Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, и изјави дека во разговорот нагласил оти едностраните мерки на Приштина, како и примената на прописите без да се земат предвид реалните околности на теренот и без договор во Брисел, создаваат сериозен притисок врз српскиот народ и виталните српски институции во Косово. ...

Четири лица го загубија животот кога гумен чамец со мигранти потона во водите на каналот Ла Манш при обид да доплови до брегот на Велика Британија - соопштија локалните власти во Кале. Во тек е обемна акција за потрага и спасување, а властите наведуваат дека бројот на загинати може да порасне. Гумените чамци, какви што најчесто користат оние што се занимаваат со шверц на луѓе за превоз на мигранти од северните делови на Белгија и на Франција ...

Пратеници во Европскиот парламент од групата Зелени и Да ја обновиме Европа денеска побараа итна и јасна реакција од Европската комисија поради влошувањето на ситуацијата во Србија, колапсот на владеењето на правото, демократските стандарди и основните права, со оценка дека одговорот од Брисел треба да вклучува и прекин на финансирањето. Во писмо упатено до претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и Колегиумот на комесари, тие ...

По онколошките и пациентите со ретки болести, сега и дијабетичарите предупредуваат на сериозен недостиг од антидијабетна терапија.....Од пацинетското здружение велат дека освен од терапијата последниве два месеци има недостиг и од ленти за мерење на шеќер во крвта...... „Веќе подолг период, над 6 месеци има сериозен недостиг на антидијабетна терапија, а последниве два месеци и ленти. Апелираме министерството за здравство да ја забрза ...

Резултатите од токсиколошките анализи на починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат јавно презентирани во судница од страна на вештаци од судска медицина. Ова е одговорот кој дел од родителите на починатите деца го добија од страна на директорот на судската медицина доктор Александар Станков при нивната средба денеска во Скопје која беше со цел да се добијат одговори за обдукциските наоди. Таткото на починатата ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела поранешен новинар соработник на Радио Слободна Европа под сомнение за велепредавство. ФСБ не го откри идентитетот на приведениот, кој се сомничи дека соработувал со Украинската разузнавачка служба (СБУ). Украина и Радио Слободна Европа сè уште не го коментираа случајот, а ФСБ не посочи дали приведениот маж ги негира или ги признал обвиненијата. Руската Федерална служба ...

Прв ден од примирјето меѓу САД и Иран а Доналд Трамп веќе се закани дека ќе има жестоки напади ако не се почитува договорот. Американската армија ќе остане на Блискиот Исток а доколку Техеран не се придржува до планот, војната ќе продолжи. Доналд Трамп – претседател на САД „Тоа беше договорено одамна и, и покрај сета лажна реторика спротивно на тоа – НЕМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ и Ормутскиот теснец ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН И БЕЗБЕДЕН. Во меѓувреме, нашата ...

Дел од родителите на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани стигнаа пред Судска медицина, каде што бараат средба со директорот. Велат дека и покрај бројни дописи и барања до институциите, немаат добиено клучни резултати од обдукциските и токсиколошките анализи, вклучително дали биле земени биолошки примероци или дали е испитувано присуство на отровни супстанции. Истражната постапка за пожарот во клубот „Пулс“ ...

Пешаците, велосипедистите и оние кои управуваат со мотори и тротинети и користат електронски уреди се соочуваат со предупредувања и санкции. Надлежните апелираат дека со овој потег се загрозува безбедноста на учениците во сообраќајот. Целта на казните е да се подигне свеста кај граѓаните. „Казната за оние пешаци кои поминуваат пешачки премин, зборувајќи на мобилен телефон или гледајќи во него изнесува четириесет евра. Додека пак за ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја коментираше победата од 2:0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. - Не мислев дека мојот тим Атлетико Мадрид, ќе славеше победа „Камп Ноу“. Многу е тешко. Тие се веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со ПСЖ и Баерн. Благодарение на добрата тимска работа, успеавме да ги искористиме клучните моменти во натпреварот. Вториот гол ни даде самодоверба и штета ...

Врховниот суд на Русија денеска треба да ги сослуша аргументите за тоа дали да ја забрани водечката организација за човекови права „Меморијал“. Рочиштето денеска ќе се одржи зад затворени врати. Министерството за правда поднесе барање „Меморијал“ да биде прогласена за екстремистичко меѓународно движење и да се забранат нејзините активности во Русија, пренесе ДПА, повикувајќи се на руските државни медиуми. Основана во 1989 година, оваа ...

