Државата нема право на различен третман на жртвите – без разлика дали објектот е јавен или приватен – реагираат семејствата на загинатите во пожарот во Пулс откако вчера на лидерската средба било спомнато нивното барање за еднократна финансиска и институционална помош, поднесено на 1 јули минатата година, но за истото немало слух. Родителите на жртвите укажуваат дека сопственоста на објектот не претставува правно дозволена основа за различен ...

Најголемата дигитална енциклопедија Википедија слави јуилеј четвртвек од своето основање Достапна на 342 јазици, меѓи кои и на македонски јазик, Македонската верзија се активира од 2003 година. Денес македонската верзија е прерасната во една од подобро етаблираните на овие простори со 157.956 статии на македонски јазик и заедница од 340 активни профили кои сдекојдневно работат на нејзино збогатување со нови и нови сознанија...Википедија ...

Пауза е, не e прекин - Македонија не е на „црна листа“ за иселенички визи за САД. Ова е ставот на шефот на дипломатијата Муцунски, откако земјата се најде во клубот на 75 земји суспендирани за обработка на иселенички визи. Порача дека оваа одлука на Вашингтон, не влијае на сите визи и дека студентите, бизнисмените и туристите ќе можат слободно да аплицираат. На прашањето – дали е ова дипломатски пораз за Македонија која е стратешки партнер со ...

Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит. - Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со ...

Фудбалерите на второлигашот Тетекс од Тетово вчера ја имаа првата прозивка со што почнаа да се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Од екипата заминуваат шест фудбалери, а во текот на преодниот рок ќе се договараат нови засилувања. - Подготовките ќе се одвиваат во Тетово, тука на фудбалскиот стадион со вештачка трева на Спортско-рекреативниот центар во градот. Имаме закажано шест контролни натпревари. Околу играчите, шест играчи имаат ...

Полска нема да испрати војници во Гренланд, изјави денеска премиерот Доналд Туск, додавајќи дека нападот на една земја од НАТО врз друга би бил „крај на светот каков што го знаеме“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на неговата земја и мора да се прифати за да се спречат Русија и Кина да го окупираат. Тој рече дека сите опции се на маса за да се стекне Гренланд, кој е автономна територија на ...

САД го зголемуваат притисокот врз Мексико да им дозволи на американските сили да спроведуваат заеднички операции за уништување на лабораториите што произведуваат фентанил во земјата, објави денеска Њујорк тајмс, повикувајќи се на американски официјални лица. Американските официјални лица сакаат американските сили, силите за специјални операции или членовите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да ги придружуваат мексиканските војници за ...

Руската дипломатија изрази сериозна загриженост денеска поради најавата на НАТО за дополнителни трупи во Гренланд по состанокот на данските, гренландските и на американските лидери во Белата куќа. „Наместо конструктивна работа во рамките на постојните институции, особено Арктичкиот совет, НАТО го избра патот на забрзана милитаризација на Северот и го зајакнува своето воено присуство под измислениот изговор на растечката закана од Москва и ...

Две лица загинаа откако градежен кран се урна на автопат во Тајланд, што е втора таква несреќа за два дена. Би-Би-Си пишува дека претходниот ден на другиот крај на земјата во идентична несреќа загинаа 32 лица. Втората несреќа се случи денеска во Самут Сахон, предградие на Бангкок, каде се урна кран што се користел за изградба на експресен пат. Снимката го прикажува моментот кога структурата се урна на автопатот, смачкувајќи неколку ...

По одложување од седум месеци, Европската комисија одлучи да ѝ ги исплати на Србија првите средства од планот за раст во износ од 57 милиони евра, јави РТС. Одобрените средства се однесуваат на реформи спроведени во втората половина од 2024 година, а одлуката официјално ќе биде објавена денеска за време на дебатата за планот за раст во Европскиот парламент. Од седумте чекори предвидени со агендата за реформи за тој период, Европската комисија ...

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, нема намера да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Во последните денови се појавија информации дека Португалецот ја разгледува својата иднина во клубот по отпуштањето на главниот тренер Рубен Аморим. Дарен Флечер беше назначен за привремен главен тренер за два натпревари, а Мајкл Карик ја презеде функцијата до крајот на сезоната. Сепак, и покрај нестабилноста поради менаџерските ...

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецов до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на ...

Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни каква била здравствената состојба на бебето при неговата хоспитализација. ...

Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините. -Дневната температура ќе има тенденција ...

Министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, едвај ги задржа солзите за време на преносот во живо на гренландската телевизија КНР веднаш по средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Белата куќа. Видливо потресена, со раката на градите и треперење на гласот, Моцфелд зборуваше за огромниот психолошки притисок под кој била во последните денови. Како што рече, настаните што се ...

Новоизбраните членови на Судскиот совет Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава... Претходно, нивниот избор беше изгласан од пратениците по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Мандатот на ...

Американскиот Стејт департмент привремено ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија. Американските амбасади и конзулати ќе одбиваат апликации за имигрантски визи додека трае ревизија на процедурите за проверка и проценка на апликантите. Целта е да се спречи издавање визи на лица, кои би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно би зависеле од владините социјални бенефиции по доаѓањето ...

Суспендирани визи од САД - периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија, велат денеска од СДСМ. Подолг период СДСМ предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ, обвинуваат од опозициската партија... Суспендирани визи од САД - периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија, велат денеска од СДСМ. Подолг ...

Почна процесот за избор на нов јавен обвинител. Собранието го објави огласот. Откако ќе истече рокот и ќе се спроведе административната селекција, Советот на јавни обвинители ќе треба да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите што ги исполнуваат условите. Потоа, од оние кои имаат позитивната оценка, Владата ќе избере еден и предлогот ќе го достави во Собрание. Наследникот на Коцевски ќе се избере со просто мнозинство од 61 глас. ...

Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по ...

Германија испраќа десетина војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата ќе биде извидувачка, а германските војници одат таму на покана на Данска. Само неколку часа по неуспешниот самит За Гренланд во Вашингтон, првите специјални сили и извидувачки трупи од Европа пристигнаа во Гренланд. Дански воен авион слета на цивилниот аеродром во главниот град Нуук. Два автобуса пристигнаа во блискиот Арктички команден ...

Бродот Рона, кој пловеше под иранско знаме, вчера потоа во Касписко Море. Се претпоставува дека бродот транспортирал оружје во Русија, а потонал при враќањето во Иран, соопштија казахстанските власти. Бродот пловел по рутата позната како коридор за транспорт на оружје. Товарниот брод Рона, што можеше да превезува 2.453 тони, си должина од 114 метри и ширина од 13 метри, испратил повик за помош, по што се спасени сите 14 членови на екипажот. ...

Иранското судство ги негира извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше наведен како прв демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од почетокот на сегашните немири. Неговото семејство претходно изјави дека им било кажано дека егзекуцијата е одложена. Иранското судство објави дека 26-годишниот Ерфан Солтани, кој беше уапсен на 10 јануари за време на протестите ...

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа). Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори. Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир. Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Ројтерс изјави дека не знае каква улога би играл во својата земја синот на иранскиот шах, кој беше соборен од Исламската револуција во 1979 година, Реза Пахлави. „Тој изгледа многу симпатичен, но немам поим каква улога би играл во сопствената земја. Сè уште не сме таму. Гледаме и проучуваме многу работи. Многу е рано, прерано да се каже. Не знам дали ќе се вклопи во својата земја“, рече ...

Силна бура во австралиската држава Викторија предизвика ненадејни поплави денеска, принудувајќи го затворањето на познатиот океански пат, носејќи автомобили во морето и оставајќи илјадници луѓе без струја. Властите издадоа предупредување за градовите по должината на океанскиот пат, популарна туристичка дестинација позната по своите живописни погледи, и ги повикаа жителите да се иселат во затворени простории и подалеку од поплавните води. ...

Мароко синоќа ја победи Нигерија во полуфиналето на Африканскиот куп на нации со 4:2 на пенали. По основните 90 и дополнителните 30 минути игра на „Мулај Абдула“ во Рабат не беше постигнат ниту еден гол. Во пенал-серијата Нигеријците ги промашија вториот и четвртиот удар, додека домаќините не погодија само во вториот удар. Мароко ќе се соочи со Сенагал во финалето на 18 јануари. Нигерија на 17 јануари ќе игра со Египет за третото место. ...

Реал Мадрид планира да ја напушти кошаркарската Евролига и да се приклучи на НБА Европа. Информацијата денеска ексклузивно ја објави мадридскиот спортски весник АС, повикувајќи се на клупски извори. Ништо не е официјално објавено сè уште, но АС пишува дека двете страни се блиску до договор, бидејќи „кралскиот клуб“ е решен да ја прифати понудата од НБА Европа. „Разговорите со НБА напредуваа, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е ...

Повеќе од сто малолетни лица се убиени во Појасот Газа откако стапи во сила примирјето во октомври минатата година, соопшти Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ). Во извештајот на УНИЦЕФ се наведува дека помеѓу загинатите 60 се момчиња, а 40 девојчиња. Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер истакна дека смртните случаи се главно предизвикани од воздушни напади и напади со беспилотни летала, но оти се регистрирани и загинати малолетни лица од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
64%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.83
95%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
74%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Иридиум

258288.78

Цинк

3.07

Калај

43.90

Бакар

10.68

Родиум

350443.14

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52