Четири лица беа убиени, а 10 беа ранети во масовно пукање во Стоктон, Калифорнија, во саботата навечер, според официјални лица, јавуваат американските медиуми. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин на прес-конференција соопшти дека биле застрелани деца и возрасни. Осомничениот е сега засега во бегство, според канцеларијата на шерифот. „Правиме сè што е можно за да го изведеме лицето одговорно за ова пред лицето на правдата“, рече ...

Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири за независно дејствување следува ...

Остри критики и сериозни предупредувања дека пензискиот систем се наоѓа во состојба на длабока финансиска нестабилност, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него таквата состојба е директно предизвикана од „лошите, непромислени и манипулативни политики“ на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН. Филипче укажа и на нов сериозен проблем: над 12.000 пензионери кои живеат во странство биле исклучени од правото на пензија ...

Институтот за јавно здравје информира дека анализите на мострите од вода земени од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се целосно завршени и покажале дека сите параметри се во рамки на дозволените референтни вредности. Во водата не се пронајдени тешки метали, а физичко-хемиската и микробиолошката анализа се уредни. Но, од храната и работните површини во истото училиште повторно се потврдени фекални бактерии од групата Enterobacteriaceae, ...

Советот на ЕУ во декември ќе ја повика Македонија да ја исполни обврската-уставни измени без одложување, стои во нацрт-заклучоците на ЕУ, објави РСЕ. Во предлог-документот, кој треба да биде усвоен на ниво на 27 земји-членки, Советот ќе порача дека е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер со земјава, што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка. - Советот нотира дека Северна Македонија сè уште не ги завршила ...

Утре, 30 ноември (недела), делови од Скопје ќе останат без вода или со намален притисок, поради два одделни зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. На подрачјето на општина Бутел, поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б., кај сервис „Топал“, од 11:00 часот па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар ...

До кога ќе се одложува правдата, до кога ќе се одложува вистината и до кога ќе се одложуваат нашите животи?!“ прашаа денеска родителите на загинатите деца од кочанската трагедија, незадоволни од одложувањето на второто судско рочиште за случајот Пулс. Маршот за ангелите започна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“. Организаторите ...

Поплавени дворови, куќи, магацини, ориз под вода и уништена механизација. Ова се последиците од излевањето на Кочанска река по обилните врнежи. Во Облешево речиси 80 отсто од жителите денеска се разбудиле со вода во своите домови, која некаде достигнала и до 20 сантиметри. Пред но и зад камерата на Телевизија 24 раскажуваат дека надојдената вода им нанела големи штети. Оризот од годинешната жетва речиси е неупотреблив а истата судбина ја чека ...

Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево. Попавени им се дворовите и фармите по неколкудневното врнење. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните. Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на ...

Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. -Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека ...

За денеска е најавен нов Марш на ангелите во кочани... Маршот ќе почне од 14.05 часот од паркот на револуцијата во Кочани. Маршот ќе започне во 14:05 часот од Паркот на револуцијата во Кочани со порака да се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“. Организаторите подвлекуваат дека овој настан не е протест, туку мирен збор против неправдата. Целта е да се даде поддршка за правично судење и ...

Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025, во Црна Гора. Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа укажа дека „пристапувањето мора да биде кредибилен процес ...

Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два натпревара од 15. коло во Битола и во Струмица. По двете победи против Брера и Шкупи, екипата на Пелистер ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да ја продолжи серијата победи, а противник им е Македонија ЃП. Почетокот на дуелот е во 12:30 часот. Триесет минути подоцна во Струмица е закажан почетокот на дуелот меѓу Брера и Тиквеш. Утре (недела) на програмата се дуелите: Струга – Башкими ...

Лошите временски услови и изобилните врнежи од дожд направија многу проблеми во одигрувањето на фудбалските натпревари во Втората лига. Лошото време и терените натопени со вода ги принуди првите луѓе на клубовите во договор за одложување на натпреварите. Одложени натпревари од 15. коло на ВМФЛ: Детонит Плачковица – Скопје, Слога Виница – Охрид, Осогово – Новаци, Кожуф – Вардар Неготино и Големо Коњари – Тетекс. Минатиот викенд беше одложен ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул. Ватикан соопшти дека папата ќе одржи „кратка тивка молитва“ за време на посетата на Сината џамија. Тој за време на посетата е придружуван од раководителот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Дијанет, кој му ја покажа високата купола на објектот со сини плочки, пренесуваат светските ахгенции. Папата Лав Четиринаесетти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од неговиот претходник на функцијата, демократот Џозеф Бајден, бидејќи користел уред за автоматско потпишување. Кои се правните последици од одлуката на Трамп засега не е јасно. „Секој документ кој го потпишал Поспаниот Џо користејќи автоматско пенкало, што е околу 92 проценти од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква правна сила или ...

