Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Samsung W26 е ексклузивен преклопен телефон наменет за кинескиот пазар, кој нуди сателитска комуникација, повеќе RAM меморија и луксузни бои што го издвојуваат од Galaxy Z Fold 7. Samsung го претстави новиот преклопен модел во Кина – W26, кој се заснова на Galaxy Z Fold 7, но носи неколку уникатни додатоци. Најважната новина е можноста за директна сателитска комуникација за итни повици и пораки преку кинескиот систем Tiantong, со што W26 ...
Apple официјално ја исклучува Clips, една од поедноставните апликации за уредување видеа достапна во App Store од 2017 година. Апликацијата им овозможуваше на корисниците да комбинираат кратки видеа со музика, текст, филтри и AR ефекти и беше замислена како алатка за креирање содржина на социјалните мрежи. Иако Clips доби неколку големи надградби во текот на годините, фактот е дека Apple заборави на неа и развојот практично е на пауза веќе ...
Во пустината на југозападна Австралија, во областа на резерватот "North Bungula", научниците случајно открија најдолговечен пајак забележан досега – женка од видот „Gaius villosus“, позната под името „Број 16“. Пајакот бил дел од долгорочна студија за популација што во 1974 година ја започнала биологот Барбара Јорк Мејн. Истражувањето опфаќало годишно следење на животниот циклус и однесувањето на пајаците од семејството „Idiopidae“, вид што ...
Илон Маск влезе во војна со Netflix – тој има и meme по тоој повод. Најбогатиот човек во светот често се осврнува на секакви теми преку социјалните медиуми, а кога ќе „се налути“ на некого, целиот свет мора да дознае за тоа. Овој пат, тој има проблем со платформата Netflix, а причината за тоа се коментарите на креаторот на анимирана серија што се емитува на оваа стриминг услуга. Хамиш Стил ја создаде анимираната серија „Dead End: Paranormal ...
Изненадувачкиот ефект на Ковид врз спермата може да влијае на идните генерации Научници откриваат дека инфекцијата со Ковид-19 не само што го напаѓа телото на заразениот, туку може да предизвика промени во спермата што оставаат траги врз менталното здравје на децата на оние кои го прележале вирусот. Ново истражување покажува дека потомството од заразени мажи има поголема анксиозност, што навестува дека последиците од пандемијата би можеле да ...
Seiko ретко прави големи експерименти кога станува збор за дизајн, но кога го прави тоа, резултатот е впечатлив. Токму таков е случајот со дизајнот што се појави како соработка помеѓу јапонскиот бренд и британската компанија Bamford Watch Department – серијата Seiko 5 Sports SKX беше шаблонот, а Британците дадоа свој печат. Во преден план е транспарентен тиркизен бројчаник што овозможува јасен преглед на денот и датумот. Стрелките „веќе се ...
Контроверзниот израелски стартап NSO Group, една од најпознатите, но и најозлогласени компании во областа на сајбер-безбедноста, ќе добие нови сопственици од САД. NSO Group, израелска софтверска компанија која се претставува како „производител на технологии за спречување и истражување на тероризмот и криминалот“, повеќе не е во израелска сопственост. Компанијата е позната на пошироката јавност како создавач на софистицираниот шпионски софтвер ...
Комисијата бара од компаниите да достават информации за нивните системи за проверка на возраста, како и за тоа како ги спречуваат малолетниците да пристапат до нелегални производи. Во согласност со овластувањата што ѝ ги дава Законот за дигитални услуги, Европската комисија покрена проверка на мерките за заштита на малолетниците на платформите Snapchat, YouTube, Apple App Store и Google Play. Комисијата бара од компаниите да достават ...
Здравјето е највредното нешто што го имаме. Ниедно богатство не може да го замени, ниту да го спаси човекот кога телото ќе се побуни. Затоа и не е случајна изреката ‒ подобро да се спречи, отколку да се лечи. Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што оваа вистина станува дел од секојдневието. Таа не е само простор со полици полни со лекови, туку првата станица кога здравјето ќе се наруши. Таму фармацевтот е од доверба, а зад ...
Realme претстави ограничено издание на „Game of Thrones“ телефон во соработка со Warner Bros. „Ова партнерство претставува смел чекор напред за Realme, комбинирајќи епско раскажување приказни и впечатлив дизајн за да инспирира нова генерација корисници. Под темата „Own Your Real Power“, лансирањето ја слави автентичноста, храброста и самоопределувањето – вредности кои силно резонираат со младите“, соопшти Realme. View this post on Instagram A ...
