
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Со едноминутен молк и интонирање на македонската химна пред македонското Собрание се одржа Народно Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“. Со транспарентот „Собранието заседава ве молиме за галама“ и со поставување на столчиња пред законодавниот дом, организаторите реагираа на одлуката на пратениците да ги откажат своите активности. Тие побараа, отворање на платформа е-инспекторат преку која граѓаните ќе имаат увид во сите ...
Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира СДСМ, по најавата дека за време на деновите на жалост, Владата склучила договор за мерење рејтинг вреден околу 370 илјади евра, а во исто време, на тендер бара фирма која ќе набави софтвер за медиумски мониторинг, кој ќе ги собира објавените вести и ќе ги класифицира како позитивни, негативни или неутрални. Од ...
Се излеало цијанид, олово, фосфор и азот - не се тоа електролити, тоа се опасни хемикалии кои можат да бидат и смртоносни. Еколошка катастрофа која може да има сериозни последици како по здравјето на човекот така и по животните и животната средина. Од Обвинителството за ТВ 24 велат дека не е исклучена и веројатноста за кривична одговорност. „Основното јавно обвинителство Куманово кое го покрива подрачјето на Крива Паланка е запознаено со ...
Министерството за надворешни работи на Турција денеска ги осуди израелските воздушни напади врз Либан, со што се крши договорот за прекин на огнот. Во соопштението на турското МНР се наведува дека израелските напади се доказ за флагрантно непочитување на меѓународното право и се закана за безбедноста и стабилноста на регионот. Турција исто така ја повика меѓународната заедница да заземе единствен став против израeските напори „за создавање на ...
Туристичкиот сектор во Албанија и годинава стартуваше со оптимистички показатели, што потврдува дека станува се попривлечна дестинација. Според Институтот за статистика (ИНСТАТ) само во јануари и февруари Албанија ја посетиле над еден милион странски туристи, што е за 11 отсто или за 106.316 лица повеќе споредено со истиот период минатата година. Во соопштението од ИНСТАТ се наведува дека туристите кои доаѓаат од Европа се двојно повеќе во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска остварија работна посета на Центарот за обука на МВР, каде е во тек сеопфатна реконструкција на постоечките капацитети. Овој центар, како што соопшти МВР, е клучна алка во системот на безбедност, каде се обучуваат и подготвуваат идните полициски службеници и токму затоа вложувањето во неговата инфраструктура е вложување во стабилноста и безбедноста на ...
Транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани од 2012 година до денес, бара иницијативата „Кој е следен“ која денеска организира собир пред Собранието. Барањето е упатено до МВР, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Државниот градежен инспекторат, Државниот инспекторат за урбанизам, Дирекцијата за заштита и спасување, УЈП, локалната самоуправа во Кочани, ...
Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти од оние што се лекуваат во странство се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Како што рече Таравари на прес-конференција, надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од ...
Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите што ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера во Мурманск присуствуваше на лансирањето на новата нуклеарна подморница, опремена со хиперсонични проектили Циркон. Подморницата го носи името Перм, по градот во Урал и е прва вооружена со хиперсоничните ракети Циркон, чиј дострел е до 1.000 километри и летаат деветпати побрзо од звукот. - Продолжуваме да произведуваме модерни ракетни подморници, ова е петта подморница во рамките на проектот ...
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар. Мјанмар вчера беше погоден од голем земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија, додавајќи оти е прерано за донесување на заклучок за „драматично проширениот договор“ предложен од САД. Според него текстот е „целосно поинаков“ од претходниот нацрт-договор, што требаше да биде потпишан со американскиот претседател Доналд Трамп пред минатомесечните преговори, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска потпиша указ за одржување на безбедноста и уреденоста на американската престолнина за таа да биде „убава“. - Американската престолнина треба да биде место каде што секој жител или турист ќе се чувствува безбедно во секое време. На автопатите, булеварите и во парковите треба да биде чисто, уредено и пријатно, се вели во текстот на указот објавен од Белата куќа. Во посебна точка од указот се нагласува ...
