Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски преку објава на својот профил на Фејсбук информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување итна седница, на која, како што посочува, ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот на територија на Центар и на Градот Скопје. -Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се ...

Ѓубре, смрдеа, опасност од ширење заразни болести. Главниот град се дави во смет. Телевизија Алсат направи обиколка во повеќе скопски опшини, видовме дека речиси сите се дават во смет, меѓутоа најаларматно е во урбаните граски средини со поголем број на жители. Дел од граѓаните велат дека сами се организирале за чистење на своите маала, додека останатие додаваат дека ситуацијата е алармантна и дека овој еколошки хаос настанал кога започнале ...

Сè почести сцени на стаорци и глувци низ улиците на Скопје ја потврдуваат алармантната состојба со хигиената во главниот град, кој веќе со недели е затрупан со ѓубре поради нефункционалните комунални служби. На снимка што ја објави „Слободен печат“, се гледаат големи стаорци како излегуваат од дупки на тротоарот покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на зградата на Владата. Според граѓаните што ја испратиле снимката, глодарите се големи ...

И покрај доцнењето на платата за септември, работниците на „Комунална хигиена“ продолжуваат да ги празнат контејнерите — тврди синдикатот СУТКОЗ. Но зад секој собран контејнер стои невидлива борба: недостиг од камиони, возен парк што чека резервни делови и линии што се распаѓаат под тежината на градот. „Вината не е кај вработените, туку кај раководството“, гласи синдикалната порака што ја кристализира состојбата во која трудот се судира со ...

Граѓаните не сакаат изговори и политички препукувања – тие бараат чист град, функционални служби и вистинска одговорност. И тоа веднаш. Скопје деновиве повеќе наликува на отворена депонија отколку на главен град. Контeјнерите се преполни, улиците се претворени во планини од ѓубре, а воздухот мириса на распаѓање и политичка немоќ. Она што беше комунален проблем за неколку дена прерасна во јавно-здравствена закана и срам за целата држава. Во ...

Актуелниот градоначалник на Општина Центар којшто трча по уште еден мандат, Горан Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС. Тој информира дека ЈП „Комунална хигиена веќе петти ден не собира ѓубре. „Ова ги надминува сите граници! ЈП „Комунална хигиена“ пет дена воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност. Утрово испратив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС и побарав итна седница на којашто ќе ...