Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Пронајденото безживотно тело пријавено во петокот во полицијата во Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално, лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ...
Од утре, земјава станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што ќе овозможи граѓаните и компаниите да вршат плаќања во евра на ист начин како во земјите од Европската унија. – Почнувајќи од 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од СЕПА ќе бидат значително поевтини и побрзи – околу 6 пати! На пример, трансакција од 500€ која досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе изнесува околу 260 денари. „СЕПА значи побрзи, поевтини ...
Аргентина го направи најзначајното откритие на злато, сребро и бакар во последните три децении, објави „Индијан дефанс ривју“. Се проценува на околу 337 милијарди долари и се наоѓа во планинските делови на покраината Сан Хуан. Проектот се реализира од компании кои ја подготвуваат експлоатацијата на ресурсот и неговото пласирање на светскиот пазар. Иако Јужна Америка одамна е позната по својот богат рударски потенцијал, ова ново откритие во ...
Двојно убиство е извршено синоќа на кампинг во областа на едно крајбрежно село во регионот Месенија, Грција. Сопственикот на кампингот – локален жител на 68 години, е пронајден мртов на рецепцијата на објектот. Неколку метри подалеку е пронајден мртов и чуварот на кампингот – маж на околу 50 години, пријател на сопственикот, кој очигледно се обидел да избега, известува грчкото издание „Катимерини“. Според полицијата, непознат напаѓач влегол во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Виктор Орбан, во интервју за економскиот портал EconomX, изјави дека моменталната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој оцени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би било посакувано“ бидејќи гувернерот на централната банка Михајл Варга ...
Почетокот на оваа недела ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, која ќе донесе дожд и пониски температури низ целата земја. Во понеделник, вторник и среда (6–8 октомври) се очекуваат повремени врнежи од дожд, со дневни температури меѓу 13 и 14 степени, а утринските ќе се движат околу 11 степени. Од четврток (9 октомври) времето ќе се стабилизира, со делумно сончеви периоди и пораст на температурите — дневната ќе достигне до 19 степени, а ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на престижниот Мастерс во Шангај, но победата против Германецот Јаник Ханфман не дојде лесно. Во текот на целиот натпревар, Ѓоковиќ изгледаше исцрпено и видливо се мачеше на теренот, што делумно може да се припише на тешките услови за игра, за кои самиот се пожали претходно. Високата влажност и топлината во Шангај оставија трага врз најдобриот тенисер во светот. Djokovic a vomi ...
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што вели, „неоснованите обвинувања и лаги“ од страна на премиерот Христијан Мицкоски. „Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата што му ја нанесува на целиот државен систем,“ напиша Заев. Тој посочи дека неспособноста на Мицкоски да испорача резултати во која било општествена или ...
Националното студентско тело (НСТ) соопшти дека денеска официјално доставило барање до Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) за јасно разграничување на поимите „приход“ и „прилив“ при спроведувањето на мерката за субвенциониран студентски оброк. Во соопштението се наведува дека целта на барањето е институциите да направат разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки, со што ќе се ...
На натпревар од Третата фудбалска лига меѓу екипите на Фортуна и Пчиња, кој се одигра изминатиот викенд во Синѓелиќ, се случи тежок инцидент што заврши со физички напади и прекин на мечот. Натпреварот бил прекинат во 75. минута, при резултат 1-1, откако играчите на Пчиња одбиле да продолжат со игра по бруталниот напад врз нивниот голман, кој останал без свест и бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Куманово. Според информациите објавени од ...
Во Сиднеј се случи масовно пукање во кое беа ранети околу 20 лица, соопшти австралиската полиција. Инцидентот се случил на прометна улица во најголемиот град во Австралија и предизвикал голема паника меѓу граѓаните. Според првичните информации, напаѓачот вчера пукал кон случајни возила што минувале по улицата, меѓу кои имало и полициски автомобили. Се проценува дека испукал помеѓу 50 и 100 куршуми. Еден маж е во тешка состојба, а неколкумина се ...
Скопјани утрово повторно имаат вода, но снабдувањето сè уште е со намален притисок, по вчерашниот голем дефект во населбата Влае, кога поради пукната водоводна цевка значителен дел од градот остана без вода. „Одеднаш слушнавме силна експлозија, земјата и куќата се стресоа. Помисливме дека е земјотрес. Кога излегов надвор, видов дека целиот дел од улицата е разурнат, а парчиња асфалт летнале на сите страни. Потоа се појави огромна дупка – пукнала ...
Студениот бран кој ја погоди Македонија предизвика сериозен проблем за граѓаните. Имено, на пазарот речиси и да нема пелети за огрев. Оваа ситуација предизвикува голема загриженост кај илјадници скопјани кои своите домови ги затоплуваат токму со овој енергенс, кој беше промовиран како поеколошка и поекономична алтернатива. Екипите на терен потврдуваат дека вообичаените продажни места се празни, а големите магацини на увозниците и дистрибутерите ...
Повеќе краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во регионот на бунарите кај Лепенец предизвикаа три големи дефекти на главната водоводна мрежа, што доведе до прекин на водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје, соопшти денеска ЈП Водовод и канализација. Според објаснувањето на претпријатието, прекините на струја предизвикале нагли промени во притисокот на пумпниот систем, што резултирало со два дефекти истовремено ...
