Во пресрет на високоризичниот самит во Алјаска, каде што Доналд Трамп и Владимир Путин ќе разговараат за иднината на војната во Украина, вниманието неочекувано го презеде една реченица. Трамп изјави дека средбата ќе биде „во Русија“ — лапсус што за момент ја промени темата од геополитика во историја. Парадоксално, токму Алјаска со векови била испреплетена со руско присуство, сѐ до нејзината продажба на САД во 1867 година. Тоа историско ...

Нема договор додека нема договор, изјави Трамп по самитот во Алјаска. Следниот пат во Москва, порача Путин, на заминување од Анкориџ. Во меѓувреме, додека траеја разговорите за постигнување мир, руски беспилотни летала ја „посетија“ Украина. Со борбени авиони, црвен тепих и надежен слоган – „Pursuing peace“ – залепен на ѕидот, американскиот претседател Доналд Трамп го пречека својот руски колега Владимир Путин на самитот во Алјаска во петокот, ...

(Видео во живо од самитот е вклучено на крајот од текстот. Следуваат минута-по-минута ажурирања во продолжение.) Алјаска вечерва е географијата на нов обид да се промени текот на војната во Украина. Во строго обезбедениот периметар на воениот комплекс во Енкориџ, претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин започнаа средба која може да го одреди темпото на дипломатските потези во наредните недели. Форматот е класичен за вакви ...

Официјална Москва слетува на Алјаска со резервиран оптимизам. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е прв висок претставник кој допатува во Енкориџ, притоа носејќи СССР маичка, оцени дека претходната дипломатска средба положила цврсти темели за понатамошните преговори. 🇺🇸🇷🇺 Sergey Lavrov arrived in Alaska wearing a Soviet Union sweatshirt with a "USSR" (CCCP) inscription. pic.twitter.com/vhGLRNs4fa — Lord Bebo (@MyLordBebo) August ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно денешнaта средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска да отвори пат кон „праведен мир“ и суштински трилатерални преговори меѓу лидерите на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, пренесе „Ројтерс“. „Време е да се стави крај на војната, а неопходните чекори мора да бидат преземени од Русија. Сметаме на Америка“, напиша ...

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска се среќаваат во воздухопловна база од времето на Студената војна во Алјаска, на разговори што може да ја одредат иднината на војната во Украина. Средбата е прва откако Трамп се врати во Белата куќа и предизвикува загриженост кај Киев и европските сојузници, кои стравуваат од можни територијални отстапки како дел од потенцијален мировен договор. Иако украинскиот претседател ...

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со членови на највисокото руско раководство, како и со претставници на владата и претседателската администрација, во рамките на подготовките за претстојниот руско-американски состанок во Алјаска, изјави денес неговиот портпарол Дмитриј Песков. Препорачано „Денес, во рамките на подготовките за претстојниот руско-американски самит во Алјаска, Владимир Путин одржа состанок со членови на највисокото ...