Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид синоќа со специјализирано беспилотно летало со термална камера успеа да пронајде исчезнато лице, кое од непознати причини се упатило кон Студенчишкото Блато. Како што информираат од охридскиот Црвен крст, за првпат е употребено беспилотно летало во акција за пребарување на исчезнато лице. – Вчера, во 21:40 часот, Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид прими ...
Левица соопшти дека утре ќе одржи координативна средба со опозициските партии со цел усогласување на ставовите околу измените на Изборниот законик, со акцент на воведувањето на една изборна единица. Од партијата оценуваат дека владејачкото мнозинство се повлекло од процесот на подготовка на Изборниот законик и ја префрлило одговорноста врз опозицијата. Според Левица, ВМРО-ДПМНЕ го оптоварила процесот со прашањето за гласањето на дијаспората, ...
Педесет и петгодишен скопјанец се здобил со изгореници откако неговото возило се запалило додека било во движење на подрачјето на Чаир. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 јули 2026 година околу 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.Д. (55) од Скопје, додека го управувал своето возило, забележал пожар кој избувнал за време на движењето. Возачот успеал навреме да го напушти возилото, но при тоа се здобил со ...
Во скопската населба Центар ноќеска биле пријавени истрели од огнено оружје испукани од возило во движење. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули 2026 година во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење се слушнале истрели. Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен разговор со три лица. Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за ...
Четириесетгодишен скопјанец е пронајден починат во стан во општина Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јули 2026 година околу 18:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан е пронајдено безживотното тело на Ѓ.П. (40) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото извршен бил увид од полициски службеници, а по насоки ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. – На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Левица соопшти дека утре ќе одржи координативна средба со опозициските партии со цел усогласување на ставовите околу измените на Изборниот законик, со акцент на воведувањето на една изборна единица. Од партијата оценуваат дека владејачкото мнозинство се повлекло од процесот на подготовка на Изборниот законик и ја префрлило одговорноста врз опозицијата. Според Левица, ВМРО-ДПМНЕ го оптоварила процесот со прашањето за гласањето на дијаспората, ...
Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки. Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности. Во текот април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер постројка се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е ...
Актерката Александра Војводиќ Јововиќ од Црна Гора која во Сарајот во Ресен ја одигра претставата „Aurura Amoris“, според Владимир Мајаковски во режија на Горан Бјелановиќ, е годинешен добитник на фестивалското признание „Актерот на Европа 2026“, што го доделува истоимениот фестивал во Ресен. На синоќешното свечено затворање беше соопштено дека традиционалното фестивалско признание „Актер на Европа 2026“ на актерката Војводиќ Јововиќ и се ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се откажува од европската перспектива на државата и ја води Македонија кон изолација, оценувајќи дека Владата нема волја за спроведување на реформите неопходни за членство во Европската Унија. На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека Мицкоски со своите последни изјави потврдил дека е подготвен „со децении да чека покана“ за членство во ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата, предводена од СДС, Левица и ДУИ, дека го блокирала процесот за донесување на нов Изборен законик и дека не се залага за подобри изборни правила, туку за тоа законикот воопшто да не биде донесен. На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде усвоен со широк политички консензус. Според него, со месеци сите ...
Уставниот суд упати остри критики до политичките партии кои, според него, во изминатиот период се обидуваат да ја партизираат и политизираат неговата работа со цел да стекнат политички поени и поголема јавна видливост. Во соопштението Судот наведува дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во дневнополитички контекст и искористено за партиски пресметки, нагласувајќи дека меѓународната соработка претставува една од неговите ...
Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...
