Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, ...
Белорускиот и рускиот претседател Александар Лукашенко и Владимир Путин денес имаа телефонски разговор. „Ги координиравме нашите претстојни контакти, особено на маргините на самитот на ЗНД во Душанбе, кој ќе се одржи оваа недела“, се вели во соопштението, објавено од Телеграм каналот „Базел Фрст“, кој е поврзан со прес-службата на белорускиот лидер. Во соопштението се наведува дека шефовите на Белорусија и Русија разговарале и за голем број ...
Во врска со денешното пукање во Куманово, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, соопшти дека на клиниката бил донесен 43-годишен пациент со огнострелни повреди на левата надлактица и десната подколеница. – Пациентот е вон животна опасност, направени се сите потребни иследувања и тој е префрлен на Клиниката за пластична и реконструктивна ...
На 06.10.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја приведоа Ј.С.Т.(39) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Пролетерски бригади“ во Кичево го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон случајните минувачи. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени ѝ се 2,48 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на експресниот пат Штип – Кочани, при што едно лице го загубило животот, а тројца се здобиле со повреди. Според информации на Телевизија Кочани, во несреќата учествувале две патнички возила – „Фолксваген Поло“ и „Рено“ со бугарски регистарски таблички. Неофицијално, во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се полесно повредени. Еден од патниците, поради сериозноста на повредите, ...
Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски. СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста. Бараме и политичка одговорност од Панче ...
На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 – годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15 годишен ученик во истото училиште и му нанеле телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 ...
Легендата на народната музика, Халид Бешлиќ, почина на 71-годишна возраст откако страдаше од проблеми со црниот дроб. Веста за неговата смрт го потресе целиот регион, бидејќи Халид беше еден од најомилените пејачи со децении, чии песни обележаа бројни животи и генерации. Неговите песни како што се „Миљачка“, „Романија“, „У мени јесен је“, „Таман је“, „Двадесете“ влегоа во историјата на локалната музика, но една често се издвојува како најпосебна ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано го раскина Договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Лавинчеви“, во атарот на село Страчинци, општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје. Одлуката,според Меџити е донесена поради сериозни пропусти. ‘Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто ...
Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст. Во последните месеци се бореше со здравствени проблеми. Веста за неговата смрт го потресе регионот, а покрај неговите безвременски хитови и децениите доминација во забавната индустрија, Халид засекогаш ќе биде запаметен по неговата голема љубов кон сопругата Сејда, жената која го поддржуваше во текот на целиот негов живот. Љубов што започна со песна Халид и Сејда се запознаа уште пред да започне ...
Зграда во изградба се урна денес во самиот центар на Мадрид, лоцирана на Кале Хилерас на број 6. Според првичните извештаи, најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објавува Ел Паис. Сите служби се на местото на несреќата 11 екипи од противпожарната служба на градот беа испратени на местото на несреќата. Медицинскиот тим им пружи помош на тројца ...
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни ...
На социјалните мрежи попладнево излегоа првите снимки од местото на пукањето во Куманово. Според информациите, пукано е во доктор З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и истиот е пренесен во кумановската болница. „Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од ...
ХАЛИД Бешлиќ почина на 71-годишна возраст. Музичарот ги помина последните неколку недели во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, на Одделот за нефрологија, а од болницата ја објави својата последна песна. Песната „Сејда“ е посветена на неговата сопруга Сејда, со која е во брак речиси 48 години. Создадена е во соработка со музичарот Александар Милиќ Мили од групата „Милиграм“, а текстот го напиша Фахрудин Пецикоза. Песната е објавена на ...
Министерството за здравство информира дека од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, ...
Легендарниот пејач Халид Бешлиќ почина на 71 годишна возраст. Се работи за еден од најпознатите пејачи на народна музика од Босна и Херцеговина. Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 година, во селото Врапци во близина на Кнежина, во општина Соколац, тогашна Југославија. Тој пораснал во скромни околности, опкружен со традиционални вредности и музика што била составен дел од селскиот живот. Како момче, учествувал во работата на културните и ...