Овен Супер Месечината во вашиот знак ве прави магнет за внимание денес! Ова е ваш ден да го преиспитате вашиот идентитет и да донесете смели одлуки за личноста во која се претворате. Енергијата е експлозивна, но внимавајте да не ја насочите погрешно – изберете асертивна комуникација наместо импулсивна реакција. Нешто важно за вас доаѓа до кулминација. Бик Партнерствата се под лупа денес, а интензитетот на енергијата на Шкорпија бара искреност ...
На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 ...
Стотици алпинисти заглавени во метеж во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет се спасени од спасувачите, објавија кинеските државни медиуми во неделата, додека невообичаено обилни врнежи од снег и дожд ги погодија Хималаите. Во недела, 350 планинари стигнаа до градот Куданга, додека комуникацијата со преостанатите повеќе од 200 планинари беше воспоставена, објави CCTV. Посетителите на оддалечената долина Карма, која води до ...
Ролан Лескир, близок сојузник на францускиот претседател Емануел Макрон, е именуван за нов министер за финансии во новата влада предводена од премиерот Себастијан Лекорну, објави Елисејската палата во неделата. Поранешниот министер за финансии Бруно Ле Мер е именуван за министер за одбрана. Неколку клучни министри ги задржаа своите позиции, вклучувајќи го Жан-Ноел Баро како министер за надворешни работи, Бруно Рејло како министер за внатрешни ...
Членовите на изборните колегиуми на Сирија се собраа во неделата за да гласаат за нови претставници, пресвртница за земјата по падот на претседателот Башар ал-Асад и голем тест за инклузивноста на сегашната исламистичка влада. Индиректното гласање доаѓа во време кога претседателот Ахмед ал-Шара, кој ја презеде власта во бунтовничката офанзива со која беше соборен Башар ал-Асад во декември, се обидува да ја консолидира својата контрола врз ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека вечерва е регистриран сериозен дефект на главната водоводна цевка со дијаметар Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае. Поради овој дефект, голем дел од градот ќе остане без вода, додека во останатите делови водоснабдувањето ќе се одвива со значително намален притисок. „Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности,“ соопштија од ...
Голем дефект на водоводната мрежа вечерва предизвика поплава во скопската населба Влае. Жителите на Влае пријавуваат дека нивните улици се целосно под вода, а во некои згради водата навлегла и во подрумите. Се претпоставува дека станува збор за руптура на цевка со големина f600 или f400, што може да предизвика сериозен прекин во водоснабдувањето во поширокиот дел на градот. Доколку дефектот е поголем, можно е без вода да останат делови од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанска трибина под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа вечерва во Берово зборуваше за еден од спотовите на партијата на власт. „Промените не доаѓале одеднаш“, ова за Филипче значи едно дека граѓаните ќе се изначекаат подобар живот. „Го слушам Мицкоски во еден од спотовите за кампањата вели „промените не доаѓале одеднаш“ и дека „требало трпение – чекор по чекор“. „Мицкоски, една работа ...
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во неговиот дуел против Германецот Јаник Ханфман и истакна дека било тешко да се игра поради влажноста на Мастерсот во Шангај. Српскиот ас се пласираше во осминафиналето на овој турнир од серијата 1000, откако денес го победи Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3 во третото коло. Тој продолжи со својата анализа на натпреварот. На крајот, Новак уште еднаш им ...
Најмалку две лица беа убиени, а 14 повредени во масовно пукање во Монтгомери, Алабама, во саботата навечер, по локално време, објави „Њујорк пост“. Меѓу загинатите има жена и најмалку две деца се повредени, од кои едно се здоби со повреди опасни по живот, изјави началникот на полицијата во Монтгомери, Џејмс Грабоа, за „Монтгомери адвертајзер“. Трагедијата се случила во прометна туристичка област во центарот на градот, веднаш по фудбалскиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази длабоко сочувство до бугарскиот народ поради катастрофалната поплава што ја погоди соседната земја. „Веста за катастрофалната поплава длабоко ме вознемири мене и сите македонски граѓани. Солидарни сме со вас и со бугарскиот народ. Жалиме за жртвите и на нивните најблиски им изразуваме искрено сочувство. Со вас сме во овие тешки моменти и ги доживуваме како свои,“ напиша претседателката на ...
Денеска беа организирани спасувачки операции за да се обезбеди пристап до камповите на тибетската источна падина на Монт Еверест, каде што снежна бура, според кинеските државни медиуми, блокирала патишта и заробила речиси 1.000 луѓе таму, додека во Непал 47 лица загинаа поради временските услови. Стотици локални жители и спасувачки екипи се распоредени за да помогнат во расчистувањето на снегот, блокирајќи го пристапот до областа, која се наоѓа ...
Спасувачите од Словенечката планинска служба за спасување (GRZS) успеаја да стигнат до местото на лавината што затрупа тројца хрватски планинари во неделата на планината Тошќ во Јулиските Алпи, и по нив се трага, објавија словенечките медиуми, повикувајќи се на GRZS. Во многу тешки услови, со половина метар новонападнат снег, околу 60 членови на GRZS учествуваат во спасувачката операција, со екипи од Бохињ, Радовљица и Јесенице. Според ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на улицата „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило. Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци ...
Пожар избувна во куќа во Владиславци во саботата попладне, потврди Противпожарната служба Чепин. Пожар избувна во семејна куќа во Владиславци вчера околу 17:39 часот, а Противпожарната служба Чепин доби пријава дека внатре има деца. Пред да пристигнат пожарникарите, двајца храбри соседи успеаја да ги спасат децата од запалената куќа, што пожарникарите особено ги пофалија. На местото на настанот излегоа повеќе од 20 пожарникари со шест возила: ...