Во текот на 2024 година жителите на Западниот Балкан на возраст од 16 до 74 години речиси двојно поретко нарачувале стоки или услуги преку интернет отколку граѓаните на ЕУ, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. Така, додека просекот на ниво на ЕУ е 60,2 отсто, во Северна Македонија уделот на оние кои лани пазарувале преку интернет изнесувал 39,4 отсто, што, пак, е повеќе од стапките во Босна и Херцеговина каде ...

Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите. Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи вонредна состојба во провинцијата Сонгкла. ...

Две лица загинаа, а 20-тина се ранети во синоќешниот голем руски напад врз Украина, објави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој додаде дека Москва продолжува да „убива и уништува“ додека светот расправа за мировните планови за конфликтот во Украина. Русија испали десетици крстосувачки и балистички ракети и повеќе од 500 беспилотни летала кон обични домови, електричната мрежа и клучната инфраструктура“, напиша ...

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче. Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор. Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, ...

Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, по што следат Радовиш и Пожар со 37, Гевгелија со 35 и Штип со 28. Деветнаесет литри на квадратен метар наврнаа во Струмица, 16 во Виница, 15 во Куманово, 13 во Кавадарци и Крива Паланка, 12 во Попова Шапка, 11 во Претор, 10 во Маврови Анови и Скопје-Петровец, 8 во Берово, 7 во Лазарополе, 6 во Велес, 5 во Пожаране, 4 во Битола, Тетово, Крушево и Прилеп и ...

Хаосот со пензиите продолжува. Пензионерите и понатаму се во неизвесност дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира. Поради тоа, во понеделник, први декември, со почеток во 11 часот пензионерите од цела држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје. Од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување смируваат. Од таму потенцираат дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ...

Владата ќе ја јакне одбраната од хибридни закани преку обука на администрација, специјализирани програми за полицијата и Армијата – како и програми за медиумска писменост. Премиерот Христијан Мицковски смета дека е поминато времето кога институциите се зависни од одредени поединци. Нашиот национален интерес е јасен, мора да изградиме систем кој ќе препознае, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и ...

Во мусаката која се служела во прва смена во ООУ Димо Хаџи Димов пред два дена, најдени се грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето-две во училници и една во кујната. Додека пак, водата може да се употребува. Станува збор за бактерија која се пренесува со допир, а предизвикаува дијареа, стомачни тегоби, повраќање и причина за труње кај децата. Седум ...

Доцнењето на повратот на ДДВ од страна на државата за дел од компаниите е поради зголемените контроли кои се прават при проверка на документацијата. Директорката на УЈП Елена Петрева вели дека нивните проверки покажале дека дури половина барањата за поврат на ддв од фирмите биле со неправилна пресметка или неправилно поднесени. Сепак информациите на Телевизија 24 велат дека кај дел од компаниите повратот на ДДВ доцни и до една година. Елена ...

Картелското однесува на Сојузот на стопански комори и маркетите било фокусирано на ценовниците, а не на производите. На тој начин го прекршиле Законот за заштита на конкуренцијата и директно преку ценовниците влијаеле на крајниот исход. Во постапката е утврдено дека на состанок одржан на 5 февруари 2025 година учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на ...

Нов удар по џебот на граѓаните. По струјата, поскапува и парното. Од понеделник скопјани ќе плаќаат за речиси 6 отсто повисоки сметки за да ги загреат своите домови. Одлуката ја соопшти денеска првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимоски, објаснувајќи дека поскапувањето се прави за се инвестира во мрежата, која е стара повеќе од 60 години. Бислимоски тврди дека нема да поскапи преносот и дистрибуцијата на струја која се уште ја ...

Министерот за европсаки прашања Орхан Муртезани најави напори и обид за трет можен протокол за надминување на спорот и забрзување на евроинтеграциите. Целта е како што рече враќање на довербата меѓу Скопје и Софија. Сепак во насока на уставните измени веќе посочи дека тоа е превземена обврска која мора да се направи но потребно е и враќање на довербата за да се врати и дијалогот . Дека добриот дијалог со соседните земји секогаш е најдобриот ...

Неколкудневните врнежи што ја зафатија Македонија предизвика свлечишта на неколку локации низ државата. Земјата останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Во Центарот за управување со кризи беше одржан итен координативен состанок поради појавено обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски по иницијатива на општина Центар. Деканот на градежниот факултет Јосиф ...

Македонската кошаркарска репрезентација нема време за одмор, а кус е периодот и за подготовки за следниот натпревар. Синоќа во СРЦ „Кале“ македонските кошаркари постигнаа убедлива победа над Азербејџан со 87:49. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска отпатуваа за Даблин, каде во недела го играат вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029. Селекторот Илиевски веќе најави една промена и во составот ќе биде Џејкоб ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
4.63
73%
1013
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
86%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
71%
1021
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.62
96%
1023
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1008
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1020
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
2.06
75%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
94%
1012
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Рутениум

45750.51

Бакар

12.10

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38