Apple се обидува да го доведе Siri на исто ниво како Google Gemini и ChatGPT. Засега не се снаоѓаат баш најдобро, но тоа би можело наскоро да се промени. Пред наводното „преродување“ на Siri кое се очекува во 2026 година, Apple создаде апликација за вештачка интелигенција слична на ChatGPT за да ја тестира следната генерација на функциите на својот асистент. Со кодно име Veritas, Apple наводно развил апликација за iPhone која служи како тест ...
Најновите научни сознанија поврзани со винската сорта „вранец“ беа споделени на 4. научна конференција „Вранец – Наука, иновации и глобални перспективи“ што ја организираше Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Здружението „Вина од Македонија“. Целта на собирот беше претставување на нови научни сознанија поврзани со „вранец“, винска сорта која се одгледува долги години во Македонија и во ...
Иако многу корисници не беа воодушевени од Liquid Glass на Apple, другите производители веќе во голема мера го користат како инспирација за своите кориснички интерфејси. Vivo на својата годинешна конференција за развивачи го претстави OriginOS 6, најновата верзија на својот оперативен систем, која нема да биде резервирана само за кинескиот пазар, туку ќе биде достапна и за корисниците ширум светот. Новата верзија на оперативниот систем носи ...
Илон Маск објави на социјалната мрежа X дека неговата компанија xAI развива своја онлајн енциклопедија наречена „Grokipedia“, со која планира да се натпреварува со веб-страницата Wikipedia. Маск тврди дека новата платформа ќе биде „големо подобрување“ во однос на веб-страницата Wikipedia, која тој постојано ја критикуваше како пристрасна, објавува PC Mag. Идната „Grokipedia“ ќе се потпира на четботот Grok, кој, според Маск, е способен да ја ...
Од iFixit велат дека Pixel Watch 4 е дизајниран внимателно и со намера да може лесно да се поправи – нешто што ретко се среќава кај паметните часовници. Google Pixel Watch 4 доби признание од познатиот сервис за расклопување и оценување на уреди, iFixit, кој го прогласи за најпоправлив паметен часовник некогаш произведен. За разлика од најновиот Apple Watch, Pixel Watch 4 им овозможува на корисниците и на сервисерите целосен заден пристап до ...
Samsung го надградува One UI 8.5 со четири нови Galaxy AI опции: Meeting Assistant, Smart Clipboard, Social Composer и Touch Assistant. Samsung ја подготвува следната голема верзија на својот кориснички интерфејс — One UI 8.5, која ќе донесе четири нови функции засновани на вештачка интелигенција. Откако Galaxy AI дебитираше со серијата Galaxy S24 и One UI 6.1, секоја наредна верзија на системот воведува проширувања во доменот на паметните ...
Epic Games го лансираше овогодинешниот Fortnitemares 2025, традиционален настан за Ноќта на вештерките во Fortnite кој носи нови ликови, мапи и мисии во духот на хоророт. Настанот започна на 9 октомври и ќе трае до 1 ноември, нудејќи им на играчите повеќе од три недели специјална содржина, предизвици и награди. Овогодинешното издание носи голем број соработки со познати филмски и поп-културни франшизи. Игрицата доаѓа со иконски ликови како ...
Google започнува да го интегрира Gemini во Google Maps, заменувајќи го досегашниот Assistant со нови функции базирани на вештачка интелигенција за гласовна навигација. Google започна со тестирање на својата Gemini вештачка интелигенција во рамки на апликацијата Google Maps, со што започнува постепено укинување на класичниот Google Assistant од навигацијата. Во бета верзијата 25.41.03.815390258, корисниците можеле да ја активираат новата ...
Европа го претстави својот прв автономен AI ловец: CA-1 Europa, развиен од германската воена индустрија. Европската одбранбена индустрија го претстави CA-1 Europa, првиот автономен борбен ловечки авион со вештачка интелигенција во природна големина, развиен од германскиот стартап Helsing. Авион од класа 3–5 тони е дизајниран за надзвучни борбени операции и масовно производство, со цел да се постигне технолошка независност на европската ...
Дали знаевте дека лесно можете да ги снимате вашите разговори? Со iOS 26, Apple ја прошири својата функција за снимање на повици со транскрипти, превод во живо, резимеа и поцврста интеграција со апликацијата Notes (во зависност од регионот). Самото снимање на повици првпат пристигна со iOS 18.1 во октомври 2024 година. Функцијата отсекогаш зависеше од регионот и јазикот и тоа не се променило. Доколку е достапна таму каде што живеете, можете ...
