORSEC за екстремна топлина во сите департмани со црвено ниво на предупредување. Ќе отвориме центри за ладење за да се ...
Во големиот пожар што избувна денес во близина на градот Лос Гаљардос, во шпанската покраина Андалузија, најмалку 12 лица ги загубија животите, а 23 лица во моментов се водат како исчезнати, објави лидерот на Андалузија – Хуанма Морено. Морено изјави дека стотици пожарникари, припадници на армијата и полицијата се ангажирани во гаснењето на пожарот, пренесува Би-Би-Си. Тој истакна дека четири лица ги загубија животите во еден автомобил, а се ...
Доколку младите Европејци наскоро бидат исфрлени од социјалните медиуми, ќе мора да ѝ „заблагодарат“ на Урсула фон дер Лајен. Понеделникот носи клучен чекор во добро оркестрираниот напор на претседателката на Европската комисија за забрана на социјалните медиуми за младите луѓе низ цела ЕУ: објавувањето на експертски извештај за опасностите од социјалните медиуми за малолетници. Сепак, објавувањето на извештајот во понеделник нема намера да ...
Младата фудбалерка на ПАОК – Ана Марија Пантазони, загина во сообраќајна несреќа кога камион за собирање смет удри во мотоциклот на кој таа се возеше со својот татко. Додека таткото помина без повреди, неговата ќерка загина на самото место. Нејзиниот татко разговараше со грчкиот весник „Прототема“, при што директно го обвини возачот на камионот за несреќата и трагедијата. – Ми го убија детето! Камионот за смет нè удри одзади – изјави таткото ...
Возач на камион од Нови Пазар (Србија) е убиен во Бугарија. Според првичните информации, неговото тело е пронајдено покрај камион, а полицијата интензивно ги истражува околностите на овој трагичен настан. Бугарските власти го истражуваат случајот, а засега нема официјални информации. Според досегашните информации, телото на возачот е пронајдено покрај камионот, по што е започната истрага за утврдување на сите околности на смртта. Повеќе ...
Бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер, извојува вечерва полуфинална победа над најтрофејниот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и во неделното финале на Вимблдон ќе игра против Германецот Александер Зверев. Во репризата од ланското полуфинале на лондонскиот грен слем турнир, Синер доминираше против Ѓоковиќ и беше сè посигурен како што одминуваше натпреварот. Во првиот сет, Синер не му ...
Четири лица загинаа, а 13 се повредени денес во напад на руските сили, кои фрлија седум авионски бомби врз Краматорск, изјави локален украински функционер, пренесе „Укринформ“. Како што на каналот „Телеграм“ соопшти началникот на воената управа на Доњецката област, Вадим Филашкин, меѓу загинатите има и 14-годишно момче. Според него, Русите фрлиле седум авионски бомби врз Краматорск и Биленка, при што една погодила станбена зграда, една ...
За време на полициска интервенција поради пријавено семејно насилство на островот Угљан во Хрватска, се случи сериозен инцидент во кој тешко e повредена полицајка. Според досегашните информации, при влегувањето во семејната куќа, осомничениот маж ја нападна полицајката и ѝ нанесе повреда со нож во пределот на градите. По нападот, таа е итно пренесена во Општата болница во Задар, каде што ѝ е укажана лекарска помош, пренесува 24sata.hr. ...
Министерството за одбрана на САД денес го објави четвртиот пакет декласифицирани записи за неидентификувани аномални појави (UAP), во јавноста попознати како НЛО. Новиот пакет е објавен во рамките на системот PURSUE – американска иницијатива за обелоденување владини записи за средби со неидентификувани појави. The Creepiest UFO Video Ever Released By The White House 👽🛸🇺🇸 What is that thing? Is it an ALIEN? 😱 DOW-UAP-PR116, Unresolved ...
Голманските вештини не избледуваат со возраста, а легендарниот Франческо Толдо го докажа тоа синоќа во центарот на Милано. Поранешниот голман на италијанската репрезентација покажа дека неговите рефлекси се сè уште молскавично брзи, но овојпат не на фудбалскиот терен, туку во фаќањето крадци. Сè се случи во четвртокот, непосредно пред 20:00 часот, кога Толдо го паркираше својот скутер на една улица. Неговото внимание го привлече необична ...
Португалија доби нов селектор – искусниот Жорж Жезус го наследи Роберто Мартинез, што беше потврдено од Фудбалскиот сојуз. Новиот селектор веднаш беше прашан за статусот на Кристијано Роналдо, со кого има одличен однос. „Сè уште не сум разговарал со Роналдо. За мене, тој никогаш нема да биде проблем за репрезентацијата. Секој има право на свое мислење, а јас ќе разговарам со него приватно. Кристијано е симбол на Португалија“, изјави Жезус, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран побарал продолжување на преговорите со Соединетите Американски Држави. Трамп додаде дека Вашингтон му соопштил на Техеран оти смета дека примирјето е завршено. – Исламската Република Иран побара од нас да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека примирјето е завршено – напиша Трамп на социјалната мрежа ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...