Германија работи со сојузниците на нов пакет санкции, со кои сака да ја принуди Русија да се согласи на прекин на огнот во војната со Украина. Владата во Берлин постојано разгледува и преиспитува опции за санкции за Русија, изјави портпаролот на владата Штефан Корнелиус на денешната редовна прес-конференција. Тој додаде дека Европската унија (ЕУ) оваа недела ќе го усвои 17-тиот пакет санкции. Се очекува новите санкции на ЕУ да бидат насочени ...

Според Зеленски, Русија не покажува сигнали да се прекине огнот. Борбите се најинтензивни во регионот Донецк, украинските сили продолжуваат да дејствуваат во рускиот регион Курск, тврди украинскиот претседател. Шефот на Кремљ вчера ја посети Курската област за првпат откако Москва објави дека ги протерала украинските сили од областа изминатиот месец. Русија не покажува сигнали за прекин на огнот и сè уште не е подготвена да ја заврши војната, ...

Борбите се најинтензивни во регионот Донецк, украинските сили продолжуваат да дејствуваат во рускиот регион Курск, тврди украинскиот претседател. Шефот на Кремљ вчера ја посети Курската област за првпат откако Москва објави дека ги протерала украинските сили од областа изминатиот месец. Русија не покажува сигнали за прекин на огнот и сè уште не е подготвена да ја заврши војната, став на Зеленски. „За жал, Русите не покажуваат сигнали за прекин ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не сакаат да воведат дополнителни санкции кон Русија, бидејќи постои можност за напредок во решавањето на конфликтот во Украина. Оваа изјава следи по телефонски разговор од два часа меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој, според Трамп, се одвивал во „одличен тон и дух“. Путин го оцени разговорот како „многу корисен“. Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп порача дека ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека европските земји ќе воведат нови санкции врз Русија како форма на притисок, откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со рускиот лидер Владимир Путин. Како што објави Мерц, европските лидери разговарале со Трамп по неговиот телефонски разговор со Путин и постигнале договор за воведување нови санкции. „Европа е обединета по ова прашање, ја поддржуваме Украина и нејзиниот пат кон ...

Обединетото Кралство објави нов бран санкции против Русија, насочени кон воените, енергетските и финансиските сектори. Овие мерки се одговор на засилените руски напади со дронови врз украински градови, кои се сметаат за најголеми од почетокот на војната, објави Ројтерс. Санкциите опфаќаат 100 нови цели, вклучувајќи компании поврзани со производството на оружје, како и финансиски институции кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне постоечките ...

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Русија дека „се обидува да купи време за да ја продолжи својата војна и окупација“. Обединетото Кралство соопшти дека неговите санкции ќе бидат насочени кон десетици субјекти кои ...

Процесот на усогласување на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде заплеткан за Москва и за Киев и не може да има фиксен рок, изјави рано утрово портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Нема рокови, ниту може да ги има. Јасно е дека сите сакаат ова да се заврши што е можно побрзо, но, се разбира, ѓаволот е во деталите, им рече Песков на новинарите, а го цитираше државната новинска агенција РИА. – Нацртите ќе ги подготват и ...