Американските научници се впуштаат во уникатна петгодишна мисија, во која нивниот роботизиран подводен брод ќе ја обиколува Земјата користејќи океански струи. Компактната роботизирана подморница наскоро ќе се обиде да направи нешто што ниеден подводен брод досега не го направил – да го заобиколи светот. Teledyne Marine, американска компанија која произведува напредни морски технологии, во партнерство со американскиот универзитет Рутгерс, ќе ...
Американската компанија за вештачка интелигенција OpenAI воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT. Новите функции им овозможуваат на родителите да ја поврзат својата сметка со сметката на своето дете и да ги прилагодат поставките за побезбедно корисничко искуство. Тие ќе можат да поставуваат временски ограничувања на алатките, да го исклучат гласовниот режим или генерирањето слики и да ја контролираат употребата ...
Сер Тим Бернерс-Ли, создавачот на Светската мрежа (World Wide Web), ги постави темелите на интернетот каков што го знаеме денес, уште во 1989 година. Сега, тој открива уште повеќе детали. Умот што ги роди идеите како HTTP и URL-то одлучи да го направи изворниот код слободно достапен, без никакви надокнади или авторски права. „За вебот да биде комплетен, секој мораше да може да го користи и секој мораше да сака. Не можев да ги замолам да ...
Платформата YouTube се согласи да плати 24,5 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп го тужеше YouTube поради суспендирањето на неговата сметка на платформата по нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година. Спогодбата предвидува исплата од 22 милиони долари, кои ќе бидат исплатени на Националниот фонд за трговски центар и изградбата на балската сала во Белата куќа, објави АП. Останатите ...
Ако ја играте играта Escape from Tarkov, конечно можеби ќе имате шанса да избегате од измислениот град разурнат од војна во северозападна Русија – но нема да биде лесно. Никита Бујанов, режисерот на играта, им кажа на публиката дека ќе има четири завршетоци до кои играчите ќе можат да стигнат, одредени од нивниот напредок низ играта. Бујанов додаде дека „најдобриот крај“ ќе биде „навистина тежок“ и дека „не секој ќе избега од Тарков“. „Мислам ...
Група инвеститори, вклучувајќи го и американскиот претприемач Џаред Кушнер, го најавија преземањето на американскиот производител на видео игри Electronic Arts (EA) за 55 милијарди долари. Трансакцијата ги вклучува фондовите за приватен капитал Silver Lake и Saudi Public Investment Fund, а се очекува да биде завршена во првиот квартал од фискалната 2027 година, по добивањето на регулаторни одобренија и согласност од акционерите, објавува ...
Ако оваа девојка на сликата ви изгледа познато, но не можете да се сетите од каде е, ќе сфатите дека немавте шанса кога ќе чуете за што станува збор. Таа е актерка генерирана од вештачка интелигенција по име Тили Норвуд. Оваа „актерка“ е создадена со користење на платформата Xicoia од страна на продуцентското студио Particle6 и е претставена на Филмскиот фестивал во Цирих. Иако проектот беше замислен како експеримент, Тили Норвуд веќе го ...
Проблемите со батеријата, падовите на системот и лошите перформанси се меѓу најчестите дефекти на паметните телефони, а новите податоци од Which? ги рангираат брендовите според сигурноста. Податоците се базираат на повеќе од 15.000 телефони купени во текот на изминатите седум години и откриваат точно кои брендови развиваат најмногу дефекти и колку брзо се случуваат. Резултатите се базираат на анкета спроведена на 15.644 сопственици на паметни ...
Познатиот роботичар Родни Брукс ја сподели својата визија за развој на хуманоидни роботи во наредните години – а неговите предвидувања може да изненадат многумина. Брукс, пионер во вештачката интелигенција и претприемач познат по својот револуционерен пристап кон роботиката заснована на однесувањето и ко-основач на iRobot и Rethink Robotics, во неодамнешна статија рече дека хуманоидните роботи ќе бидат во изобилие за 15 години, но дека тие ...
Според новите информации, тоа би требало да се промени, детално опишувајќи ги не само спецификациите на новите слушалки на „Samsung“, туку и конечното име и новите додатоци за контролерот пред наводното лансирање на уредот подоцна оваа есен. Проектот „Moohan“ на „Samsung“, официјално наречен „Samsung Galaxy XR“, е мешавина помеѓу прекинатиот „Meta Quest Pro“ и „Apple Vision Pro“, објавува „Android Headlines“. Додека демо-презентациите на ...