Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, одлично го стартуваше силниот Челинџер турнир во Рим, каде во првото коло ја совлада Бразилката Лаура Пигоси со убедливи 2-0, по сетови 6-1 и 6-1. Мечот треаеше вкупно 87 минути. Ѓорческа немаше поголеми проблеми со противничката и ги сочува силите за следните предизвици. Македонската тенисерка утре е слободна, а во второто коло ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Доминика Салкова од Чешка и Петра ...
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа со импресивна победа го започна настапот на Челинџер турнирот во Рим што се игра за награден фонд од 100.000 евра. Ѓорческа за ривал ја имаше Лаура Пигоси од Бразил, тенисерка која е повисоко рангирана од тетовката на ранг листата (206/315), меѓутоа на теренот Македонката газеше, играше во страшен ритам и со само два загубени гејма се пласираше во второто коло. Лина триумфираше со 6-1 и 6-1 и сега мирно ќе ...