Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека извршила успешни напади врз складишта за гориво и муниција во воздухопловната база „Принц Хасан“ во Јордан, како и врз американски цели во Бахреин и Кувајт. Во соопштението се вели дека целите во Јордан биле погодени со прецизни ракетни напади како дел од одмаздничка операција против американската воена инфраструктура во регионот, објави иранската државна телевизија „Прес ТВ“. ...
Иран лансираше 10 балистички ракети кон американскиот команден центар на Блискиот Исток, како и кон американската воздухопловна база Ал-Азрак во Јордан, објави Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК). „Како резултат на лансирањето на 10 балистички ракети, погодени се непријателскиот команден и контролен центар на Блискиот Исток и воздухопловната база Ал-Азрак во Јордан “, се наведува во соопштението на ИРГК, пренесено од ИРНА. ...
Револуционерната гарда на Иран соопшти дека во базата „Џуфер“, недалеку од главниот град Манама, биле цел на напади складиште за оружје, центар за сателитски комуникации и зграда во која се сместени американските сили Сирените за воздушна тревога во Бахреин изминатата ноќ се огласиле во три наврати, поради иранските одмазднички напади на новите американски удари врз цели на иранска територија. Властите во Бахреин, каде што е стационирана ...

