Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Со натпреварот меѓу Силекс и Арсими што се игра денеска во Кратово стартува 15.коло од Првата фудбалска лига. Почетокот на дуелот е во 13 часот, а тоа ќе биде единствениот дуел закажан за петок. Утре (сабота) се играат два натпревара. Во Битола Пелистер го пречекува тимот на Македонија ЃП, а почетокот е во 12:30 часот, додека 30 минути подоцна стартува натпреварот Брера – Тиквеш. Во недела во 12:30 часот е почетокот на дуелот Струга – ...
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски имаше одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус, соопшти МНРиНТ. На средбите, министерот Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека во моментов се работи на модалитетите за пополнување на испразнетите позиции во Владата и оти се уште нема конкретни решенија, кој на која позиција ќе биде, па така и во однос на тоа дали тој ќе замине на амбасадорката позиција во Брисел. -Во рамки на коалицијата ВРЕДИ се уште се разговара за модалитетите на реконструкцијата. Се уште нема финален договор како ќе изгледа ...
Овој чекор на ЕСЧП како дел од процесот низ кој очекувам да се констатира повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права односно повреда на Правото на правично судење, го гледам како еден логичен след на настаните. Од самиот почеток на постапката за овој предмет пред македонските институции, за оние кои сакаа да бидат објективни беше очигледно дека во него не постои кривично дело (кое како такво е предвидено во Кривичниот ...
Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ние ве поддржуваме како со политичка волја, така и со конкретни чекори. Моето охрабрување до вас е да го искористите моментумот на проширување додека е тука, додека постои нова енергија меѓу земјите-членки за овој процес. Со сегашните безбедносни предизвици со кои сите денес се соочуваме, работејќи денес заедно како Европејци е многу поважно од кога и да било и нашата соработка е клучна за да се ...
Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Во гостување на ТВ 24, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно, стабилно и одговорно. - Веќе работиме на подготување материјал, којшто ни ...
Во рамки на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урнала нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, конструкцијата со димензии 15 x 5,7 метри била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните. -Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да ...
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје по резултатите од извршениот вонреден мониторинг на 26 ноември врз основа на пријава од основното училиште. Од скопски „Водовод“ посочуваат дека Секторот за санитарна контрола земала 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка ...
Градењето доверба и социјална кохезија е од суштинско значење за мирен соживот, особено во општествата каде што малцинските групи долго време се маргинализирани. Албанија е земја со богата културна разновидност, а македонското малцинство е составен дел од оваа разновидност со векови, рече Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во обраќањето на вториот ден од Форумот за малцинствата при Обединетите нации, ...
Не можеме да бидеме неми на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда и резултати, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати, истакна Николоски во гостувањето во „Само интервју" на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство. Коментирајќи ги ...
Октомври уште еднаш покажа дека среќата е со ВЛТ. Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 76.857.922 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во перидот од 01.101.2025 до 31.10.2025. Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во октомври: Доверба изградена со години Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во ...
Утрово најниска температура од -1 степен Целзиусов е измерена во Маврови Анови. Следат Лазарополе, каде се измерени 0 степени, 1 во Крива Паланка и Крушево, 2 во Тетово, Куманово, Штип и Виница, 3 во Велес и Прилеп, 4 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Битола и 5 степени во Гевгелија, Охрид, Берово и Претор, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Изминатите 24 часа заклучно до 7 часот утрово најмногу дожд наврнал во ...
Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на војниците на својата земја за нивната непоколебливост во одбраната на Украина и повика на нивна континуирана упорност, јави денеска ДПА. Во неговото редовно вечерно обраќање до сонародниците, тој додаде дека нивната одбрана претставува основа Украина да се залага за своите интереси во преговорите, а како пример ги посочи актуелните битки во Купјанск, Покровск и Хуљаиполе, пренесе ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изрази надеж дека војната во Украина нема да заврши со победата на рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека нејзината политика кон Русија била исправна. „Оние кои се одговорни денеска едноставно мора да живеат со фактот дека овој напад, оваа агресија врз Украина, се случи. А сега мора да размислиме како да го завршиме овој конфликт. И тоа е она на што интензивно работиме: дека ...
Традиционално, со концерт, но овој пат под силен дожд, што не им го расипа расположението на граѓаните, беше осветлена новогодишната елка на плоштадот Синтагма во Атина, а атинскиот градоначалник Харис Дукас вели дека грчката метропола нуди богата празнична програма, не само за Грците, туку и за туристите, јави дописничката на МИА од Атина. Осветлувањето на 19-метарската новогодишна елка, беше проследено со концерт на познат грчки пејач, а ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе работи на трајно запирање на имиграцијата од „земјите од третиот свет“. - Трајно ќе ја запрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на американскиот систем целосно да заздрави, објави Трамп на социјалните мрежи. Тој најави дека неговата администрација ќе ја запре федерална помош и субвенции за лицата кои не се државјани на САД. Трамп, исто така, ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, облачно ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во работна посета на Црна Гора по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 што се одржува во Подгорица, во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на сесијата „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“ и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна ...