Почина легендарниот Халид Бешлиќ на 71 годишна возраст. Халид Бешлиќ веќе некое време бил во болница во Сараево поради здравствени проблеми што не можел да ги надмине. За потсетување, Халид Бешлиќ доживеал здравствени проблеми за време на концерт во Бања Лука, по што бил хоспитализиран. Минатиот месец бил префрлен на одделот за онкологија. Неколку недели пред неговата смрт, била објавена неговата песна посветена на неговата сопруга Сејда, која ...
Младиот Кристијан (Кико) Сребреновски, 23-годишен жител на Кочани, моментално се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот во болница во Ријека, Хрватска, откако му бил дијагностициран карцином на тестис со метастази во главата. Во изминатиот период Кристијан бил подложен на три комплицирани операции, а неговото семејство, кое постојано е покрај него, веќе е исцрпено финансиски. За продолжување на лекувањето и можност за негов ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се појави во емисијата на конзервативниот политички коментатор и водител Бен Шапиро. Тој предупреди дека Иран развива интерконтинентални балистички ракети кои би можеле „да ги стават Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами под неговото нуклеарно оружје“. „Иран може да уценува кој било американски град. Луѓето не веруваат во тоа. Иран развива интерконтинентални ракети со дострел од 8.000 километри, додадете ...
Размена на новороденче во болница во јужна Австрија е решена речиси 35 години подоцна со ДНК тест. Австриската телевизија ORF вчера емитуваше сторија за две жени кои се запознале неодамна, обете родени во октомври 1990 година во Грац. Тие ги запознале и своите биолошки родители откако откриле дека биле заменети во породилното одделение по раѓањето. Двете биле предвремено родени бебиња, поради што биле сместени во инкубатори по раѓањето, наместо ...
Пилот, медицинска сестра и болничар биле во хеликоптерот кога се урна на автопат во Сакраменто, Калифорнија, во понеделник вечерта. Сите тројца биле повредени, објави Скај њуз. Снимките од местото на настанот го покажуваат медицинскиот хеликоптер како лежи наопаку во источните ленти на меѓудржавниот пат 50. Хеликоптерот превезувал пациент во болница и се враќал во базата кога доживеал „воздушна вонредна состојба“ веднаш по 19 часот по локално ...
Проектот кој датира повеќе од една деценија и денес фигурира како ветување кај дел од кандидатите за носители на локалната власт во Битола. Градот се уште не може да се пофали со големи подвизи во справувањето и третманот со отпадните води, кои во моментов целосно се испуштаат во реката Драгор, што ја прави високо загадена. Решението се гледа во проектот за изградба на пречистителна станица, колекторски систем и канализациона мрежа, кои во ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ ...
Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Папуа Нова Гвинеја, соопштија сеизмолошките центри. Епицентарот бил лоциран 17 километри западно од градот Лае, кој има околу 76.000 жители, и на околу 308 километри северозападно од главниот град Порт Морсби. Засега нема информации за жртви или материјална штета, а податоците сè уште не се потврдени од сеизмолог. Локалните власти и служби ...
Судиите на Основниот кривичен суд Скопје изразуваат најдлабоко сочувство и искрена солидарност до семејството, роднините и блиските пријатели на судијата Астрит Каљаја од Тирана, Р. Албанија, кој во текот на вчерашниот ден беше кукавички убиен во судница, при извршување на неговата функција како судија. Во овие тешки моменти, ги уверуваме судиите од Албанија, и семејството на покојниот судија, дека тие се во нашите мисли, па затоа изразуваме ...
Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на ...
Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓуекипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs”и хрватскиот клуб „Mladi Starci” од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ”Сриједе Вриједе”, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика. Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да ...
Независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира најави продавање на фамозното службено возило марка Ауди, кое досега го возеше актуелниот градоначалник. Како што вели, тој ќе си го користи сопственото возило. „Фамозното Ауди ќе се продаде, и наместо тој автомобил, ќе се користи мојот автомобил, како градоначалник нема да се штеди во тој дел. Со овие чекори ќе стигнеме во старт милион евра за 4 години кои ...
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од ...
Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на ...