За време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Јавно сообраќајно претпријатие. Оттаму соопштуваат дека билетарниците и центрите за персонализација во сабота ќе работат со вообичаеното работно време, додека в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Зелен пазар. В понеделник дежурни ќе бидат билетарниците и ...
Полицијата вчера околу 15 часот ги лиши од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана. Како што соопшти денеска МВР, со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди Иран дека „работите ќе тргнат на лошо“ доколку нема нуклеарен договор. Неговото предупредување уследи еден ден откако Техеран објави дека одговорил на неговото писмо, во кое повикува на преговори. - Претпочитам … да постигнам договор со Иран. Но, ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран, истакна Трамп. Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи изјави дека ...
Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми. - Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата. ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации. - Стејт департментот и УСАИД го известија Конгресот за нивната намера да преземат реорганизација, што ќе вклучи префрлање на одредени функции од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен ...
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција кажа дека на клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти кои што се лекуваат од повредите во пожарот во Кочани, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. За отварање на Центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на ГОБ „8 Септември“, Ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа, вели, дополнително биле потребно човечки ресурси. -Нови осум пациенти ...
Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до ...
Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Виз ер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер. Од ТАВ ...
Сојузот на синдикати на Македонија на 2 април излегува на протести. Синдикалците велат дека револтот кај работниците расте откако владата одлучи без работниците минималецот да се покачи за нешто околу 1.800 денари. Од ССМ потенцираат дека на овој начин Владата покажа тенденција дека работникот го сведува на небитна карика во системот чија пак пазарна економија зависи од работниците. Од ССМ велат дека нивниот предлог се уште е заглавен во ...
Страотен земјотрес во Мјанмар. Нешто по 6 часот утрово, силен потрес со јачина од 7.7 степени според Рихтеровата скала ги разбуди жителите на југоисточна Азија. Епицентарот е во Мјанмар, во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри..12 минути после првиот земјотрес, следел уште еден, со јачина од 6.4 степени. Потресите биле почуствувани и во соседните држави но и во југозападна Кина, одалечена стотици километри. Урнати згради, ...
Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Тој најави дека општината ќе бара кривична одговорност за загадувањето по повеќе основи, истакнувајќи дека ќе ги преземе сите ...
Пораката на Планот за раст е мошне јасна - тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните ...
Партиите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат заеднички зад независен кандидат за градиначалник на локалните избори во Кочани - ова ќе биде еден од галвните предлози на лидерот ан СДСМ Венко Филипче на лидерската средба која планира да ја иницира следната недела и да ги покани лидерите на партиите секој поединечно. Првиот социјалдемократ за ТВ 24 вели дека по трагедијата во Кочани , граѓаните бараат натпартиска соработка. - По трагедијата ...
Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“, доби обвинение за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, со кое може да добие максимална затворска казна до 20 години, соопштува Основното јавно обвинителство. Возел со 91 км/ч и под дејство на алкохол. - Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно ...
Концентрацијата на олово во Крива Река е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното. За неколку стотици пати е зголемена и концентрацијата на цијанид, фосфор и азот. Ова го покажал извештајот кој денеска го презентираше градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, а се однесува на испитаните примероци на водата во реката еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ на 14 март направени од приватна лабораторија. Митовски најави дека ќе ...
Собирање вести за потезите на Владата или така наречен прес клипинг е во ред, но окарактеризирање на весите со лоши или добри е погрешно. Вака комуниколозите го оценуваат потегот на Владата, преку кој бара фирма која ќе набави софтвер за медиумски мониторинг, кој ќе ги собира објавените вести и ќе ги класифицира како позитивни, негативни или неутрални. Според комуникологот Бојан Кордалов, секојА сериозна влада следи што медиумите објавуваат, но ...