Се чувствувам виновен. Се каам. Се извинувам на оштетениот. Се каам за стореното. Со овие зборови, призна вина, еден од тројцата обвинети, во врска со запалена куќа во Велешко. На главната расправа што вчера се одржа во Основен суд - Велес, обвинетите Ѓоре Петровски, Даниел Димески и Сашо Муневски, беа доведени од Казнено поправната установа „Затвор - Скопје“. Тие се во притвор повеќе од пет месеци. Обвинителство: Со запалива течност во туба, ...

Во изминатите пет години, ЈП „Лајка“ се посвети на создавање системско, хумано и одржливо решение за проблемот со бездомните кучиња во градот. Нашата мисија не е само спасување, згрижување и вдомување на животните – туку и подобрување на заедничкиот животен простор, бидејќи вдомувањето не е само хуман, туку и општествен, комунален, едукативен и превентивен процес. Секое вдомено куче значи едно животно помалку на улица, помалку ризици за ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа одлука се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем. Како што информира Министерството за европски прашања, од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во ...

Раководното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на САД на патеката во Тексас за ризична поради високите температури. Ова е втора трка по ред што е прогласена за опасна поради топлината, по трката во Сингапур пред две недели. Се предвидува дека температурите ќе надминат 31 степен Целзиусов претстојниот викенд во Остин што е индексот на топлина кој Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го користи за да ...

Американскиот кошаркар Расел Вестбрук, кој следната недела ќе ја почне својата 18. НБА сезона, потпиша едногодишен договор со Сакраменто, објавија денеска неговиот нов клуб. Вестбрук, кој идниот месец ќе го прослави својот 37 роденден, ја смени клупската средна, откако не го продолжи договорот со Денвер во чиј дрес играше минатата сезона. Најдобриот играч (МВП) во НБА лигата во 2017 година ќе ја продолжи својата богата кариера со седмата ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека се продадени повеќе од еден милион билети за Светското првенство, кое ќе се одржи идното лето во САД, Канада и Мексико. Најголема побарувачка е регистрирана од навивачи во трите земји домаќини, а билети купиле навивачи од 212 различни држави и територии, иако досега се познати само 28 од 48 учесници на мундијалскиот турнир од 11 јуни до 19 јули идната година. ФИФА објави дека Англија, ...

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив нема да можат да присуствуваат на натпреварот од Лига на Европа против Астон Вила во Бирмингем од безбедносни причини, објави денеска локалната полиција. Како што пренесува Би-Би-Си, полицијата изрази загриженост дека нема да може соодветно да одговори на можните протести за време на натпреварот што ќе се игра на 6 ноември на Вила Парк. „Клубот е во постојан контакт со Макаби и локалните ...

Најдобрите тенисери во светот, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, втора година по ред ќе играат за наградата од шест милиони долари на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад. Синер го победи Алкараз со 6-7 (5), 6-3, 6-3 во финалето на минатогодишното инаугуративно издание на турнирот за да ја освои најголемата награда во историјата на тенисот. Алкараз в сабота ќе има шанса да му се реваншира на Италијанецот, ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, информираат од МВР. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ...

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври. По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде изборно соочување ќе имаат Блаже Шапов поддржан од коалицијата на СДСМ и Мајран Пеев ВМРО-ДПМНЕ, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина. „Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X. Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан ...

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за следните неколку дена најави конститутивна седница на Советот за национална безбедност, на чиј дневен ред ќе биде Акциски план за одбрана од хибридни напади. Во канцеларовото соопштение до Бундестагот, Мерц ја обвини Русија за обид за дестабилизација на Германија и Европа преку саботажи, шпионажа, убиства, кибернапади и целни дезинформација. Тој, истовремено, ги обвини пратениците на десничарската ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека моментумот што доведе до крајот на војната на Блискиот Исток ќе помогне да се заврши и војната на Русија против Украина. Зеленски оваа порака ја објави синоќа на мрежата X по слетувањето во Вашингтон, каде што денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. „Утре е закажана средба со претседателот Трамп и очекуваме дека замавот за сузбивање на теророт и војната ...

Против поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, вчера беше покренато обвинение за задржување и пренесување информации од интерес на националната одбрана. Британските медиуми наведуваат дека ова е трет пат во последните неколку недели американското Министерство за правда да поднесува кривични пријави против некој од критичарите на републиканскиот претседател. Адвокатот на Болтон не одговори веднаш на барањето за ...

Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади. „Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја“, рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети. „Ни требаат, па не знам што можеме да направиме“, додаде тој. Трамп денеска ќе го прими украинскиот претседател ...

Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“. Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, оценува дека скулпторскиот опус на Васил Василев е континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања. Таа посочува дека асоцијативните вертикали, дел од последниот циуклус на Василев, се резиме на сите атрибути на неговото обликовно размислување, ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени ...

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...

Припадниците на Командата за операции (КО) денеска со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово, ќе го одбележат денот на единицата. На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. За ден на Командата за операции е определен 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се ...

Претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, во гостување во Аргумент+ , писмото од јавниот обвинител Коцевски го оцени како класичен чин на заплашување на адвокатите. Писмото го анализиравме во комората и не утврдивме дека некој од адвокатите го нарушил угледот на обвинителството или кодексот за професионалност на адвокатите со тоа што го коментирал обвинението за Кочани зашто тоа е јавно. А што би кажале на тоа кога Коцевски ...

Градејќи објект во Струга градежник урнал дел од куќата музеј на Владо Малески авторот на македонската химна,куќа која патем е и заштитено културно наследство. Од полицијата велат дека станува збор за лице од Велешта со иницијали Н.К, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На терен веднаш излегле стручните лица при Завод и музеј Охрид и констатирале значителни оштетувања.Дали е случајно или ...

Македонија има квалитетен земјоделски производ погоден и за домашна употреба и за извоз, уверува министерот за земјоделие Цветан Трипуновски по алармот вклучен во Хрватска за над 15 000 килограми македонска пиперка ајварка со токсини која од нашата држава завршила на хрватскиот пазар. Трипуновски вели дека во првите пет месеци од оваа година земјоделскиот извоз е зголемен за 57 милиони евра споредбено со лани, односно извозот изнесува 167 ...

Последните податоци на Народна банка за првото полугодие за е-трговијата расте, односно за 34% споредбено со истото полугодие минатата година, вредноста е 456 милиони евра. Според проценките на Асоцијацијата за е-трговија, секоја година електронската трговија расте, а граѓаните се свестуваат, понудата се зголемува, се отвораат странски провајдери. Откако Владата усвои измени и дополнување на Законот за данок на додадена вредност со што ќе се ...

Вработените во Паркови и зеленило со најава за тужби против раководството на претпријатието, бидејќи платите не ги добивале во законски рок до 15-ти во месецот. Ако до утре не им се исплатата платите ќе носат одлука за штрајк и протест за блокади на клучни крстосници во Скопје. Од Синдикатот потенцираат дека недозволиво е работникот да работи а за тоа да моли за плата која не ја добива. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ и денеска не одговори ...

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека Пулс започнува на 19 ноември во 9 часот и 30 минути, објавија од Кривичниот суд, од каде велат дека поканите до странките се веќе во фаза на достава. Случајот за една од најголемите несреќи во земјава која проголта 63 лица ќе се одвива во рамки на Казнено-поправната установа Идризиво, а случајот ќе го води скопското јавно обвинителство. Предметот според Акмис системот е распределен кај судијката ...

Обвинителката Ленче Ристоска тврди дека е изложена на притисоци и закани поради предметите што ги води против ВМРО-ДПМНЕ. Откако судот реши да го замрзне имотот на партијата, меѓу кои и седиштето, Белата палата, на веб страницата на ВМРО ДПМНЕ беше објавено соопштение во кое таа е наречена „тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“. Ристоска реагира дека станува збор за напад и заплашување од ...

Јавна морална осуда од Лекарската комора за случајот со видеоснимката на неврологот Игор Кузмановски. Речиси една недела откако протече видео во кое Кузмановски меша бела прашкаста материја, од Комората денеска соопштија дека Комисијата за етички прашања се состанала и освен јавната морална осуда за понатамошно постапување во однос на прекршување на етичките норми - ќе ги чекаат извештаите од комисиите на министерството за здравство и клиниката ...

Поголема самостојност и одговорност на обвинителството, и негово ослободување од политички партиски и други влијанија. Вака дел од правната фела ги коментира препораките на Венецијанската комисија за предлог-законите за јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители упатени до Владата. За академик Владо Камбовски, препораките коинцидираат со тие дадени за судскиот совет - за зацврстување и унапредување на судската власт. Ова прашање веднаш ...

ДИК ја почна дистрибуцијата на изборниот материјал над 4,6 милиони гласачки ливчиња, меѓу кои најдолгото е половина метар. Претседателот на ДИК Борис Кондарко посочи дека изборниот материјал вклучува листи, гласачки ливчиња, записници и други доверливи документи, се дистрибуира низ целата земја преку 17 тимови на ДИК и со поддршка од МВР. Според Вангел Талевски, генерален директор на печатница „Киро Дандаро“ — Битола, причината за огромната ...

На пет места во Скопје и 30 пункта низ Македонија ќе се аплицира вакцина против сезонски грип. Интересот е голем на апликацијата vakcinacija.mk досега се пријавени над 43 000 граѓани. Од центар за јавно здравје Скопје за телевизија 24 велат дека има голем интерес и за кај нив, пристигнати се вакцините и спроведува според предвидената динамика. Епидемиологот Лулзиме Бајрами со порака до пациентите дека ако во случај не можат да дојдат за ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
84%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.3
84%
1026
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 2ᴼ
2.06
88%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
86%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Паладиум

53788.20

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Платина

62683.26

Калај

43.15

Рутениум

29192.88