Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 март 2026 година, во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 43-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет во Охрид се однесувал агресивно и непристојно. – При преземање мерки е констатирано дека лицето било под дејство на алкохол и му биле измерени 1,89 промили aлкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, ...

На 26.03.2026 во 14:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице и велосипед управуван од 71-годишно лице, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна ...