Судскиот совет ќе ја донесе конечната одлука за одговорноста на трите судијки од скопска Апелација, кои постапуваа во случајот „Телеком“, дури по завршувањето на локалните избори. Оваа одлука за одложување е формализирана преку заклучок донесен од Советот, со што се става на чекање разрешницата на еден од најекспонираните судски случаи во јавноста. По претходно испратеното прашање за динамиката на постапување, Судскиот совет ни достави ...

Сценарио кое звучи како нешто од филмот „Д-р Стрејнџлав“, кое вклучува испукување на три нуклеарни ракети кон истата цел, неодамна стана предмет на сериозни воени истражувања во Кина. Кинеската војска спроведе минијатуризиран лабораториски експеримент за прецизно да ја процени степенот на штета од таков напад, пишува Футуризам. Иако заклучокот дека повеќекратните удари предизвикуваат значително поголемо уништување од една детонација изгледа ...

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на Единствената зона за плаќања во евра (SEPA), со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на SEPA под исти услови како и во Европската Унија. Денес, со започнување на практичната примена за полесни, побрзи и поевтини трансакции во евра, Северна ...

На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје. Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот ...

Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот евро-платежен простор) регионот. Европскиот совет за плаќање има одобрено апликациите на 9 домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери коишто се оперативни во СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот на годината. „Ова значи дека земјава практично станува дел од Единствената ...

Од денеска, граѓаните и компаниите во Северна Македонија ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра со земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА (Единствена област за плаќање во евра) на побрз, поевтин и поедноставен начин. Оваа долгоочекувана промена доаѓа откако земјата и официјално се приклучи на СЕПА зоната, што претставува значаен чекор во интегрирањето на македонскиот финансиски систем со европскиот. Главни придобивки за ...

На денешен ден, пред две години, Хамас изврши напад врз кибуц во Израел за време на фестивал, што ја предизвика војната во Појасот Газа. Израелската војска утрово соопшти дека од северниот дел на палестинската територија е испален проектил. Нема непосредни извештаи за жртви. Ракетата е детектирана откако се огласиле сирени во Нетив ХаАсара, во јужен Израел, недалеку од границата со Појасот Газа, се вели во соопштението на армијата. Неколку ...

Предраг Шука, хрватски планинар кој наскоро ќе го заврши својот докторат на тема пресметка на ризик во планинарењето на Алпите, синоќа беше гостин на RTL Direkt. Дали некогаш сте се сретнале со лавина? Како изгледа? Да. На почетокот е страшно бидејќи сите закони на кои сте навикнати, а тоа се напредок и одење, пропаѓаат бидејќи лавината едноставно ве влече назад со свое темпо, од каде што сте дошле. Дали има нешто што човек може сам да го ...

Балоните што носеа илјадници кутии цигари ги прекинаа летовите во Литванија, принудувајќи го аеродромот во Вилнус да се затвори со часови. Националниот центар за управување со кризи (NCMC) за Би-Би-Си изјави дека 25 метеоролошки балони биле откриени како влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, а два од нив завршиле директно над аеродромот. Аеродромот соопшти дека затворањето довело до откажување на 30 летови, што влијаело на 6.000 патници. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти кои се обидоа да ја пробијат поморската блокада на Газа. „Таа е само проблем. Таа е проблем, има проблем со управувањето со гневот, мислам дека треба да посети лекар“, рече Трамп, осврнувајќи се на шведската активистка. Како што вели, Грета повеќе не се грижи за животната средина, туку сега го прави ...

Нобеловата награда за физика ќе биде доделена денес, објави Кралската шведска академија на науките, еден ден откако тројца научници беа признати за нивниот придонес во медицината. Наградата, доделена 118 пати од 1901 година, досега им припадна на 226 лауреати, објави денес АП. Минатогодишните добитници беа пионерите на вештачката интелигенција Џон Хопфилд и Џефри Хинтон, кои ги поставија темелите за развојот на машинското учење. Во понеделник, ...

Овој викенд, полицајците низ Хрватска имаа полни раце работа со возачи кои возеле пијани. Можеби највпечатлив случај е 42-годишната жена во Шибеник која беше запрена од полицијата откако возела километри, дури и низ тунел, во автомобил со отворен багажник, но и без предните и задните десни гуми! – Инспекцијата утврди дека возачката управувала возило додека имала забрана за управување со моторно возило од категорија „Б“ и со концентрација на ...

На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс падна малку во понеделник, додека S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни максимуми, благодарение на растечките цени на акциите во неколку технолошки компании кои развиваат вештачка интелигенција. Индексот Дау Џонс падна за 0,14 проценти на 46.694 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 проценти на 6.740 поени, а композитниот индекс Насдак порасна за 0,71 процент на 22.941 поен. Цената на акциите ...

Бразилскиот гатач Атос Саломе, популарно познат како „Живиот Нострадамус“, предупреди на радикални промени во глобалната рамнотежа на моќ по „невидениот“ воен состанок во Соединетите Држави, објави Дејли Меил. Според 39-годишниот видовњак, кој претходно ја предвиде пандемијата COVID-19, затворањето на „Мајкрософт“ и смртта на кралицата Елизабета Втора, неодамнешниот состанок на американските генерали би можел да биде „точка од која нема враќање“ ...