Поранешниот катарски емир шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, кој за време на своето владеење ја претвори малата заливска држава во еден од највлијателните светски актери во дипломатијата, медиумите и инвестициите, а потоа доброволно му ја предаде власта на својот син, почина на 74-годишна возраст, јавија катарските државни медиуми. Државната новинска агенција Qatar News Agency ја објави веста за неговата смрт, без да ја наведе причината. Шеикот ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам, еден од најистакнатите сојузници на претседателот Доналд Трамп, почина на 71-годишна возраст. Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, почина вчера „по кратка и ненадејна болест“, соопшти неговата канцеларија. „Семејството на сенаторот Греам им се заблагодарува на сите за нивните молитви и моли за приватност во овој исклучително тежок период“, се вели во соопштението. Според полициското аудио-снимка ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...
Соединетите Американски Држави извршија напади врз Иран, откако ирански напад врз пловило во Ормутскиот Теснец предизвика пожар на контејнерски брод и ја принуди екипажот да го напушти. Иран, според сè, возвратил со напади врз Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека во нападите погодила околу 140 цели, значително повеќе отколку во претходните два бранови напади. Меѓу целите ...
Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) го презема комплетното делегирање на истрагата на настанот што се случи вчера над Македонија со авионот Boing 737-800, кој оперирал како лет FR1879 за „Рајанер“ (Малта Ер), информираа вечерва за МИА од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).Согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), КИНСИВ претходно ...
Фудбалерите на Аргентина се последните учесници во полуфиналето на Светското првенство, откако во уште еден мундијалски трилер ја совладаа Швајцарија по продолженија со 3-1. Актуелните бранители на титулата за пласман во големото финале ќе се борат во среда од 21 часот во Атланта, каде ги чека историско, митско дерби против селекцијата на Англија. Швајцарците во Канзас Сити го дадоа и последниот атом од силите за да креираат една од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во општината Чешиново – Облешево, нагласи дека со смената на министерот за земјоделство нема да се решат проблемите во земјоделството, а новиот министер за земјоделство треба прво да одговори дали има бугарски пасош и резервна татковина. „До пред неколку месеци жестоко го бранеа министерот за земјоделство, на кој што ние му поднесовме интерпелација, која не помина во ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска во 12:37 часот е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото ...
Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, денеска им честиташе на припадниците на албанската полиција и нивните македонски колеги и на американските партнери на Дипломатската безбедносна служба (ДСС) за успешно реализираната акција, во која беа уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, барани од македонските власти. -Криминалот е послаб пред обединет фронт на агенции во земјата и странство и ...
Сопругата на 61-годишниот државјанин на Србија, кој беше повреден откако за време на лет на „Рајанер“ од Солун пукнал прозорец на авионот, ги опиша драматичните моменти во кои таа, една сопатничка и уште еден патник го држеле за да не биде исфрлен од леталото, пренесува грчката телевизија „Мега“. Мажот се наоѓа во болница и се опоравува од повредите и шокот. Неговиот идентитет не е објавен, а грчките медиуми ја објавија неговата фотографија. ...
Три лица се лишени од слобода, а вкупно четири пријави за семејно насилство имало во изминатото деноноќие – соопшти Министерството за внатрешни работи. Ноќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик. – Првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело ...
Писателот Владимир Арсенијевиќ беше нападнат денес во Белград од повеќе од 20 лица за време на подготовките за организација на комеморацијата на геноцидот во Сребреница, поради што овој настан беше откажан. Арсенијевиќ беше нападнат од група напаѓачи под Бранковиот мост, непосредно пред почетокот на планираната комеморација на жртвите од геноцидот во Сребреница. „Кога дојдов тука утрово, ме пречека група од 20-30 лица кои ме удрија, ми се ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека власта нема никаква стратегија за модернизација на државата, но затоа целосно се фокусира на манипулација со гласовите преку воведување нов модел за гласање на дијаспората. „Многу е интересно тоа што гледате власта како одржува сè да биде вака, без никаков прогрес тука во државата. И нема никаков напредок во ниту еден сектор, во ниту една сфера во државата. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно. -Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во ...
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС. Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински. СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ. Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира. Ако Венко сега бара експертска група ...