Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната среда ќе пристигне во посета на Скопје. Официјалната агендата уште не е соопштена, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв. Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија. На шефицата на ЕК денеска и претходеше министерката за Европа ...

Цените на златото надминаа 3.900 долари за унца на глобалните пазари, што одразува загриженост на инвеститорите во врска со затворањето на американската влада и очекувањата дека американската централна банка повторно ќе ги намали клучните каматни стапки за да ја поддржи вработеноста. На физичкиот пазар, унца злато вредеше 3.943,01 долари напладне, што е зголемување од 1,5 проценти во однос на затворањето на крајот од минатата недела. Цената на ...

Израелските власти депортираа 171 активист кои претходно беа заробени додека се обидуваа да влезат во Газа за да достават хуманитарна помош. Меѓу нив е и српскиот студент Огњен Марковиќ. Шведската активистка Грета Тунберг и 170 членови на флотилата „Глобал Сумуд“ полетаа од аеродромот „Рамон“ во јужен Израел, на пат кон Грција и Словачка, соопшти Министерството за надворешни работи, според „Тајмс оф Израел“. Се наведува дека тие биле депортирани ...

Оние што се закопани од лавина имаат шанса за преживување, но буквално секоја минута е важна, како и со колку снег е покриен човекот. Лавините не се толку ретки и често им одземаат животи на алпинистите и планинарите. Стапката на смртност кај сите што се зафатени од лавина е 23 проценти, додека стапката на смртност кај оние што се целосно закопани е 52 проценти, а кај оние што се делумно закопани е 4 проценти, пишува Дарио Швајда од Хрватската ...

Секој што купил телефон на Samsung или Apple помеѓу 2015 и 2024 година би можел да добие надомест доколку колективната тужба против технолошкиот гигант Qualcomm биде успешна. Потрошувачката група Which? поднесе тужба во име на околу 29 милиони корисници на телефони. Which? тврди дека Qualcomm го прекршил законот за конкуренција на Велика Британија со искористување на својата доминација на пазарите за лиценцирање патенти и чипсети. Тврди дека ова ...

Млад маж на возраст од 25 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралата Кичево-Охрид. Полицијата информира дека на вчера (05.10.2025) околу 6.30 часот е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од селото Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери. Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање. Претседателот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, ...

Астрономите велат дека скитничката планета проголтува прашина и гас со брзина од шест милијарди тони во секунда – однесување што нормално се забележува кај ѕвездите. Шестотини и дваесет светлосни години од Земјата, млада скитничка планета поминува низ извонреден период на раст. Астрономите открија планета наречена Ча 1107-7626, која цица гас и прашина од околниот диск со брзина од шест милијарди тони во секунда, што е рекорд за планета со ...

Високи нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето, се пронајдени во црвените пиперки. Опасностите од метомилот се потврдени со бројни претходни научни студии, па затоа неговата употреба е забранета во Европската Унија. Кога се консумира во високи дози, метомилот може да предизвика оштетување на црниот дроб и бубрезите. Како што објави Европската агенција за безбедност на храната, кај свежите црвени пиперки увезени од ...

Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци. Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата ...

Пред Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава, со која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по признание на вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“. Обвинителството побара преиначување на пресудата и изрекување ...

Најмалку 15 милиони тинејџери на возраст меѓу 13 и 15 години користат електронски цигари низ целиот свет, при што младите во просек имаат девет пати поголема веројатност да пушат електронски цигари од возрасните, објави денес Светската здравствена организација (СЗО). Во својот прв глобален извештај за употребата на електронски цигари, СЗО соопшти дека повеќе од 100 милиони луѓе низ целиот свет сега користат електронски цигари, вклучувајќи ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија треба да се повлече од Евровизискиот натпревар во 2026 година доколку Израел биде исклучен од натпреварот. На прашањето дали Германија доброволно би се откажала доколку организаторите на Евровизискиот натпревар одлучат да му забранат на Израел учество, Мерц изјави за телевизијата АРД дека ќе го поддржи тоа, објави Цајт. „Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за ова. Израел ...

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, најави дека во текот на неговиот втор мандат, јавниот превоз во Тетово ќе биде целосно бесплатен за сите граѓани. Тој нагласи дека овој чекор ќе се спроведе без финансиски товар на граѓанинот, додека целта е Тетово да стане модерен и достапен град за сите. „Го правиме јавниот превоз целосно бесплатен за граѓаните, претворајќи го во вистинска јавна услуга, во служба на градот и животната средина“, ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година. Корисниците кои поседуваат дебитни картички веќе од денес можат да подигнат готовина од банкоматите или да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажните објекти, како и преку електронско и мобилно банкарство. Од Министерството информираат дека, со цел да ...

