Американската јавна обвинителка Пем Бонди изјави дека осомничените за вандализам врз возилата на „Тесла“ би можеле да добијат до 20 години затвор. Бонди ги опиша оштетувањата на автомобилите, салоните и станиците за полнење на „Тесла“ како домашен тероризам. Досега се уапсени три лица, против кои се покренати обвиненија. Автосалони на „Тесла“ низ земјата беа нападнати, искршени и запалени во знак на протест поради големото влијание на Илон Маск ...
Илон Маск, основач и извршен директор на „Тесла“, зазеде силен став против вандализмот во неговите објекти низ САД, а сега примени нова стратегија со активирање на „Sentry mod“ на сите автомобили во салоните. Овој потег следи по серијата напади врз возилата на „Тесла“, кои ескалираа во последно време, и во САД и во странство. Компанијата се надева дека друга форма на надзор ќе помогне да се фатат вандалите на дело. Еден од инвеститорите на ...