Светските лидери го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве како реагираа: Велика Британија „Ова е момент на длабоко олеснување што ќе се почувствува низ целиот свет, но особено за заложниците, нивните семејства и цивилното население во Газа, кои издржаа незамисливо страдање во последните две години“, рече премиерот Кир Стармер, според Британската асоцијација за печат. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе се држи до планот за разоружување кога пристигна во израелскиот парламент за да одржи говор. Зборувајќи со новинарите пред почетокот на говорот, Трамп одговори со „да“ кога беше прашан дали војната е завршена. Обраќањето на Трамп до израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 живи заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, клучен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го заокружи најголемото дипломатско достигнување од неговиот втор мандат со патување на Блискиот Исток, каде ќе го најави договорот за завршување на војната меѓу Израел и Хамас и ќе ги поздрави заложниците кои ќе бидат ослободени по две години заробеништво. Кревкиот прекин на огнот претставува голем тест за преговарачките способности на Трамп, кој, доколку потрае, би можел да ја зацврсти ...
Десетици камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Појасот Газа, откако во петокот стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објави Би-би-си. Претставничката на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Тес Инграм, за британскиот национален сервис изјави дека пристигнала во градот Газа, каде што илјадници Палестинци се враќаат дома. Инграм рече дека е таму за да ги процени потребите на луѓето и да ...
Примирјето меѓу Хамас и Израел, посредувано од САД со помош на неколку регионални земји и американски меѓународни партнери, стапи на сила, а денес се очекува и првата размена на заложници и затвореници. Предвидена е организација на американско-египетски самит во Шарм ел-Шеик, со цел да се зголемат шансите привременото примирје да прерасне во долгорочен мир, што особено го поддржува Доналд Трамп, американскиот претседател, бидејќи сака да биде ...
Палестинската исламистичка група Хамас соопшти дека нема да учествува во официјалното потпишување на договорот во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Газа. „Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Ќе присуствуваат само медијатори, заедно со американски и израелски претставници“, изјавија извори во организацијата. Покрај САД и Египет, Катар помогна во посредувањето меѓу завојуваните страни. Израел и Хамас не одржаа ...
Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои со денови беа во застој, конечно добија на интензитет благодарение на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Двајцата одиграа клучна улога во постигнувањето договор што би можел да го означи крајот на двегодишната војна во Газа, според три извори запознаени со процесот. Во првите денови од преговорите, кои започнаа во понеделник, сè одеше многу бавно. „Немаше подготвеност за ...
Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Прекинот на огнот, размената на заложници и затвореници и повлекувањето на израелската армија се првите чекори кон можен крај на разорната двегодишна војна во Газа. Велдин Кадиќ од Факултетот за политички науки, Оддел за студии за мир и безбедност, за N1 изјави дека ова е повеќе прекин на непријателствата, размена на затвореници ...