Драматична спасувачка операција е во тек на врвот Шишапангма во Тибет, откако две големи лавини затрупаа повеќе алпинисти, при што најмалку две лица загинаа, а две се водат како исчезнати. Меѓу настраданите се две американски алпинистки кои биле ривалки во трката да станат првата Американка што ги искачила сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри. Според грчкиот портал „in.gr“, кој се повикува на извештаите од терен, потврдена е смртта на ...

Акционерот ОИЛКО КДА Скопје го зголеми својот сопственички удел во нафтената компанија „Макпетрол“ АД Скопје на 25,32%, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од најголемите поединечни акционери, беше објавено денеска на Македонската берза. Според известувањето доставено согласно правилата за котација, ОИЛКО КДА се стекнал со нови 74 обични акции од „Макпетрол“. Со оваа последна трансакција, компанијата сега поседува вкупно ...

Приватните автобуси се враќаат на улиците односно ќе возат според редовен возен ред. Превозниците велат дека ЈСП Скопје вчера попладне им извршило уплата од по 6 милиони денари на трите компании. Како што велат, сумата не е голема, но важно е што имало уплата со цел да продолжат со работа. „Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по координација со превозниците решивме да се вратиме на терен. Овие средства ќе бидат доволни ...

Три лица се наоѓаат во критична состојба откако хеликоптер се урна во средата наутро во близина на градот Термал, во округот Риверсајд, Калифорнија. Според Противпожарната служба на округот, сите три лица морале да бидат извлечени од остатоците на леталото. Несреќата се случила во оддалечена земјоделска област. Станува збор за хеликоптер од типот „Bell 429“ кој бил на тренажен лет во моментот на падот. Ударот предизвикал и мал пожар на површина ...

Цените на становите во Македонија достигнаа нов рекорден врв, со драстичен скок од над 25 отсто во третиот квартал од годинава, споредено со истиот период минатата година. Ова претставува едно од најголемите поскапувања на пазарот на недвижности во поновата историја, што дополнително го отежнува решавањето на станбеното прашање за голем број граѓани. Растот од над 25 проценти за само една година е показател за континуираната тенденција на ...

Oвeн – Дeнoт e дoбap зa интeлeĸтyaлнa и ĸpeaтивнa aĸтивнocт. Eмoциoнaлнaтa пoзaдинa e нeпoвoлнa и тoa мoжe дa влиjae и нa дeлoвнитe и нa личнитe oднocи. Heтpпeливи cтe и избyвливи, чecтoпaти зaпoчнyвaтe pacпpaвии зapaди pacпpaвии. Биĸ – Бидeтe внимaтeлни вo yтpинcĸитe чacoви – cитe мaнифecтaции нa твpдoглaвocт, aгpecиja и ceбичнocт мoжaт дa дoнecaт нeпpиjaтни пocлeдици. Πocтeпeнo вo тeĸoт нa дeнoт, пoзитивнитe тpeндoви ќe дoбиjaт нa интeнзитeт и ...

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне ...

Вечерва во Скопје се одвивала вистинска филмска бркотница која завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот „ренџ ровер“, кој претходно избегал од неколку полициски обиди за запирање. Според првичните, неофицијални информации, за време на потерата се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје. На видеоснимки што кружат на социјалните мрежи се гледа ...

Судијата на Апелациониот суд во Тирана, Астрит Калаја, беше застрелан во судницата. Нападот се случил околу 15:40 часот, додека судијата изрекувал пресуда во спор за имот. Тој бил застрелан од 30-годишниот Е.Ш., учесник во постапката, испукајќи три истрели во срцето. Албанските медиуми јавуваат дека обезбедувањето на влезот не успеало да го спречи сторителот, па Е.Ш. влегол вооружен во зградата. Откако ја слушнал одлуката, која, според него, ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за воена зона за да може да испраќа војници таму, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите. „Тоа е воена зона. Неговиот град е воена зона, а тој лаже за криминалците да можат да влезат и да уништат животи на луѓе“, изјави министерката за внатрешна ...

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека се неопходни реформи, ресет на системот кој ќе донесе подобар живот и владеење на правото. Мицкоски истакна дека судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да ...

Шпанија го потврди својот прв случај на заразна болест на јазлеста кожа на фарма за добиток во Каталонија и ќе започне со уништување на животните за да се спречи нејзиното ширење, соопштија шпанските и каталонските власти за време на викендот. Болестата болест на јазлеста кожа е откриена на фарма со 123 млечни јуници во Кастело д’Емпуриес, Жирона, откако три животни покажаа симптоми на 1 октомври, соопшти шпанското Министерство за земјоделство. ...

Вистинска инспирација на годинашниот Виз Ер Скопски маратон беше 72-годишниот Благоја Ацковски од Скопје, познат меѓу тркачите како Бале Брзи. Иако на возраст кога многумина одамна би се повлекле од спортските предизвици, Бале покажа дека љубовта и упорноста немаат граници. Облечен во традиционална македонска носија, тој ја истрча маратонската патека долга 42 километри со време од 3 часа, 59 минути и 24 секунди. Со секој изминат метар, Ацковски ...

„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не ...

Во Египет започнаа преговори кои би можеле да ја завршат војната во Газа. Делегации од Израел и Хамас ќе преговараат, преку медијатори, за планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп. Самиот Трамп се надева дека може да се постигне договор во рок од неколку дена. На Црвеното Море, во популарната туристичка дестинација Шарм ел Шеик, се договараат деталите за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Чад се издига над Газа, а ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
82%
1022
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1025
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
7.89
77%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
90%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
82%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
9.26
76%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.02
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.36
76%
1023
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 13ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225