Биткоинот првпат во своите 17 години ја надмина вредноста од 125.000 долари, соборувајќи историски рекорд. Цената на најголемата криптовалута скокна на нов рекорд за време на азиското тргување, со речиси 50 милијарди долари промет во последните 24 часа, според податоците на CoinGecko. Како што сè повеќе инвеститори купуваа и ја покачуваа цената, во само еден час пропаднаа речиси 100 милиони долари обложувања на пад на вредноста на Биткоинот, ...

Продажбата во Македонија започнува од 20 октомври Телеком го проширува своето семејство уреди со вештачка интелигенција (AI уреди) со нов модел, AI-phone Pro кој ќе биде достапен од 20 октомври во Македонија. Моделот Pro, има моќна поддршка од вештачка интелигенција со помошникот Perplexity и интеграција на Picsart во камерата. Покрај тоа, тој се одликува со подобар хардвер, проширени функции и висока Еко-оценка. Со AI-phone Pro, AI-phone и ...

Масовна потрага е во тек во бугарскиот град Царево по исчезнат метален сеф од локална компанија, кој наводно содржел два милиони лева и златни прачки. Плажите се затворени за јавност, багери копаат песок, а нуркачите го истражуваат морското дно. Полицијата ги спречува цивилите да учествуваат во пребарувањето. Според локални медиуми, првите индиции за појава на банкноти се појавиле на една од градските плажи по катастрофалното невреме кое ...

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи. „Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството ...

Калуѓерки кои работеа во католичко училиште во Калифорнија признале дека проневериле околу 500.000 долари за да се коцкаат во Лас Вегас. Сестрите Мери Крупер и Лана Чанг краделе пари од донации и од платена школарина. Мери била директорка 29 години, додека Лана 20 години била наставничка во училиштето. Се верува дека кражбите траеле повеќе од 10 години, пренесува српската „Политика“. Двете неодамна се пензионирале. Училиштето соопшти дека ...

Од МНР информираат дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Според информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот е во надлежност на Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за ...

Приватните превозници најавија дека денеска нема да сообраќаат, наведувајќи дека не им е исплатена поголемата сума која, како што тврдат, им се должи. Тие дадоа рок до утринава до 9 часот за исполнување на нивните барања. Се жалат дека немаат доволно средства за нормално вршење на работата, која ја извршувале и во ситуации кога, како што велат, ЈСП не можело поради недостаток на нафта. Според нив, во петокот по расправијата со директорот на ЈСП, ...

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе поевтинуваат сите видови горива. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари. За исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+, кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари, што претставува намалување од 1 денар. Поевтинување има и кај екстралесното масло за домаќинство, кое од утре ќе се продава по 68 денари, односно за 1,5 ...

Како што светските тензии растат, многумина аналитичари се прашуваат дали сме на работ на Третата светска војна. Иако војна од големи размери сè уште не започнала, многу држави, вклучително и европските, се подготвуваат за најлошите сценарија. Стручњаците сметаат дека главната предност на САД во такви случаи е комплексот во Чајен Маунтин, еден од најсигурните и најтајните бункери во светот. Тој е проектиран така што овозможува функционирање на ...

Силна снежна бура ги погоди падините на Монт Еверест во Тибет, автономниот регион на Кина, и во тек е потрага по повеќе од 200 планинари кои беа заглавени таму, објавија кинеските медиуми блиски до владата. Спасувачките екипи успеаја да стапат во контакт со секој од нив. Досега се пронајдени 350 лица и однесени на безбедно место. Многу туристи тргнаа да ја искачат источната страна на Монт Еверест за време на викендот, почетокот на Златната ...

Првата полна Месечина од оваа есен пристигнува денес! Иако секоја полна Месечина означува кулминација и крај на еден циклус, оваа е особено моќна – таа делува како последен чин на моќното затемнување на Сонцето во знакот на Девица на 21 септември, со што завршува втората сезона на затемнувања во 2025 година. Со други зборови, оваа полна Месечина е космичкиот момент на затворање на едно поглавје и покана за свесно влегување во новата сезона, ...

Пронајденото безживотно тело пријавено во петокот во полицијата во Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално, лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
82%
1022
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1025
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
7.89
77%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
90%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
82%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
9.26
76%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.02
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.36
76%
1023
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 13ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225