Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Најмалку две лица го загубија животот, а три други се во сериозна состојба по брутален напад што се случи пред синагога во Манчестер, северна Англија, на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Британската полиција соопшти дека осомничениот напаѓач е застрелан и се верува дека е мртов. Трагедијата се случила во населбата Крампсал, северно од градот, кога напаѓачот најпрво со автомобил влетал во група граѓани, по што излегол и избодел ...
Двајца повозрасни граѓани на Куманово, 90-годишна жена и 77-годишен маж, вчера паднале мета на дрска телефонска измама, но благодарение на нивната присебност, обидот останал неуспешен и веднаш бил пријавен во полиција. Според соопштението на МВР, во двата одвоени случаи, непознато лице телефонски контактирало со жртвите, користејќи го истото сценарио за емоционална уцена. Измамникот им соопштил дека член на нивното семејство наводно предизвикал ...
Единицата за корупција при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 57-годишната Л.Г. од Струмица, актуелна членка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, поради основано сомневање за сторено кривично дело „измама во службата“. Според наводите на полицијата, таа сокрила дека нејзината ќерка купила стан во Скопје со цел да продолжи незаконски да наплаќа патни трошоци за релацијата Струмица-Скопје, со што го ...
ЕДС ја испиша новата енергетска историја на домашниот пазар за снабдување со електрична енергија – стана првата компанија која официјално активираше сертификати за потекло на зелена енергија во име на своите клиенти. Овие сертификати, издадени од пазарниот оператор МЕМО, се единствениот официјален доказ дека потрошената електрична енергија е произведена од обновливи извори – хидро и соларни електрани. Со нив, компаниите добиваат транспарентна и ...
Професорот Маријан Стевановски, татко на извонредниот музичар Филип Стевановски кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ја преточи својата тага и гордост во монументална монографија од 500 страници, посветена на краткиот, но исклучително плоден живот на неговиот син. Промоцијата на делото е закажана за 14 октомври, како централен настан на првата вечер од Џез фестивалот во Куманово. „Оваа монографија не ја ...
Студен бран од северните делови на континентот донесе драстичен пад на температурите, обилни врнежи од дожд и прв снег на планините низ Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека утре постојат услови врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од повисоките населени места, а за време на викендот се очекуваат утрински температури под нулата. Времето денеска е облачно и студено, со максимални температури кои се ...
Почетокот на октомври во Македонија носи посвежо време со пониски дневни температури, но од втората седмица следува постепено затоплување со пријатни есенски денови и температури над 20°C. 2–5 октомври (четврток–недела) Периодот започнува со студено и нестабилно време. На 2 октомври максималната температура ќе биде само 12°C, а на 3 октомври ќе се спушти на 9°C. Од сабота и недела следува постепено затоплување – со 14°C во сабота и 17°C во ...
Дали Македонија повторно ќе се соочи со ризик да изгуби европски средства? Овој пат неизвесноста се однесува на проектот за изградба на канализација во битолско, кој е дел од поширокото решение за управување со отпадните води и изградба на пречистителна станица. Иако властите неодамна потпишаа договор за изградба на станицата, договорот за канализацијата сè уште не е склучен, иако во Оперативната програма за животна средина јасно се нагласува ...
По повеќе недели секојдневни собири, граѓаните кои бараат трајно решение за дивата депонија Вардариште најавија интензивирање на протестите. Преку социјалните мрежи, тие информираа дека денеска ќе влезат во нова, порадикална фаза на изразување на револтот, со целосна блокада на мостот „Близнак“. Блокадата, како што е најавено, ќе се одржи во периодот од 15 до 18 часот. Жителите на Аеродром, Ново Лисиче и околните населби го продолжуваат својот ...
Како чекор кон зголемување на транспарентноста и безбедноста на новинарите, Министерството за внатрешни работи (МВР) постави линк до регистарот на напади врз новинари на својата насловна веб-страница, кој води директно до базата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Истовремено, од МВР најавуваат дека е во тек и формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе изготви и Национален акциски план. Од МВР истакнуваат дека ...
Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека нејзиниот претседател, г. Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК. Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против ...
Поради значителниот пад на температурите, од денеска започна грејната сезона за потрошувачите во Скопје приклучени на системот за централно греење, па голем дел од граѓаните утрово се разбудија со топли радијатори. Компанијата „ЕСМ снабдување со топлина“ вчера најави дека се исполнети условите за предвремен старт на греењето. Иако официјалниот почеток на грејната сезона е 15 октомври, регулативата дозволува таа да започне и порано, од 1 ...
Битолската и македонската музичка сцена загубија едно од своите познати имиња, откако денеска почина естрадниот уметник Томе Влашевски, попознат по прекарот Кубата. Роден во Полска во 1959 година, тој од 1964 година живеел и творел во Македонија, оставајќи зад себе повеќедецениска кариера. Пошироката јавност ќе го памети како музичар кој остави белег во повеќе познати музички состави, почнувајќи од рок групата „Хомо сапиенс“, преку ангажманот во ...
Oвeн – Eдeн мyдap чoвeĸ eднaш peĸoл: „Oнoj ĸoj живee зa ceбe, вepojaтнo ќe бидe ĸopyмпиpaн oд дpyштвoтo co ĸoe ce зaнимaвa.“ Ho, тoa нe вaжи зa вac. Oвaa нeдeлa пoминyвaтe вpeмe co лyѓe oдличнo. Избиpaтe oдлични мoдeли нa yлoги и чyвcтвyвaтe дeĸa пpaвитe вaжeн чeĸop вo вaшиoт личeн paзвoj. Биĸ – Ocтaвaтe мнoгy дoбap впeчaтoĸ и cтe дoбap вpaбoтeн. Baшaтa paбoтa нocи ycпex, имaтe пpивлeчнo oднecyвaњe, a ĸoлeгитe yживaaт дa paбoтaт co вac. Зpaчитe ...
Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па, бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество ...
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 10, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека сојата ќе биде главна тема на дискусија кога ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг за четири недели. „Нашите одгледувачи на соја страдаат затоа што Кина, чисто од „преговорнички“ причини, не купува соја“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, објави Ројтерс. Кинеските увозници сè уште не купиле соја од есенската жетва во САД, поради трговската војна меѓу Вашингтон ...
Слаби снежни врнежи почнаа на Копаоник денес околу 16:40 часот, според локалната метеоролошка станица на планината. „Снегот сè уште не се задржува на земјата, што не значи дека нема да се задржи во текот на ноќта и следниот ден наутро“, рече Милан Дубовац. Тој исто така рече дека температурата измерена на Копаоник била минус еден степен Целзиусов и дека ветерот дувал од исток со брзина од четири до шест метри во секунда. View this post on ...
Студентите во блокадата ги повикаа сите граѓани на Србија да бидат во Нови Сад на 1 ноември, годишнината од падот на натстрешницата. „Следниот месец ќе се наврши една година од падот на натстрешницата. Ние, студентите, ве повикуваме да го одбележите тоа низ цела Србија, но и да бидете со нас во Нови Сад, централното место на оваа трагедија и да изразиме солидарност со нашите колеги од Универзитетот во Нови Сад, како и со семејствата кои ги ...
Флотилата за Газа се приближува кон својата крајна дестинација, воено разорената Газа. Тие тврдат дека израелски бродови се приближуваат кон нив. Ал Џезира објави дека многу од преносите во живо од бродовите што учествуваат во флотилата Сумуд сега се прекинати, бидејќи израелските бродови ги опкружуваат бродовите што се обидуваат да ја пробијат блокадата на Газа. Израел: Ѝ рековме на флотилата да го смени курсот Израелското Министерство за ...
Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот, кого не си го разочарал. А јас меѓу вас одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина. И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по кој ќе се движиме. И кога се наближува денот, човек има многу избори за кои може да се одлучи, но само еден е вистинскиот. Овој ...
Илјадници луѓе денес им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад на комеморативни паради во десетици српски градови во достоинствена тишина, одбележувајќи 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, претежно млади и деца, а едно лице беше повредено со трајни повреди. Тивката прошетка, наречена „11 месеци – 0 одговорност“, беше повикана од студентското движење кое се појави по бранот ...
Двајца мажи на лет на „Рајанер“ предизвикаа целосен хаос и паника кога почнаа да ги јадат сопствените пасоши кратко по полетувањето. Инцидентот се случил на лет од Милано до Лондон минатиот викенд, а еден патник го опишал инцидентот како „најстрашните 15 минути во мојот живот“, објавува „Дејли Стар“. Шок откако се појавил знакот за појас Нормалното патување се претворило во кошмар откако се појавил знакот за појас. Анонимен патник раскажал како ...
Најзападниот остров во хавајскиот архипелаг е целосно забранет за луѓето повеќе од 100 години? Тоа е најмалку населениот остров и е познат како Ниихау. Зафаќа површина од околу 69,5 квадратни милји и има население од 84 луѓе, нема мобилни телефони, радио или асфалтирани патишта, а се напојува со соларни панели. Зошто овој дел од Хаваи е забранет за јавноста? Островот е во сопственост на едно семејство повеќе од 150 години и е нивна приватна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која САД се обврзуваат да ја гарантираат безбедноста на Катар, што претставува значајна нова обврска кон клучен арапски сојузник кој не е член на НАТО, пишува CNN. „САД ќе го сметаат секој вооружен напад врз територијата, суверенитетот или критичната инфраструктура на Државата Катар за закана за мирот и безбедноста на САД“, се вели во наредбата потпишана во понеделник. Дипломатски ...
Веројатно сте слушнале островите во северна Европа да се нарекуваат Велика Британија, Обединето Кралство или Англија многу пати. Но, каква е разликата помеѓу овие имиња? Прво, постојат два главни острови. Помалиот остров, наречен Ирска, е составен од две земји, Северна Ирска и Република Ирска. А поголемиот остров е составен од три различни земји, Англија со главен град во Лондон, Шкотска со главен град во Единбург и Велс со главен град во ...
Дострелот на иранските ракети ќе биде зголемен „до секој момент што е потребен“, изјави висок командант на Револуционерната гарда за полусериозната новинска агенција Фарс, одговарајќи на она што тој го нарече западни барања за ограничување на ракетната програма на Иран. Барањата од САД и некои европски земји за воведување ограничувања на ракетните капацитети на Иран се еден од проблемите што го блокираат патот кон нуклеарен договор, според ...
Владата на Соединетите Американски Држави се затвори на полноќ. Причината – републиканците и демократите во Конгресот не можеа да се договорат за федералниот буџет. Кои ќе бидат последиците? Голем број владини институции не отворија денес – вклучувајќи ја и НАСА. Тие ќе останат затворени на неопределено време, а илјадници нивни вработени се ставени на неплатен одмор. Сепак, исклучок е направен за институциите кои се од клучно значење за ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава. „СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна д-р Филипче. Тој ...
Шокантно видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како 32-годишен маж се лизга и паѓа во смрт на врвот на планина висока 5.000 метри. Инцидентот се случил откако човекот го одврзал безбедносното јаже за да направи фотографија, објавува AsiaOne. Видеото прикажува неколку луѓе на врвот на планината, вклучувајќи и маж во црвена јакна, кој одеднаш се лизнал, а потоа паднал со голема брзина, врескајќи од страв. Тој очајно се обидувал да ...