
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Директорот на болницата за Геријатриска и палијативна медицина во Скопје - Мухсин Арифи барал 100 000 евра - за да смести тешко болен пациент во установата која ја води. Јавното обвинителство веќе започна истражна постапка за директорот. Тој се сомничи за кривично дело примање поткуп. Кривично се гони и уште едно лице, кое на Арифи му помагал да го прими митото. Од 19 минатиот месец па се до вчера - двајцата осомничени кроеле план како да ...
Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа откако Америка претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по двете претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од ...
Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка. Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во ...
Земјите-членки на Европска Унија гласаа за воведување на царини за некои за некои стоки од САД. Новите царини стапуваат во сила на 15 април, соопшти Европската комисија. - Европска Унија оценува дека американските царини се неоправдани и штетни и предизвикуваат економска штета за двете страни, како и за глобалната економија. ЕУ јасно изјави дека претпочита преговори со САД, кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија, се ...
Авганистанските талибанци денеска ги демантираа гласините дека воздухопловната база Баграм во Авганистан е повторно под контрола на САД, објави лондонски Индипендент. Демантот уследи откако американски воен товарен авион во неделата слета во ова абаза во Авганистан. Авион Ц-17 полета од воздухопловната база Ал-Удеид во Катар и во неделата слета во базата во Баграм, пристигнувајќи во Авганистан преку Пакистан,јавија локалните медиуми. Кама прес ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини за земјите ширум светот, откако предизвика критики и загриженост ширум светот со таквите потези. Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон синоќа го фалеше својот план за воведување царини, велејќи дека лидерите од многу земји го бараат и молат за договор за царините, објави Еј-Би-Си Њуз. Трамп повтори дека САД во ...
Во бугарската престолнина Софија и во другите градови низ земјата денеска ќе се одржат протести на вработените во угостителството, со барање да остане на сила стапката на ДДВ од девет проценти за туристичкиот сектор. Во Софија протестот ќе се одржи денеска од 15 до 19 часот под слоганот „Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам, не ни ги гаснете светлата засекогаш“, а рестораните ќе бидат затворени од 14:30 до 19:30 часот. Протестите ...
Три лица се убиени, а тројца се повредени во престрелка што синоќа се одиграла во сојузната држава Вирџинија, јавија американските медиуми. -Полицијата вчера околу 17,30 часот добила повик за пукање во комплекс на градска куќа во округот Спотсилванија, на околу 60 милји југозападно од Вашингтон, рече мајор Елизабет Скот, портпаролка на Канцеларијата на шерифот Спотсилванија. Засега нема уапсени. -Има десетици и десетици полицајци кои активно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера издаде извршна наредба со цел да го блокира спроведувањето на државните закони донесени за намалување на употребата на фосилни горива и борба против климатските промени. Овој потег е последен во серијата напори на администрацијата на Трамп да го зголеми домашното производство на енергија и да се спротивстави на политиките за намалување на јаглеродот, кои главно се предводени од демократите. Инаку, ...
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 158 украински беспилотни летала над Русија, како и над Црното и Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана. Огромно мнозинство беспилотни летала се уништени над Краснодарскиот регион, вкупно 67,29 дронови се уништени над Ростовската област, а 15 беспилотни летала над Република Северна Осетија-Аланија. Прецизирано е дека 11 биле соборени во областа Воронеж, десет во ...
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Љумир Абдиџику, ја одби поканата на претседателот на „Самоопределување“ и вршител на должноста премиер Албин Курти, за консултативна средба пред конститутивната седница на косовскиот Парламент, што ќе се одржи на 15 април. Во долга објава на Фејсбук Абдиџику истакна дека зборовите и политичките ставови што „Самоопределување“ ги искажувала кон ДСК низ годините се неспоиви со овој тип на ...
САД предупредија дека кинеското разузнавање користи измамнички методи за регрутирање сегашни и поранешни функционери на американската влада. Предупредувањето од Националниот центар за контраразузнавање и безбедност (НЦЦС) доаѓа во време на масовни отпуштања во федералната администрација, што ги спроведува Одделот за ефикасност на владата, на чело со Илон Маск. - Странските разузнавачки субјекти, особено оние во Кина, ги таргетираат сегашните и ...
