На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Северна Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference), организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација. Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати ...

Македонија ја започнува првата седмица од октомври со студени утрински часови и ниски дневни температури, но до крајот на периодот ќе следува стабилно и постепено затоплување. Петок (3 октомври) Најстуден ден од овој период – минималната температура ќе се спушти на 5°C, а дневниот максимум ќе достигне само 8°C. Сабота (4 октомври) Мало затоплување со дневна температура од 13°C и утринска од 6°C. Недела (5 октомври) Сончев и потопол ден со 17°C ...

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се навредува интелигенцијата на работниците, тврдејќи дека тие се далеку попродуктивни отколку што се платени за својот труд. Според неговата анализа, македонските работници имаат „мизерни плати“, иако со својата работа создаваат вредност која покрива многу повеќе од нивните лични примања. „Ваквите податоци ...

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди САД да не дозволат нова ескалација на војната доколку испорачаат ракети „Томахавк“ со долг дострел на Украина, објави германското списание „Шпигел“. Употребата на такво оружје не е можна без американски воен персонал, рече Путин на политичкиот форум Валдај во Сочи. „Ова е опасно“, рече тој, бидејќи ова моќно оружје може да ѝ наштети на Русија. Иако ова нема да го промени балансот на моќ на бојното ...

Денеска се навршуваат точно 30 години од атентатот врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, напад кој тој го преживеа со тешки повреди на главата, но кој и по три децении останува една од најголемите мистерии во поновата македонска историја, со сè уште отворена истрага против непознат сторител. Кобниот 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“, експлодираше ...

Историското село во Кападокија, Ортахисар, се најде на листата на Форбс за 2025 година, во категоријата Педесет најубави села во светот. Ова е уште едно признание кое ја потврдува автентичноста на регионот познат по возењето со балони на топол воздух. Лоциран на шест километри од Ургуп, најголемата населба во Кападокија, Ортахисар е спој на природата и препознатливата карпеста архитектура. Токму вулканската топографија на регионот е во фокусот ...

Измамите со земјоделски и други субвенции од европските фондови не се проблем ограничен само на Грција или Словачка, туку ја поттикнува корупцијата низ целиот блок, предупреди во четврток главната европска обвинителка Лаура Кодруца Ковеси. Нејзиното предупредување доаѓа откако Атина годинава беше потресена од масовна измама во која ЕУ беше оштетена со стотици милиони евра преку неправилно исплатени земјоделски субвенции, а што доведе до оставка ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблеми со седнувањето, објавува Nova.rs. На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што се сместиле сите присутни, освен него. Наместо да седне на своето место, Вучиќ се огледа наоколу како да не му е јасно од каде дошол или каде му е ...

Студениот бран што ја зафати Македонија во изминатите 24 часа го донесе и првиот снег на повисоките планини, па скопјани утрово се разбудија со поглед кон побелените врвови на Скопска Црна Гора. Невообичаената глетка за почетокот на октомври, со снежна покривка на планината што се издига над главниот град, е директна последица на најавеното заладување и обилните врнежи. Како што и најавија метеоролозите, студениот воздух услови врнежите од дожд ...

Oвeн – Heĸoи oд вac мoжeби ќe oтĸpиjaт дeĸa copaбoтĸaтa co нeĸoи лyѓe нeмa дa бидe тoлĸy лecнa ĸaĸo штo изглeдaлo нa пoчeтoĸoт. Ocлoбoдeтe ce oд oниe штo caĸaaт дa cи зaминaт и нaпpaвeтe мecтo зa oниe штo ќe ви бидaт yштe пocooдвeтни. Биĸ – Πpoдoлжeтe дa paбoтитe, нo бидeтe љyбeзни и coчyвcтвитeлни ĸoн ceбe. Бидeтe пpoaĸтивни, нo нe oбидyвajтe ce cè дa нaпpaвитe caми. Moжeтe дa нaпpaвитe мнoгy co пoвeќe лyѓe, ocoбeнo ĸoгa cитe cтe вo иcтa ...

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец, Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, кого го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш, одејќи во лов, тој подгони еден елен. По Божја Промисла, меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида што го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида ...

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен. Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен ...

Во јавноста излезе шокантна снимка од млад маж седнат на кров на автомобил и во раката држи знаме за кое се чини дека е албанско, додека истовремено возилото се движи низ улиците на Скопје. Полицијата веднаш реагираше и ги пронајде лицата. „Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.”Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот ...

Денес, (четврток) 02.10.2025 година во 17.25 часот, во кругот на ЈПКД Комуналец во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители. Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од страна на ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека ќе направи сè што е во негова моќ виновниците за трагедијата во дискотеката „Пулс“ да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна. Пораката беше испратена од Кочани, заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, кој во емотивно обраќање зборуваше за болката и обврската кон градот по несреќата. „Некои изгубија се ...

РУСКИОТ претседател Владимир Путин во понеделник го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за тоа што ја нарече Русија „хартиен тигар“ и рече дека Москва брзо ќе одговори ако смета дека Европа ја провоцира. Трамп, кој претходно изјави дека Киев треба да се откаже од територија за да се стави крај на војната, минатата недела ја промени својата реторика, велејќи дека Украина може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде и ...

„Кисела вода е запуштена, а ѓубрето во Расадник се гледа од Центар. Парковите се полни со смет и го слушам градоначалникот Орце, градоначалникот на Кисела Вода, сега кандидат за градоначалник на Скопје, ќе го исчистел Скопје за 72 часа. Па зошто бе не исчистиш Кисела Вода, Орце? Што правеше до сега?”, праша претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом” во Кисела Вода. ...

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија. Потсетуваме дека со бесплатната ...

Скопјани од овој месец ќе плаќаат за околу 10 проценти повисоки сметки за вода за пиење, јавува Телма. Дел од граѓаните веќе добија фактури со зголемени износи, а поскапувањето е резултат на повисоки цени во сите три сегменти – снабдување со вода, прочистување на отпадни води и собирање и одведување на урбани отпадни води. Одлуката ја донела Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бидејќи Советот на Град Скопје не расправал за ова прашање во ...

Рускиот претседател Владимир Путин држи говор на 22-от годишен форум на Меѓународниот дискусионен клуб Валдај, што се одржува во Сочи од 29 септември до 2 октомври. Во својот говор, тој признава дека постојат многу разлики меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, но смета дека ова е „нормално за големите земји“. Тој го пофалува пристапот на администрацијата на Трамп, која даде „директни изјави без лицемерие“. „Претседателот и неговиот тим ...

Мистерија! Непознат маж е убиен во ужасна експлозија што се случила на третиот кат од зграда на улицата Косовска во Белград. Жртвата наводно изнајмила стан за еден ден, а потоа се случила детонација. На почетокот се сомневало дека станува збор за плинска боца, но не може да се исклучи можноста дека станува збор дури и за експлозивна направа! Како што споменавме, ужасната експлозија се случила во среда навечер, околу 22 часот, во зграда во самиот ...

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и на ОВР Гевгелија, при што одблиску изврши увид во тековното работење. Посебно беше истакнато дека граѓаните од скопскиот регион, во споредба со останатите делови од државата, нешто подолго чекаат за издавање на одобренија и дозволи за оружје. Но, ...

Полициските службеници приведоа кумановец, баран по потерница за „демнење и вознемирување“ девојка, соопшти денеска СВР Куманово. -Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, соопшти полицијата. Тој подолго време следел и вознемирувал ...

Скопје е заглавено во сообраќаен колапс. Како што покажуваат податоците од сообраќајните апликации, клучните булевари и сообраќајници се обоени во црвено, што сигнализира целосен застој. Граѓаните и јавниот превоз доцнат, а нервозата на улиците расте. Попладневниот шпиц го парализира главниот град. Сообраќајната мапа покажува дека најголем метеж има во централното градско подрачје и на главните артерии кои водат кон периферијата. Најголем Застој ...

Муамед Реџеповски од Штип тврди дека пред две години бил претепан од полициски службеници за време на рутинска контрола на неговото возило. Случајот, за кој постои лекарска потврда и кривична пријава, сè уште нема епилог. Реџеповски за Телма изјави дека на 13 јуни 2023 година, кај супермаркетот „Туш“, бил тепан иако не давал отпор. Два дена подоцна бил хоспитализиран со тешки повреди, потврди и неговиот адвокат Емил Недков. Кривичната пријава е ...

Вработените во фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“, кои се дел од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, и денеска ја блокираа улицата Илинденска. И покрај вчерашната исплата на платите за нивните колеги од матичното претпријатие, околу седумдесетмината вработени во „Флораком“ и „Луна“ останаа без августовската плата и, што е најзагрижувачко, без здравствено осигурување. По тридневни протести и блокади, вработените од „Паркови и зеленило“ ...

Половина од младите до 18 години во Македонија се пушачи, алармира најновото истражување. Истото покажува дека најголем дел од нив започнуваат со пушење уште на 13-годишна возраст. Организацијата бара итна реакција од институциите, вклучувајќи построга контрола и зголемување на даноците за новите тутунски производи. Новото истражување на „Аналитика“ открива загрижувачка слика: 40% од младите до 18 години се активни пушачи. Овој висок процент го ...

Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е првиот осуденик во државата кој ќе ја издржува казната затвор во својот дом, под електронски надзор. Тој наскоро ќе биде ставен под т.н. куќен затвор со алка на ногата, а пресудата е во траење од три месеци. Оваа информација за „Фокус“ ја потврдиле од Управата за извршување санкции, од каде појасниле дека пресудата е донесена од Основниот суд во Велес. Осудениот побарал одложување на издржувањето на ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на Седмиот состанок на Европската политичка заедница што се одржува во Копенхаген, каде што упати филозофска порака за потребата од промена во начинот на кој се води политиката. На форумот, кој собира претседатели и премиери од цела Европа, таа ќе говори на панел-дискусија за безбедносни закани, рамо до рамо со францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама. Во ...

Пет месеци по правосилната пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари, сè уште не се јавиле на отслужување на десетгодишните затворски казни. Причината, како што потврдиле од Основниот суд во Тетово за „Сакам да кажам“, е што и двајцата осудени одеднаш се разболеле и имале проблем со тестисите. Според изјавата од судот, Белули имал хернија (кила) на еден ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1025
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
64%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 11ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
81%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.94
62%
1023
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
78%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
60%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.14
64%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225