Индиректните разговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во Оман завршија без договор за клучното прашање – нуклеарната програма на Техеран. Иранската страна јасно ставила до знаење дека нема намера да се откаже од збогатувањето ураниум на своја територија, иако е подготвена да преговара за техничките параметри на процесот, јавува Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори. Според истите извори, Техеран сигнализирал отвореност за ...

САД и Иран ги завршија индиректните разговори во Мускат, Оман, за нуклеарната програма на Техеран, во обид да се намалат тензиите и да се спречи нова ескалација во регионот, а посредник беше оманската дипломатија што пренесуваше пораки меѓу делегациите. Разговорите се одржаа зад затворени врати и, според изјавите од двете страни, завршиле без финален договор, но со сигнал дека каналот останува отворен. Иранскиот министер за надворешни работи, ...