Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. По гласањето бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложат дополнение со „мислење на малцинството“. Пратеничката група на Европската народна партија претходно поднесе амандман по скратена постапка за вметнување ...
Софија влезе во многу опасен наратив, кој е спротивен на стратешките интереси на ЕУ и НАТО, но е во интерес на трети страни кои не сакаат стабилност во регионот, нагласи министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Тој уште еднаш ги повтори црвените линии, а тоа се јазикот и идентитетот, односно афирмацијата на културното и историското наследство на Македонија. Овие изјави доаѓаат по обвинувањата од бугарското Министерство за надворешни ...
Добивај вести на Viber Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да ...
Првата фаза е завршена. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија. Пред гласањето, претседателот на Комитетот ги осуди нападите кон известителот Томас Вајц кои дојдоа од бугарски европратеници, кои реагираа на референците со кои се потврдуваат македонските идентитет и јазик. Известителот Вајц во писмена изјава го поздрави широкото политичко мнозинство за усвојување на документот, кој како што рече е ...
Гласањето во АФЕТ и самитот на НАТО се јасни индикатори за тоа каде сме и како да ја позиционираме државата во иднина Сега е клучно Македонија да истрае на тој пат бидејќи прашањето за идентитетот е интернационализирано и со конечното признание за повеќевековниот посебен македонски идентитет и јазик се става точка на асимилаторските политики на соседите и се отвора нова страница за градење добрососедски односи, втемелени врз заемно разбирање, ...