Косовските пратеници и денеска не успеаја да изберат претседател на Парламентот од тројцата предложени кандидати од Движењето Самоопределување. Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом. И на денешната седница за претседател на Парламентот повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа ...

Димал Баша е избран за претседател на косовското Собрание по 58 обиди и повеќе од четири месеци институционална криза, со 73 гласа „за“, 30 против и тројца воздржани. Клучна поддршка доби од дел од Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, додека „против“ беа неколку други партии. Во својот говор, Баша ја истакна важноста на демократијата, независноста на Косово и повика на соработка, развој и заштита на територијата. ...

Пратеникот на Самоопределување, Димаљ Баша, е новиот претседател на косовското Собрание. Баша беше избран на 58-то продолжение на конститутивната седница со 73 гласа „за“, 30 „против“ и три „воздржани“. Пратеничката на Самоопределување, Арбери Нагавци, изјави дека партијата повторно го номинира Димаљ Баша за претседател на Парламентот. Таа потсети дека Баша бил пратеник во парламентот три мандати и дека живеел, работел и студирал во ...

Конститутивната седница на Собранието на Косово и денеска беше прекината откако ниту еден од тројцата кандидати на Движењето Самоопределување не доби доволно гласови за избор за претседател на парламентот. Според претседавачот Авни Дехари, седницата беше продолжена со 20-минутно задоцнување, во салата беа присутни 106 пратеници и имаше кворум за работа. Сепак, гласањето повторно заврши без исход, па следната седница е закажана за 26 август во ...