Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен синоќа беше во целосен прекин повеќе од еден час, откако во близина на пистите беа забележани еден или повеќе дронови кои летале неовластено, предизвикувајќи голем безбедносен ризик. Како резултат на инцидентот, најмалку 11 летови беа пренасочени кон други аеродроми, а голем број други беа одложени. Според извештајот на хрватски „Индекс“, аеродромот бил затворен за сообраќај вчеравечер, во периодот од ...
Дваесет и петгодишна девојка од Охрид вчера во полиција пријавила дека била физички нападната на своето работно место, а нападот, според нејзината пријава, е кулминација на подолг период на вознемирување од страна на напаѓачот. Полицијата интензивно трага по осомничениот А.Д. од Охрид. Според пријавата поднесена во СВР Охрид, физичкиот напад се случил на 29 септември, околу 22 часот, додека девојката била на работа. Нападот следувал по подолг ...
Државјанин на Македонија е најверојатно лицето кое загинало во силната експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во центарот на Белград, додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ, објавија српските медиуми. Според нивните извори, бомбата била наменета за ликвидација на нарко-дилер од Белград. Иако првичните информации беа дека експлодирала плинска боца, истрагата брзо ја отфрлила таа можност. ...
Владата денеска на Дигиталниот самит на Западен Балкан ја претстави новата национална супер-апликација m.Uslugi, амбициозен проект кој треба да ги смести сите државни услуги и лични документи на граѓаните во нивните мобилни телефони. Премиерот Христијан Мицкоски го најави проектот како „почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен“, додека министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, го нарече „револуција на ...
Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт против петмина турски државјани за нивната инволвираност во убиството на нивниот сонародник Енес Оздемир, кое се случи во кафуле во Штип во мај годинава. Еден од обвинетите се товари за директно извршување на убиството и за неовластено држење оружје, тројца за помагање во убиството, а една обвинета за помагање на сторителот по извршеното дело. Според обвинението, 21-годишниот ...
Oвeн – Tpигoнoт Meceчинa-Mapc ќe вe нaпpaви мaлĸy пoлoгични oвoj дeн и ќe знaeтe ĸaĸo дa ĸoмyнициpaтe и дa нajдeтe зaeдничĸи jaзиĸ co cитe. Aĸo cтe вo вpcĸa, cè ќe зaвиcи oд вaшeтo oднecyвaњe. Aĸo cтe apoгaнтни и нeтoлepaнтни, cитyaциjaтa ќe ce влoши. Биĸ – Oбидeтe ce дa бидeтe мaлĸy пopaзyмни aĸo caĸaтe дa пocтигнeтe xapмoниja. Aĸo cтe вo вpcĸa, мoжe дa ce нajдeтe вo нaпнaтa cитyaциja. Haмecтo дa виĸaтe и дa дoнecyвaтe ĸoнeчни oдлyĸи, дpжeтe ...
Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ...
Толпите се вратија. Минхенскиот Октоберфест го започна својот последен викенд. По работа, сите се сетија на Октоберфест Приливот на посетители беше толку голем во петокот што заврши по само неколку часа: Организаторите објавија дека Октоберфест е преполн. Октоберфест е затворен! Das Oktoberfest ist wegen Überfüllung geschlossen. Bitte fahrt nicht mehr zum Festgelände. Oktoberfest is closed due to overcrowding. Please refrain from travelling to ...
Околу 15 дронови беа откриени случајно над воена база во Елзенборн за време на рутинско тестирање на опремата за надзор. Петнаесет неидентификувани дронови беа забележани како летаат над воена база во источна Белгија во текот на ноќта во четврток, според извештаите на локалните медиуми. Дроновите беа откриени случајно за време на рутинско тестирање на опремата за надзор околу 1:45 часот наутро во петок над воената база Елзенборн, објави ...
Хамас вели дека се согласува да ги ослободи сите израелски заложници според планот на Трамп за Газа „под услов да се создадат услови на терен“. Исто така, рече дека е подготвен веднаш да започне преговори „Жив или мртов“ Хамас во петокот соопшти дека се согласил да ги ослободи сите израелски заложници, мртви или живи, според условите на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа и сигнализираше подготвеност веднаш да започне ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ја отвори брзата железница Нови Сад-Суботица без претходна најава за железничката инфраструктура која беше во фокусот на вниманието на српската јавност поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица. Вучиќ објави дека железницата долга 108 километри ќе биде отворена за товарен сообраќај од вечерва, а за патнички сообраќај од среда, и ...
Во експлозија што се случи вчера на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија. Според информациите од српските медиуми, тој загинал додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација. Се уште се чека официјална потврда на идентитетот. „Оперативните информации укажуваат дека бомбата била за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот ...
Канадскиот премиер Марк Карни ќе го посети американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната недела, беше објавено денес. Средбата се случува пред прегледот на договорот за слободна трговија и додека Трамп повторно ги разгорува разговорите за „51-ва држава“, а Канада се стреми да биде вклучена во неговата идна програма за ракетна одбрана „Златна купола“. Во соопштението, канцеларијата на Карни соопшти дека премиерот ќе отпатува во ...
Овој едноставен трик може значително да ги намали вашите трошоци. Со падот на температурите, многумина се прашуваат како ефикасно можат да ги намалат трошоците за греење на домот. Еден од наједноставните трикови вклучува нешто што веројатно веќе го имате дома: картонска кутија и алуминиумска фолија. Овој едноставен трик може да ја подобри ефикасноста на вашите радијатори и да ви помогне да заштедите пари. Сè што треба да направите е да поставите ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампања за локалните избори 2025 година се осврна на политичките пораки кои доаѓаат од политичкиот противник СДСМ, за кој рече на овие предизборни митинзи одвај успеваат неколкумина да се соберат. Мицкоски посочи дека ова раководство на СДСМ партијата ја сведе под биолошкиот минимум и дека после овие избори кај нив ќе следува реконструкција и промени за да ...
Група студенти и граѓани тргнаа на протестна прошетка од Министерството за надворешни работи до Дедиње, во правец на израелската амбасада, во знак на поддршка на студентот на Факултетот за ликовни уметности, Огњен Марковиќ, кој е меѓу активистите на еден од бродовите на хуманитарната флотила „Сумуд“ пресретната на пат кон Газа. Колоната ја предводат тапанари, јавува репортер на ФоНет. Колоната се движи по една лента на улицата „Кнежа Милоша“ кон ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на граѓанска во Струга рече дека богатството на Македонија е во соживотот, а вистински пример за соживот е Струга. Тој под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ испрати пораки дека верува дека стружани знаат да ја изберат вистинската страна и да покажат дека подеднакво треба да се негуваат негуваат различните култури и традиции и дека секој човек заслужува убав и достоинствен живот. „Нашиот дом не е само ...
Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики. Тој најави и развој на бесплатен софтвер за ...
На денешната 139. седница, Државната изборна комисија (ДИК) го утврди изгледот и содржината на гласачките ливчиња за претстојните локални избори. Како што изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, гласачките ливчиња ќе содржат податоци за општината, гласачкото место, кандидатите и подносителите на листи. Серискиот број ќе се наоѓа само на кочанот, за да се обезбеди анонимноста на гласот. Членовите на Комисијата го усвоија и прирачникот за ...
Вработените од фирмите „Флораком“ и „Луна“, ќерки-компании на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска повторно протестираа и од 10 до 12 часот го блокираа булеварот „Илинден“, поради неисплатена плата за август. Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски потсети дека платата требало да биде исплатена до 15 септември, но тоа сè уште не е реализирано. „Доколку и денес не се исплатат платите, вработените од понеделник повторно ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постави рок до недела за Хамас да се согласи на договор за прекин на војната во Газа, предупредувајќи „цел пекол“ против групата доколку не ги прифати условите. Во објава на Truth Social тој рече: „Договор мора да се постигне со Хамас до недела навечер во ШЕСТ (6) часот попладне, по време во Вашингтон. Секоја земја потпиша! Ако не се постигне овој договор ПОСЛЕДНА ШАНСА, цел ПЕКОЛ, каков што никој досега не ...
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од август 2023 година до август 2025, обвинетиот повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал ...
На 02.10.2025 во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин. При преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил ...
На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел ...
Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за авионски сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на летање, објави 24Инфо, повикувајќи се на извори од М-НАВ. Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) повторно ја активираше одлуката за штрајк, откако, како што наведуваат, менаџментот на М-НАВ не ги исполнил претходно дадените ветувања. Според нив, состојбата во претпријатието е загрижувачка, а ...
На 02.10.2025 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода. Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, ...
Општина Царево побара помош од војската поради комплицираната ситуација предизвикана од обилните врнежи од дожд, што доведе до поплави и прогласување вонредна состојба низ целата општина. До војската е поднесено барање за контролирана експлозија на устието на реката Велека со цел да се забрза одводнувањето на водата и да се спречат понатамошни поплави. Во селото Изгрев наврнаа над 410 л/кв.м. и 225 л/кв.м. во градот Царево, што предизвика обемно ...
Главниот град на Македонија и денеска се соочи со катастрофален сообраќаен метеж, претворајќи го попладневниот шпиц во вистински пекол за возачите. Километарски колони, градежни активности, па дури и протести, се само дел од причините кои Скопје повторно го турнаа на работ на сообраќаен колапс. Според мапата за состојбата во сообраќајот, која ја приложија граѓаните, најкритични се централните градски подрачја и главните сообраќајни артерии. Како ...
Во моментов останува непознато кога Судскиот совет ќе закаже седница на која ќе ја донесе конечната одлука за одговорноста на трите судијки од скопска Апелација кои постапуваа во случајот „Телеком“. Иако Врховниот суд веќе се произнесе по жалбите на судијките, финалниот збор го има токму Судскиот совет, кој треба да ги спроведе или преиначи сопствените одлуки. Во текот на денешниот ден испративме прашање до Судскиот совет со цел да се добијат ...