Руски дронови ја оштетиле трансформаторската станица во јужниот украински регион Одеса. Гувернерот на областа, Олех Кипер, соопшти дека нема загинати ниту повредени во нападите. Компанијата што стопанисува со станицата соопшти дека чека одобрување од армијата за да почне со поправка на инсталацијата, но тоа засега не е можно поради тоа што областа е речиси постојано под руски оган. Во серија воздушни напади извршени во текот на ноќта во ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека САД никогаш не ветиле дека ќе го вклучат Либан во договорот за примирје со Иран, и покрај тоа што во Техеран можеби е стекнат поинаков впечаток. „Ако Иран сака преговорите да пропаднат поради Либан, тоа е нивен избор“, рече Венс пред заминувањето од Будимпешта, оценувајќи дека тоа би било „глупаво“. Претходно претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, на платформата Икс ...

Од утре стартува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини. Со новиот систем, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа значи дека ако утре ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американските воени бродови и авиони остануваат во близина на Иран и се закани со можност за воена акција ако Техеран не го почитува потпишаниот договор. Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран се додека договорот целосно не се почитува“. Тој додаде ...

Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, најави дека ќе продолжи со нападите врз Израел по смртоносните израелски воздушни напади извршени врз Либан. Како одговор на „кршењето на примирјето“ од страна на Израел, Хезболах соопшти дека во текот на ноќта гранатирал населби во северниот дел на Израел. Групата истакна дека нејзините одмазднички напади ќе продолжат се додека не престане израелско-американската агресија. Според либанското ...

Либанскиот премиер Навах Салам го прогласи четврток за ден на национална жалост по серијата вчерашни израелски напади во кои, според различни извори, беа убиени околу двесте лица. „Четврток ќе биде ден на национална жалост за мачениците и ранетите во израелските напади чија цел беа стотици невини и беспомошни цивили“, наведе Салам во соопштението. Израел ги започна своите најжестоки напади врз Либан од почетокот на конфликтот со Хезболах ...

Џамијата Ал-Акса, која беше затворена од почетокот на војната со Иран, утринава беше повторно отворена за рана молитва, објави јорданскиот верски орган кој управува со комплексот во Стариот град на Ерусалим. Полицијата во Ерусалим вчера објави дека од утрово ќе ги укине ограничувањата на сите свети места во Стариот град, откако беше постигнат договор за привремен прекин на огнот во конфликтот со Иран. Полицијата додаде дека стотици офицери и ...

Просечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се ...

Иранската делегација вечерва ќе пристигне во пакистанскиот главен град Исламабад на разговори за решавање на конфликтот со САД и Израел, објавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на иранскиот амбасадор во Пакистан. „И покрај скептицизмот кај иранската јавност во врска со систематското кршење на прекинот на огнот од страна на израелскиот режим (...), иранска делегација вечерва пристигнува во Исламабад на сериозни разговори врз ...

Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26. Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ЕХФ ...

Фудбалерите на Пелистер и Вардар одиграа вечерва во Битола нерешено 0-0 во дерби натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар со ремито на стадионот „Петар Милошевски‘ го задржа лидерското место на табелата, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија, која претходно денеска извојува гостински триумф над Работнички од 3-0. Дербито во Битола донесе малубројни шанси за гол од кои најизгледната ја имаше ...

Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...

Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол... ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече ...

Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски. Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето „Димитар Влахов“. Без вода од осум часот се неколку улици на скопска ...

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по ...

Американските законодавци ќе се обидат следната недела повторно да гласаат за резолуција за прекин на војната со Иран и да го принудат претседателот Доналд Трамп да побара одобрение од Конгресот за какви било понатамошни напади, изјави вчера лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, кратко откако Трамп објави двонеделен прекин на огнот. „Конгресот мора да го потврди својот авторитет, особено во ова опасно време“, рече Шумер на ...

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах кој живее во егзил во САД, повика на темелни политички промени во Иран. „Се надеваме дека слободниот свет ќе разбере дека единственото решение, не само за нас туку и за нашите регионални соседи и за целиот свет, е овој режим да биде отстранет од власт“, изјави Пахлави во интервју за француската телевизија LCI. Монархистичките групи го сметаат Пахлави за политички лидер на иранската опозиција, иако ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „очигледно разочаран“ од неколку земји-членки на трансатлантската алијанса, за време на вчерашниот состанок во Белата куќа, јави ДПА. Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО. Во меѓувреме, Трамп на својата ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.1
18%
1016
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
35%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.79
38%
1017
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.98
36%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.35
29%
1017
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
50%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.02
33%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.95
19%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.82
22%
1016
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
36%
1017
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 37ᴼ
2.68
25%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
6.83
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Калај

50.56