Еден чувар е повреден во пожар што утринава избувна во породилиште во источниот дел на Москва, соопшти руската служба за итни случаи. -Според ажурираните податоци, евакуирани се 224 лица, спасени се 37. Повреден е чуварот на зградата, изјави извор од службата за итни случаи, пренесоа руските медиуми. Претходно прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека 39 лица се евакуирани поради пожарот што утринава избувна на ...
Со исказ на поранешна вработена во Државниот завод за ревизија и членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга заврши сослушувањето сведоци во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобилот „Ауди А6“. На следното рочиште закажано за 9 јуни во Основниот суд во Струга, обвинетиот треба да ја даде својата одбрана, по што ќе следат завршни зборови на бранителот, јавниот обвинител и изрекување пресуда. - На ...
Уставниот суд денеска на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на Левица Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На 3 октомври 2024 година, Уставниот суд одржа јавна седница со присуство на подносителот и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во барањето е наведен дека со дејствие ја сторил повредата врз подносителот ...
Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент). Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 ...
Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии. Во стоковните резерви ќе се складираат 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари. - Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во ...
Најмалку 79 луѓе загинаа, а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез. Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени. Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез. Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја ...
Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ – Скопје вечер од 19:30 часот во Музејот на македонската борба ќе го изведе концертот насловен „Мелодија што трае“. Концерот е резултат од едукативниот семинар спроведен под водство на проф. д-р Драган Даутовски, со активна вклученост на наставниот кадар и учениците од Насоката за традиционална музика и игра. Како што информира ДМБУЦ, програмата вклучува изведби од богатата ...
Во Центарот за култура во Битола вечер ќе биде приредена проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“ Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување. На културниот настан ќе гостуваат режисерот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Америкнски Држави добиваат 2 милијарди долари дневно од царини. Трамп го изјави ова тврдење за време на настан во Белата куќа без да наведе детали. Американскиот претседател воведе низа царини за други земји откако ја презеде функцијата во јануари. Дневниот извештај на Министерството за финансии за депозитите и повлекувањата од неговата генерална сметка, главната оперативна сметка на ...
Најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк и бараат колективни договори и реални зголемувања на платите за справување со поскапувањата, а паралелно во низа градови ќе се одржат и протести, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот ќе ја парализира земјата со оглед на тоа што учествуваат и голем број синдикати, здруженија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп почна притисок за заживување на енергијата на јаглен во САД, погрешно наведувајќи ја Германија како модел за враќање на фосилното гориво, јави ДПА. Трамп потпиша извршна наредба за зајакнување на „прекрасната американска индустрија за чист јаглен“, сигерирајќи им на федералните агенции да ги повлечат регулативите што го ограничуваат ископувањето и извозот на јаглен. Говорејќи на настан во Белата куќа заедно ...
Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц постигнаа договор со централно-левичарските социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ. Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц. Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија ...
Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата од влијанието на огромните американски царини за кинескиот увоз. Акциите на Епл паднаа за повеќе од 20 проценти, бришејќи над 700 милијарди долари во последните денови, намалувајќи ја нејзината пазарна вредност на околу 2,6 трилиони долари. Мајкрософт, во меѓувреме, напредуваше со вредност од ...
Дваесет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северната кинеска провинција Хубеи, објавија локалните медиуми во средата, пренесе ДПА. Пожарот избувнал вчеравечер во дом за стари лица во близина на градот Ченгде, на околу 220 километри североисточно од Пекинг, објавија кинеските државни медиуми повикувајќи се на локалните власти. Другите жители на установата се пренесени во блиските болници на лекување, пренесува ДПА. Експерти од ...
Времето утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, ведро и студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Од денеска до петок во официјална посета на Северна Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседател на Државниот збор на Словенија, поради што во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. - Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информираат од МВР. Оттаму додаваат дека СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Во Основниот суд во Струга денеска во две одвоени рочишта треба да продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Расправата за набавката на луксузниот автомобил, поради промената на судечкиот судија почна од почеток со изведување докази и сослушување сведоци. Иако одбраната достави приговор за ...
Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово. Ова доаѓа откако, премиерот Христијан Мицкоски, вчера го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет ...