Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Секојдневно се намалува бројката на објекти кои немаат обезбедни услови за испорака на топлинска енергија и имаат дефекти во внатрешната инсталација. Од 88 објекти за 24 часа бројката се намали на 79, информираат од ЕСМ снабдување и апелираат потрошувачите побрзо да ги отстранат дефектите со цел непречено снабдување на топлинска енергија. ЕСМ - Во моментов, 79 објекти немаат обезбедени услови за испорака поради дефекти во внатрешната инсталација ...
На 19 ноември ќе започне судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, објавија од Кривичниот суд Случајот за една од најголемите несреќи во земјава која проголта 63 лица ќе се одвива во рамки на Казнено-поправната установа Идризиво, а случајот ќе го води скопското јавно обвинителство. Предметот според Акмис системот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска. Кривичен суд: а. Поради интерес на медиумите и ...
Две гласања за доверба на францускиот премиер Себастијан Лекорни се закажани за денеска во францускиот Парламент, кои, се очекува, тој да ги преживее. Лекорни, кој веќе беше премиер со најкраток стаж во Франција во модерното време пред да биде повторно назначен на истата функција минатата недела, се соочи со можноста за уште пократок втор мандат сè додека пред два дена не направи отстапки за пензиската реформа, добивајќи ја со тоа поддршката на ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд - Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. -Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и ...
Формула 1 тимот Мерцедес денеска објави дека Џорџ Расел и Кими Антонели ќе останат во екипата и следната сезона. „Потврдувањето на нашиот состав на возачи секогаш беше прашање на кога, а не дали. Сакавме да одвоиме време, да ги спроведеме преговорите како што треба и да се осигураме дека сите, од сите страни, се задоволни. Мило ми е што го направивме тоа“, изјави директорот на Мерцедес, Тото Волф На шест трки до крајот на сезоната, Мерцедес е ...
Македонскиот и шпанскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и Барселона вечерва во Битола приредија вистински ракометен спектакл, не штедејќи ги тајните на ракометната игра. Светскиот клупски првак Барселона го совлада Еурофарм Пелистер со 34:30 (17:13) во рамки на петтото коло од групата Б во Лигата на шампиони, но резултатот брзо ќе биде заборавен, а мајсториите на Дикамем, Емил Нилсен и Макуч кај гостите, односно на Филип Кузмановски, Дејан ...
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска изјави дека се надева оти претседателот на САД Доналд Трамп, по придонесот за прекинот на огнот во Газа, ќе може да го фокусира своето внимание на наоѓање решение за конфликтот во Украина. Паролин, исто така, изјави дека во моментов нема конкретни знаци за мир во Украина, јави италијанската новинска агенција АНСА. - Се надевам дека, бидејќи поглавјето за Газа на некој начин е ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа изјави дека Америка е во трговска војна со Кина. Запрашан за заканата од трговска војна со Кина тој децидено кажа „веќе сме во трговска војна“. Трамп во петокот објави воведување дополнителни царини од 100 отсто за увоз од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи. Во објава на неговата социјална мрежа Truth ...
Кошаркарите на битолски Пелистер со пораз го почнаа настапот во ФИБА Еврокупот, откако вечерва загубија на гостувањето во Загреб од Цедевита јуниор со 94-76. Хрватскиот тим од самиот почеток ја имаше контролата врз резултатот и на полувреме Пелистер беше во негатива од девет поени (44-35). Натпреварот продолжи во ист ритам и по паузата и во завршните десет минути Цедевита јуниор ја зголеми предноста на 67-53. Пелистер се обиде да се врати ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА. Запрашан на прес конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека „ги испразнивме своите затворите во САД“ и дека „имаме многу дрога што доаѓа од Венецуела“. Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ ...
Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации. „Њујорк тајмс“ беше првиот медиуми што ја објави веста дека САД се подготвени за тајни операции што ќе ги спроведе разузнавачката служба на ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател. -Давам зелено светло за овие акции, ...
Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“, тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап. Фестивалот започнува вечер во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе настапат и Donplaya ...
Федералната судијка Сузан Илстон вчера ѝ наложи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги запре масовните отпуштања за време на делумното затворање на владата сè додека не ги разгледа тврдењата на синдикатите дека тоа е нелегално. На сослушувањето во Сан Франциско, судијката Илстон го одобри барањето на два синдикати за привремено блокирање на отпуштањата во повеќе од 30 агенции. Директорот за буџет на Белата куќа, ...
Во организација на неформираната Фондација „Пријатели на Европа Жак Делор“ денеска во Брисел се одржува на тркалезна маса на високо ниво посветена на состојбата на Европа, насловена „Европа е важна: Сега или никогаш“. - Во време кога општествените кризи се редат една по друга, а геополитичките предизвици се интензивираат, Европа е во опасност. Следните неколку години ќе бидат решавачки во обликувањето на иднината на Европа. Убедени сме дека ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово се очекува да почне дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела. Од ОИК доверливиот материјал - гласачките ливчиња и Избирачкиот список потоа ќе бидат дистрибуирани до Избирачките одбори. Дистрибуцијата ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. Доверливиот ...
Првата конференција за развивање видео игри во Северна Македонија Game Dev Rev 2025 ќе се одржи денеска во Македонскиот народен театар, во организација во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за развивање на видео игри (МГИ Скопје). На конференцијата ќе присуствува претседателот на Европската федерација за развивање на видео игри, Јари-Пека Калева, врвни говорници и спикери, а повеќе од 30 инди студија ќе ги претстават своите ...
Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио вечерва започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ. Реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...
Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје. Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Стајковци, во општина Гази Баба. Како што информира ЕВН Македонија во периодот од 09:00 ...
Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик. -Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. ...
Политичката партија Левица попладнево најави дека ќе поднесе апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд ја одби нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кое се однесува на распределбата на рекламниот простор за време на изборната кампања. Според Левица, спорното Упатство довело до целосна цензура на нивната ...
Топката е во ваши раце и она што треба да го направите се уставните измени . Ова е пораката која претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен му ја пренела на премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба како резултат на турнејата која ја имаше на Западен балкан а ја заокружи токму со Македонија како последна земја . Високата претставничка на ЕУ на мрежата Икс се огласи веднаш по средбата Целосно ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот ...
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Лука Костиќ во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик, како играч на кипарскиот прволигаш Анагениси Дериниа. Македонскиот одбојкар и кипарскиот клуб се обврзаа на едногодишна соработка. Костиќ е четвртиот интернационалец во редовите на Анагениси Дериниа, а во дресот на новиот клуб ќе дебитира викендов, кога стартува кипарскиот шампионат. „Со Дериниа се договоривме на едногодишна соработка. ...
Француската крајнодесничарска политичарка Марин Ле Пен не успеа во обидот да ја поништи одлуката да биде исклучена од избори. Државниот совет (Conseil d’État), највисокиот управен суд во Франција, ја одби жалбата на пратеничката и лидерка на партијата Национален собир. Судиите изјавија дека прописите што се во прашање можат да се изменат единствено со промена на законот. Суд претходно во април ја осуди Ле Пен за злоупотреба на средства од ...
Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Адмирал Бред Купер денеска го повика Хамас „веднаш да го прекине насилството и пукањето врз недолжните палестински цивили во Газа“. Како што изјави, неговата наредба се однесува и на деловите од Газа кои се под контрола на Хамас и на подрачјата каде што сè уште се присутни израелски сили. - Ова е историска можност за мир. Хамас треба да ја искористи така што целосно ќе се повлече, строго ќе се ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските ...
Од денеска официјално почна грејаната сезона. Надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродорм велат дека радијаторите биле само минимално загреани утринава а во текот на денот парното било исклучено. Покрај жителите на Аеродром, ладни радијатории денеска имало и во Општина Кисела Вода. Вработени во една од градинките во ...
Јавниот обвинител да се избира и да се разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието и мандатот да е без можност за повторен реизбор - ова се дел од препораките на Венецијанската комисија за предлог-законите за јавното обвинителство и советот на јавни обвинители до Владата. Освен ова, Комисијата препорачува во критериумите за позицијата јавен обвинител да се вметнат и менаџерските и организациските вештини, како и да се бара Владата да ...
Обвинителството започна со изведување на докази, откако Кривичниот суд на минатото рочиште донесе одлука дека Раде Трајковски Штекли е способен да го следи судскиот процес за делото кое му се става на товар заедно со останатите обвинети за делото неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Обвинителството како докази изнесе службени белешки за обвинетите-списи од МВР за одземени кесички со прашкаста и тревкаста материја, ...