Костарика и Соединетите Американски Држави во заедничка операција во Тихиот Океан запленија речиси четири тони кокаин, што Министерството за безбедност на Костарика ја дефинира како историска заплена. Во акцијата се уапсени и двајца колумбиски државјани. Оваа заплена доаѓа во време кога Костарика, која важеше за една од најбезбедните земји во Централна Америка, бележи пораст на криминалот поврзан со трговијата на дрога. Земјата регистрираше ...
„Седум од седум“ за Штип УГДПобедничката серија во Првата лига мажи продолжува за одбојкарите на Штип УГД кои до седмиот триумф во исто толку дуели дојдоа попладнево со 3:0 (25:18, 25:18, 25:14) над Работнички 71&22 пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Тимот на Кристијан Ристески имаш контрола над случувањата на теренот во текот на целиот натпревар, оправдувајќи ја фаворитската улога. Форсираа силен сервис домашните, ...
Расте бројот на загинати и повредени во катастрофалниот пожар во Хонг Конг, а од час во час се зголемува и бројот на исчезнати. Според последните податоцци на локалните власти, се уште се трага по повеќе од 300 лица.. Десетици се повредени, меѓу кои има и пожарникари. Иако пожарите моментално се главно под контрола, противпожарната бригада предупреди дека се уште има пламени јазици во три од висококатниците... Дерек Армстронг Чанг -заменик ...
Двајца припадници на американската Национална гарда кои беа ранети пред Белата куќа остануваат во критична состојба. Полицијата вели дека вооружениот напаѓач е авганистански државјанин кој добил азил во Соединетите Американски Држави. Претседателот Доналд Трамп го осуди нападот, нарекувајќи го терористички чин Доналд Трамп – претседател на САД „Ова беше монструозен напад од заседа, на само неколку чекори од Белата куќа. Овој одвратен напад ...
Казната која ја доби Сојузот на стопански комори за вмешаноста во картелското здружување на маркетите е големо нарушување на угледот на комората, се огласи новото раководство на ова бизнис здружение. Од ССК велат дека екс раководната структура не ги почитувала структурите и го прекршила статутот на комората и затоа сега ќе се сносат последици. ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ССК. - Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во ...
Ќе се враќа новогодишната еуфорија во центарот на Скопје, програми за сите генерации но и најава за изненадувања за посетителите, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Посочи дека многу наскоро ќе започне украсувањето но и ги повика сите градоначалници да ги разубават општините за да се вклопи целата атмосфера со центарот. Луна паркот како дел од обидите за градот конечно да го добие Ѓорѓиевски рече дека и тој самиот пораснал ...
До крајот на идната недела и пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ власта планира собраниска седница за испразнетите министерски места велат собраниски извори од мнозинството за ТВ 24. Предлог имињата од Вреди до премиерот Христијан Мицкоски за реконструкција на владиниот состав се Беким Сали за позицијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел, а Башким Бакиу ...
Под силно полициско обезбедување и со присуство на роднини на обвинетите кои пристигнаа од Турција, денеска во Основниот суд во Штип започна судењето на 21 годишниот турски државјанин Кадир Кара за убиството од осми мај што се случи во кафе бар на градскиот плоштад во центарот на градот. Кара со уште четворица други е обвинет за убиство, а останатите за помагање. Наместо во салата на Основниот кривичен суд во Штип, поради технички причини и ...
Населението не им верува на политичарите и институциите. Се презентира индексот за политички интегритет. Мнозинството граѓани не знаат која институција е надлежна за заштита на интегритетот на останатите јавни органи, оние пак кои се изјасниле за релевантна ја сметаат антикорупциска. Дадените различни одговори пак укажува на недоволна јасност и препознавање на институционалните надлежности кај јавноста. Политичката или пак морална одговорност ...
Промена на уставот за старт на преговорите со ЕУ – нема дополнителни услови за Македонија. Ваква порака од Стразбур испрати Марта Кос, еврокомесарката за проширување, во интервју за бугарски медиум. Изјави дека за земјата има две важни точки во процесот на преговори со ЕУ – реформи и промена на уставот. Порача дека гледа политичка волја кај македонската влада- навреме да ги испорача реформите и изјави дека имала средба со Мицкоски во Тирана. ...
Струјата поскапува. Ова е речиси сигурно, откако државните електрани му понудија на ЕВН Хоум за безмалку 5% поскапа електрична енергија. Од 62 евра колку што чинеше досега, ЕСМ на универзалниот снабдувач отсега ќе му ја продава струјата по 65 евра за мегават час. Ова е епилогот од тендерот на ЕВН Хоум, на кој понуда испрати единствено ЕСМ, која важи за целата идна година, за покривање на 100% од вкупно планираниуте количини. „Оваа цена е ...