Изложбата „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното ‘јас’“ се отвора на 25 декември, во 20 часот, во КИЦ, а воедно се одбележува 20-годишниот јубилеј на „Реактор – истражување во акција“. Темата на годинашното биенале „Екс либрис“ е инспирирана токму од работата на „Реактор“ посветенa на родовата еднаквост, граѓанското учество и социјалната правда. Меѓународната изложба ги истражува суптилните впишувања на идентитетот, правата и сеќавањето ...
Со тематско мото „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното Јас“, на 25 декември, во 20 часот, во галеријата „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена седмата интернационална изложба „Екс либрис – Скопје 2025“. Препорачано Интернационалната изложба „Екс либрис – Скопје“ се одржува од 2012 година и таа е прва и единствена од овој тип кај нас. На седмото издание учествуваат 49 автори од 15 држави и ќе бидат ...

