Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Доаѓа ли Урсула фон дер Лајен да го измери европскиот пулс на земјата – шефицата на Европската Комисија следната недела на средба со Мицкоски, но не и со опозицијата? На само три дена од локалните избори, во Скопје ќе слета претседателката на ЕК, како дел од турнејата низ регионот. Потврдена станица на фон дер Лаејн засега е само Илинденска бр2. Од опзоцијата велат дека до овој момент нема барање за тет а тет средба со лидерот на СДСМ. Иако ...
Инфлацијата во септември бележи мало намалување во однос на август. Tрошоците на животот се пониски за 0,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Сепак, на годишно ниво инфлацијата останува на 4 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,1 отсто. Главната причина за месечниот пад е поевтинувањето на транспортот, рестораните и хотелите, како и на рекреацијата, културата и дел од храната. Од друга страна, ...
Македонската економија годинава ќе испорача раст од 3,1 отсто, прогнозира Светска Банка. Во споредба со земјите од регионот очекувањата на оваа меѓународна финансиска институција се дека на крајот на 2025та земјава ќе испорача повисок раст на Бруто домашниот производ од Босна и Херцеговина каде очекувањата се таа да има раст од 2,6 отсто, и од Србија со раст на БДП од 2,8 отсто. Но, за овие две држави од Западен балкан Светска Банка очекува ...
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица - корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, соопштија надлежните. „Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани ...
Пулмологот Зекирја Шахини од Слупчане, носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково попладнево е застрелан во Куманово. Според информациите на МВР, инцидентот се случил на крстосницата пред зградата на општината во Куманово кога две лица во движење пукале во патничкото возило на Шахини. Оттаму велат дека работат на расчистување на случајот. МВР - Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ...
Ололу 9:30 часот утринава комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанато се случи во близина на хотелот Матињон, каде што премиерот во заминување Себастијан Лекорну требаше да се сретне со лидерот на Сенатот, Жерар Ларшер, и претседателката на Националното собрание, Јаела Браун-Пивет. Официјалната канцеларија на Лекорну се наоѓа токму во тој хотел. Во неколку видеа објавени на социјалната мрежа X, може да се види црн чад како се извива од ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се чини дека претседателот Зеленски сака да одлучи што е најдобро за Унгарците. Тој повторно ги користи своите вообичаени тактики на морална уцена за да ги принуди земјите да ги поддржат неговите воени напори“, рече унгарскиот премиер. Почитуван господине претседателе, со сето должно почитување, ...
Нобеловата награда за физика оваа година ја добија Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис „за откривање на макроскопско квантно механичко тунелирање и квантизација на енергијата во електрично коло“, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките. Тројцата научници се поврзани со Универзитетот во Калифорнија (UC), а Деворе има и ангажман на Универзитетот Јеил. Деворе и Мартинис работат во кампусот Санта Барбара на Универзитетот во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран развива интерконтинентални балистички ракети што можат да стигнат до американски градови како Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами и да бидат во дострел на нуклеарни напади, и додаде дека конфликтот во Газа се ближи кон крајот. „Иран може да го уценува кој било американски град. Луѓето не веруваат во тоа. Иран развива интерконтинентални ракети со дострел од 8.000 километри, додадете уште ...
Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фото материјал, вечерва белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок музика и рок култура. Вечерта посветена на македонската рок музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, ...
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор (ЖМХ) се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари. Како што информираат од МКЦ по освоената Гран При награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. На фестивалот настапувале 29 хорови од повеќе европски земји од кои 24 учествувале во натпреварувачкиот дел. Нашиот ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во Стразбур ја истакна потребата од почитување на меѓународното право при разгледување на употребата на руски средства за помош на Украина. - Секоја предложена шема мора да биде во согласност со меѓународните правила, да се обезбеди почитување на принципите на законитост на финансиската и геополитичката сцена, рече Лагард за време на состанокот со европските пратеници во Стразбур, ...
Велика Британија секогаш ќе биде против оние кои сакаат да им наштетат на еврејските заедници, рече премиерот Кир Стармер и ги повика студентите да престанат да протестираат на втората годишнина од нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври. Секое израелско дете треба да живее безбедно со своите палестински соседи, рече Стармер во статија во „Тајмс“. „Тие ги користат протестите како изговор за напаѓање на Евреите“ Тој ги нарече демонстрациите ...
Русија денеска објави дека во текот на изминатата ноќ пресретнала 184 украински беспилотни летала, што е еден од најмасовните напади на Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година. Дроновите беа соборени над руските региони Курск, каде што беа неутрализирани 62 авиони, и Белгород, каде што беа неутрализирани 31, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Русија вчера објави дека пресретнала повеќе од 250 украински ...
Адвокат во Индија фрли чевел кон претседателот на Врховниот суд, Бушан Рамкришна Гаваи, откако очигледно бил налутен од неговите коментари за хиндуизмот. Ракеше Кишор го изврши нападот вчера за време на судското рочиште во Делхи, што се смета за сериозна јавна навреда и нарушување на безбедноста низ цела Индија. Тројца адвокати присутни во судницата потврдија за Би-Би-Си дека чевелот бил фрлен кон Гаваи, а еден од нив рече дека дека „го поткачил ...
Првата рунда од индиректните преговори меѓу Израел и Хамас во Египет заврши во „позитивна атмосфера“, објави утринава египетската државна телевизија. Се очекува преговорите меѓу Хамас и медијаторите во Шарм ел Шеик да продолжат подоцна во текот на денот. „Египетските и катарските медијатори работат на двете страни за воспоставување механизам за ослободување на сите заложници во замена за затвореници“, претходно објави телевизијата Ал-Кахра Њуз ...
Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври - Светскиот ден на достоинствената работа. Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното ...
Министерството за дигитална трансформација најави дека од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на новороденче, информира министерот за дигитална трансформација, соопшти неговиот Кабинет. -Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, ...
Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање - 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...
Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ, изминатиот викенд освои сребрен медал и нови шест поени на олимписката ранг листа на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија. Таа поради добрата позиција на ранг листата, беше слободна во првото коло. Во второто кола ја совлада гркинката Теопула Сарванаки, светска вице-шампионка во 2022 од Мексико. Мила ја совлада Сарванаки во тесна борба со 2:1 во рунди. Во полуфиналето, Македонката ја ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цЦените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е тој кој ќе одлучи дали таа земја ќе се приклучи на Европската Унија, туку земјите-членки. Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, и истакна дека унгарскиот народ веќе ја донел својата одлука. „Не е претседателот на ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари и бележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока е 464 340 милиони денари што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е ...
Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години. Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. Според Светска банка, економскиот раст во ...
Членовите на кабинетот на министерот задолжен за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 Шабан Салиу, Ајдоган Демири и Љубица Томиќ, учествуваа на Шестиот министерски состанок за интеграција на Ромите, одржан во Тирана, Албанија, посветен на партнерствата од Западен Балкан и на спроведувањето на обврските од „Познанската декларација“ во рамки на процесот на проширување на Европската унија. Настанот, како што се вели во ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. - Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за ...
Ана Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија вечер во Битола ќе одржи концерт со наслов „Бајка“ на кој ќе настапи заедно со битолскиот Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на концерот информираа дека на програмата ќе бидат застапени делот „Чукни и влези“ од Мартинов и „Писма од пријателите“ на Канчели. Како ...
Во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на Здружението Икуалити, која преку 32 портрети на лица со попреченост треба да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. Патувачка изложба, според организаторите, претставува културна мисија, која ќе ја промени перцепцијата на општеството за лица со попреченост и ќе ги ...
Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во септември: Доверба изградена со години Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во ...
Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. - Девет банки веќе се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери ...