Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време, проследено со умерен северозападен ветер. Според прогнозите на УХМР, ветерот ќе биде поизразен во среда, кога на моменти ќе засилува до силен, а долж Повардарието ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција. -Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба, пишува Гаши во ...
Утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради протестен марш, кој ќе започне во 12:30 часот, а се организира од група граѓани како израз на незадоволство поради поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Како што соопшти денеска МВР, трасата на маршот ќе започне пред плоштад „Карпошово востание“, продолжува по ул. „11-ти Март“ преку Камени мост, по ул. „Никола Вапцаров“ и завршува на ул. ...
По најавата за протестен марш утре пред Министерството правда со кој, како што е најавено, учесниците ќе изразат незадоволство од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит односно неможноста да го полагаат на албански јазик, премиерот Христојан Мицкоски ги повика „да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија која сè уште живее во спомените односно во времето од минатиот век“. На кандидатите што ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика вонредна седница на Советот за одбрана за денеска попладне откако српските власти пронајдоа експлозиви и средства за нивно активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Орбан објави на својата страница на социјалните мрежи дека токму имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ. „Тукушто го завршив телефонскиот разговор со српскиот претседател ...
Припадници на Управата за криминалистичка полиција заедно со Воената полиција и други единици на армијата на Србија од раните утрински часови се ангажирани за пребарување на дел од територијата во општина Кањижа. Според белградски медиуми, во реонот на селата Велебит, Трешњевац и Војвода Зимоњиќ во општина Кањижа, во непосредна близина на гасоводот се пронајдени сомнителни предмети. Во акцијата се ангажирани 140 припадници на војската и ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, српските бебзедносни единици пронашле експлозив со разорна моќ. „Тукушто завршив телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кој го информирав за првите резултати од истрагата на нашите воени и полициски власти, во врска со загрозувањето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и ...
Дел од нафтовод во рускиот пристанишен град Приморск на Балтичкото Море е оштетен во напад со украински дронови, изјави гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко во објава на апликацијата за пораки Телеграм. Дрозденко рече дека никој не е повреден во нападот. Протокот на нафта низ цевководот е запрен, а пожарот е безбедно изгаснат, додаде регионалниот гувернер. Украина ги засили нападите врз руските пристаништа на Балтичкото ...
Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури. -Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме ...
Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава. Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден според грегоријанскиот календар во негово лично име и во име на Владата, посочувајќи дека овој празник е најголемиот и најрадосниот во христијанската вера. -Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца со вера, мир, љубов и нова сила. Нека ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед изразувајќи искрени желби празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост, љубов и среќа. Таа посочи дека речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив ...
Ракометарите на Охрид и во реванш-натпреварот од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп одигран вечерва на домашен терен го совладаа атинскиот клуб Олимпијакос со резултат 25:24 (14:12 полувреме). Пред три илјади гледачи во целосно исполнетата сала „Билјанини извори“ во Охрид домаќините за нијанса беа подобриот тим и на крајот заслужено се радуваа. Натпреварот беше доста тврд, гостите од Грција беа нешто поефикасни во вториот дел, дури и водеа ...
Вториот член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15 соборен над Иран е „безбеден и здрав“ откако беше спасен од војската, изјави претседателот Доналд Трамп во објава на Truth Social рано утрово. „Тој претрпел повреди, но ќе биде сосема добро“, рече Трамп, опишувајќи ја мисијата за враќање на војникот како „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД“. Американски борбен авион Ф-15Е беше соборен над Иран ...
Иранските вооружени сили го отфрлија новиот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп повика на деблокирање на Ормуската Теснина во рок од 48 часа или целиот пекол ќе падне врз Иран. Но, иранските вооружени сили рекоа дека ваквите закани се глупави. „Агресивниот и воинствен американски претседател, откако претрпе последователни порази, почна на беспомошен, нестабилен, нервозен и глупав начин да ја загрозува инфраструктурата и ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска повика на максимална воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа на Блискиот Исток. Повикот на Гроси следува по нападот врз нуклеарниот објект Бушер во јужен Иран. Гроси објави на социјалната мрежа X дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење, но повика на максимална воена воздржаност Иранскиот министер за надворешни ...
Европската Унија мора да ги укине санкциите за увоз на руска нафта и гас, да преземе чекори за обновување на гасоводот „Дружба“ и да ја прекине војната во Украина за да се справи со енергетската криза што произлезе од конфликтот во Иран, соопшти словачкиот премиер Роберт Фицо по денешниот телефонски разговор со својот унгарски колега Виктор Орбан. - ЕУ, а особено Европската комисија, мора веднаш да го продолжат дијалогот со Русија и да ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени. До средината на следната седмица ќе се задржи ...
Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа. Сообраќајот ќе биде привремено затворан во три временски интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 ...
Иран постави пет клучни услови кои, според официјален Техеран, треба да бидат исполнети за да се стави крај на тековниот конфликт во регионот. Според иранските власти, условите вклучуваат- Целосен прекин на воените операции, итно запирање на нападите од сите страни, како предуслов за било какви понатамошни разговори. Гаранции за безбедност – Техеран инсистира на меѓународни гаранции дека нема да има нови напади врз неговата територија или ...
По неколкунеделно уверување дека енергетската состојба е стабилна, Владата сега повлекува нов потег – ќе се намалуваат акцизите на горивата. Кај дизелот акцизата се крати за 4 денари, а кај бензините за 2 денари, најави денеска премиерот Мицкоски. Повластената стапка на ДДВ од 10 отсто останува на сила уште две недели. За утре е закажана владина седница на која ќе се официјализираат овие мерки, со цел да се намали притисокот врз стандардот и ...
Молкот на институциите за кочанската трагедија, одговорноста што сè уште се чека, одговори за цијанидот и обдукциите на загинатите од дискотеката „Пулс“ ги извади родителите повторно на кочанските улици... 40-ти протестен марш за правда за изгубените 63 животи... Во Кочани е колешката Енџи Николовска... Енџи, кои се пораките од денешниот марш за ангелите. Молкот на институциите за кочанската трагедија, одговорноста што сè уште се чека, ...
Се повеќе нови случаи на карцином – но и се подолг животен век на пациентите. Последните бројки кои денеска ги презентираа од Фондот за здравство говорат дека за 15 години двојно е зголемен бројот на пациенти со рак на дојка од 3500 на 7000 - што говори за зголемување на нивниот животнот век. Слична статистика има и кај другите онколошки пациенти. Од Фондот - тврдат дека ваквиот тренд е резултат на воведување на нови терапии и современи ...
Предлог-законот за високо образование е во завршна фаза и од понеделник ќе биде поднесен на влада, потврди министерката за образование Весна Јаневска, додавајќи дека во завршната фаза ќе бидат земени предвид сите конструктивни и аргументирани забелешки поднесени од страна на јавноста и академската заедница. Од универзитетската фела со бројни забелешки. Универзитетската професорка Тамара Јованов за Телевизија 24 истакнува дека во законот ...
За жал, нема впечаток дека Македонија притиска и брза за членство во Унијата и не ни оди во прилог Македонија сама да се оттурнува од европскиот пат – вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24. Таа порачува дека официјално Скопје треба проактивно да работи со земјите членки на Унијата и дека не може само известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, да ја води ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче бара Владата да ги прифати предлог мерките кои СДСМ ги понудила уште претходно за да се заштитат граѓаните од ценовните шокови поради кризата, како и да ги разгледа опциите поради најавите за можен недостиг на горива. И она што Владата сега го нуди или допрва ќе го разгледува, вели тој, се мерки на СДСМ кои власта доцна ги прифаќа и оти граѓаните веќе ги чувствуваат последиците и ја платиле цената. ...
„ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја информира јавноста дека на 28.03.2026 имаше кус прекин со напојувањето на електричната енергија во една од просторииите на Одделението за интензивна нега и терапија, но веднаш е постапено по сите протоколи. Вакви случаи со техниката можат да се случат секаде во светот и тоа е нешто што не можете да го конторлирате. Затоа клиниката е подготвена согласно протоколите веднаш да реагира ...
Министерката Весна Јаневска најави дека сите издржани забелешки кои што ќе бидат дадени на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид пред тој да биде затворен и пуштен во владина процедура, исто, како што рече, што биле прифатени контруктивните забелешки во изминатиот период. Со него, смета таа ќе се воспостави ред во високото образование и ќе се остранат сите нерегуларности, посочувајќи на примен на еден од затворените ...
Министерството за внатрешни работи упатува известување до граѓаните, дека утре од 10 часот на полигонот „Криволак“ во близина на Неготино, од страна на екипи од МВР, АРСМ и ДЗС, ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства и неексплодирани убојни средства. Од Општина Неготино ги известуваат жителите на општините што гравитираат околу армискиот полигон „Криволак“, дека утре ќе се реализираат вежбовни активности за обука и дневно - ...
Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Бројот на нови случаи со некој од овие три вида канцер останува релативно стабилен на Онкологија, но вкупниот број ...