Две лица загинаа, а шест беа повредени во ноќен напад на руските трупи во Киев, вклучувајќи и едно 16-годишно момче, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. – Две лица загинаа во Киев како резултат на непријателски напад. Шест жители на главниот град беа повредени, вклучувајќи едно 16-годишно момче, напиша Кличко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Според него, тројца од повредените лица се хоспитализирани. Како што е ...

Јеменските бунтовници Хути се подготвуваат да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб, во координација со Иран, во обид да го зголемат притисокот врз глобалната економија и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денес британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори. Според весникот, планот вклучува воспоставување контрола врз двете страни од теснецот Баб ел-Мандеб, еден од најважните поморски премини во светот, ...

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, изјави во понеделник претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез. Тој рече дека бројот на повредени лица во земјотресите од 24 јуни останал непроменет на 16.740, објави Ројтерс. Родергез рече дека 17.907 лица останале без покрив над главата. Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, изјави во ...

Европската Унија ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Киев со оружје, изјави Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума. Причината за оваа реакција е најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ и Украина планираат да започнат партнерство во одбраната и индустријата за зголемување на производството на беспилотни летала. Според рускиот функционер, овој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор со САД, но дека Вашингтон ќе одлучи дали ќе го стори тоа, а истовремено рече дека Техеран „треба да се однесува правилно“. На прашањето на новинарите дали на Иран му е даден рок пред САД да започнат напади врз ирански мостови, Трамп рече дека не сака да поставува рокови, објави Ројтерс. „Не сакам да давам рокови, но тие генерално знаат каква е ситуацијата. ...

Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција. Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра. – Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн имал врски со највисоките нивоа на американската и израелската разузнавачка служба, додавајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп направила грешки во начинот на кој ги објавила документите поврзани со Епштајн и оценила дека целиот процес бил лошо управуван, особено во однос на комуникацијата со јавноста. Венс во подкастот ...

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на ...

Јавното обвинителство на РСМ информира дека предметниот јавен обвинител Марија Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.03.2024 година. Од Обвинителството информираат дека во конкретниот предмет, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје било извршено ново супервештачење од областа на економско, финансиско, ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет! Oчигледно, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија, велат од Левица. – Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по правило) ...

Поради политиката на Мицкоски на изолација, блокирање на реформите и кочењето на европскиот пат, Македонија губи милијарди евра европски пари. Не се губат 4 милиони евра поради Изборниот законик, милијарди евра се губат, се губи стратешката цел, иднината се губи поради закочениот европски пат. Додека Македонија тапка во место другите земји од регионот напредуваат и ги користат придобивките од европската интеграција. Црна Гора веќе обезбеди ...

Врховната рада на Украина го назначи Сергеј Корецки за нов премиер, поддржувајќи го предлогот на претседателот Володимир Зеленски со 289 гласа (од 450), објави денес Укринформ. Сергеј Корецки (48) е четвртиот премиер за време на мандатот на Зеленски, наследувајќи ја Јулија Свириденко, чија оставка беше прифатена од парламентот на 14 јули, што автоматски доведе до оставка на целата влада. Новиот премиер е роден во Луцк и поголемиот дел од ...

Секоја канцеларија има свои непишани правила. Не ги пишува во договорот за работа, ниту ги има во прирачникот за вработени, но сите ги знаат. Особено во лето. И тоа не е само чувство. Според истражувањето Captivate Office Pulse, продуктивноста на работното место во летните месеци може да се намали и до 20%, додека за завршување на проектите може да биде потребно и до 13% повеќе време. Повисоките температури, годишните одмори и променетата ...

Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни ...

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи при Царинската управа спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Како што соопшти Царинската управа, против возачот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, а вијалите се запленети. Станува збор за косовски ...

Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена истрага и ...

Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. – Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските воздушни напади врз Иран ќе продолжат во наредните денови, предупредувајќи дека тие ќе станат сè поинтензивни доколку Техеран не се согласи на договор, додавајќи дека во моментов не сака да преговара со Иран. Американскиот претседател, исто така, изјави дека контактите меѓу двете страни не се прекинати и дека иранските претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор. ...

Главниот преговарач на Иран и претседател на парламентот, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Иран нема причина да се придржува до меморандумот за разбирање со САД ако не има корист од договорот, нагласувајќи дека националната безбедност на Техеран зависи од зачувувањето на „иранските аранжмани“ во Ормутскиот теснец. Калибаф во изјава објавена на Телеграм рече дека пристапот на Иран кон војната со САД и преговорите за нејзино завршување мора ...

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат, велат од СДСМ. – Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е. Претходно, на граничниот ...

Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство кој се однесува на даночно затајување од страна против новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот, откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 ...

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. – Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, ...

Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони ...

МРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра, се вели во соопштението од СДСМ. – Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. – СДС и ДУИ со години наназад ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американската државјанка Дена Карари, на која ѝ е забрането да го напушти Иран од 2024 година, е ослободена и се враќа во Соединетите Држави. „Таа сега е безбедна и здрава надвор од Иран“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, заблагодарувајќи му се на Иран за нејзиното ослободување, објави CNN. Идентификацијата на Карари ја потврди нејзиниот адвокат, Џаред Генсер, кој рече дека ...

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на државниот пат ДЦ-54 во близина на Обровац, соопшти задарската полиција. Несреќата се случи на раскрсница во близина на поранешната фабрика за алуминиум, соопшти полицијата. Според првичните информации, се судрија две патнички возила. Две лица почина од повредите, додека две други лица се пренесени со амбулантно возило во Општата болница во Задар, каде што им била укажана лекарска помош. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34