На прашањето што е клучно во новиот закон и како тој треба да придонесе за реформите, таа рече дека една од најважните промени е воведувањето построги критериуми кој може да биде кандидат за член на Судскиот совет. Во претходното законско решение стоеше само одредницата „истакнат правник“, што според Сиљановска-Давкова е чудна синтагма што загубила секакво значење. Тоа, како што додаде, било главната причина зошто го чекала овој закон пред да ...
Две жени, реформаторки, ќе бидат предложени за нови членови на Судскиот совет од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа го најави ова на вечерашното новогодишно интервју за првиот канал на Македонската телевизија. Според Сиљановска-Давкова, едната од жените што ќе ги предложи е професорка, а другата е адвокатка и тие се, како што вели, со огромен углед во општеството. Најавата на претседателката доаѓа еден ден откако во Собранието беше ...

