Јавен повик за пет бесплатни верификации за е-продавници во борба против сивата економија. Погодни за апликација се сите микро, мали и средни компании кои моментално продаваат онлајн и имаат овозможено плаќање на рати преку IUTE Македонија Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата ...

Google воведува нова функција „Circle Screen“ во Gemini, која овозможува означување делови од екранот без скриншот и практично претставува замена за „Circle to Search“. Google веќе има повеќе начини за визуелно пребарување на Android телефоните: Google Lens, Circle to Search и Gemini. Сепак, компанијата сега почнува да ги спојува овие технологии, а најновата функција во рамките на Gemini изгледа како најдиректен конкурент на Circle to Search ...

На бродот се наоѓаат космонаутите Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микајев, како и астронаутот Кристофер Вилијамс, пренесува РИA Новости. Се очекува вселенското летало од третата фаза на ракетата да се одвои 8 минути и 49 секунди по полетувањето, по што ќе биде поставено во орбита. За време на пристапот кон станицата, треба да направи двe обиколки околу Земјата и да стигне до МСС за околу 3 часа и 10 минути. Како индикатори за бестежинска ...

Синдикатот на ЗМСТАС, под водство на Асоцијацијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, денес ќе организира прес-конференција по повод организирањето на Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија на тема: „Современ пристап во грижата и лекувањето на пациентите од областа на психијатријата“. Официјалното отворање на симпозиумот ќе се случи по завршувањето на прес-конференцијата, на ...

Кинеските производители работат на Android телефони со батерии од 10.000 mAh благодарение на напредните силициум-јаглеродни технологии. Пазарот на Android телефони влегува во нова фаза во која батериите од 7.000 mAh, 8.000 mAh и дури 10.000 mAh стануваат реалност. Неколку големи кинески брендови, вклучувајќи ги Xiaomi, OnePlus, realme и Honor, активно подготвуваат телефони со батерии со капацитет од 10.000 mAh, претежно во средниот ценовен ...

Microsoft воведува нов процес ms-teams_modulehost.exe кој ја забрзува иницијализацијата на Teams повиците и ја подобрува перформансата, почнувајќи од јануари 2026 година. Microsoft официјално потврди дека на почетокот од јануари 2026 ќе го забрза стартувањето и работата на повиците во Windows верзијата на апликацијата Teams. Клучната промена е воведувањето на нов помошен процес со име ms-teams_modulehost.exe, кој ќе се издвојува од главниот ...

Новиот „Jeep Compass“ пристигнува како целосно освежена генерација, со јасна цел за подобрување на механичката основа, удобноста и технологијата. Надворешно, новиот „Jeep Compass“ носи подолги пропорции од 4.550 mm, порамен преден дел и функционално подигнати сензори, за да биде заштитен при возење надвор од патот. Исто така, има и нова задна кука, што дополнително ја нагласува практичната употребливост во теренска средина. Суспензијата е ...

Една од најпознатите мистерии поврзани со Рапа Нуи (познати како Велигденски острови) – прашањето кој и како ги создал монументалните статуи Моаи – доби ново толкување базирано на современи археолошки докази. Наместо идејата за силна, единствена политичка структура, истражувањата покажуваат дека овие камени фигури всушност се дело на помали, независни кланови. Моаи не се дело на централна власт Со децении се веруваше дека за резбањето и ...

Руското вселенско летало Сојуз МС-28 беше лансирано денеска кон Меѓународната вселенска станица (МВС/ISS) со двајца руски космонаути и еден астронаут на НАСА, покажа преносот во живо од лансирањето. Ракетата Сојуз 2.1а беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан во 12:28 часот по московско време. Во екипажот се вклучени рускиот командант Сергеј Куд-Сверчков, кој е на својот втор вселенски лет, и рускиот космонаут Сергеј Михајев и ...

Големиот недостаток на RAM меморијата доведе до тоа продавниците да ја наплаќаат меморијата по „моментната цена на пазарот“, со секојдневни корекции и поскапувања. Недостатокот од RAM достигна ниво што PC светот го нема доживеано со години и се рашири до таа мера што продавачите веќе не можат да држат истакнати цени, туку ги формираат на дневна основа. Во поединечни продавници во САД, купувачите наидуваат на натпис кој објаснува дека RAM се ...

БМВ се збогува со З4. Компанијата потврди дека производството на долгогодишниот кабриолет завршува, а последните примероци ќе бидат во специјалната “Фајнл Едишн” серија. Оваа ограничена верзија е базирана на З4 М40И и доаѓа со повисока цена. “Фајнл Едишн” се нуди во една конфигурација, а единствената одлука што ја има купувачот е изборот на менувач: осум брзински автоматик или шест брзински мануелен. Моќноста останува иста. Трилитарскиот ...

The Berlin Apartment е игра која е како спој на наративна авантура и историска хроника. Чедото на германското студио btf е сместено во една единствена локација која еволуира низ времето. Меѓутоа, The Berlin Apartment е многу повеќе од едноставна игра за реновирање. Доколку и пружите шансa, ќе наидете на длабоко истражување на човечките судбини во срцето на Берлин, а, таквото нешто нема никако да ве остави рамнодушни. Приказната започнува во ...

Роверот на НАСА со шест тркала, кој ја истражува површината на Марс од 2021 година на локација наречена Кратерско езеро на северната хемисфера на планетата, ги снимил овие електрични празнења во аудио и електромагнетни верзии, потврдија истражувачите, пренесува Ројтерс. „Ова е првата документирана електрична активност во атмосферата на Марс. Овие празнења претставуваат големо откритие, со директни импликации за атмосферската хемија, климата, ...

Renault го продолжи обновувањето на својата гама со новиот Trafic E-Tech, но се очекува во 2027 година. Популарниот доставен модел сега има сосема поинаков настап со футуристички дизајн, електромотор со 204 коњски сили сместен назад и два пакета батерии од кои поголемиот нуди автономија од импресивни 450 километри. Ќе биде достапен во две каросериски изведби со различно голем простор за товар но еднаква височина од 1,9 метри условена од ...

Нелт Група за 2025 година проектира приход од 1,5 милијарди евра, што претставува раст од 9% во однос на 2024 година. Во рамките на стратешкиот циклус „Подем 2030“ (ориг. „Успон 2030“), од вкупно планираните 400 милиони евра инвестиции, повеќе од 30 милиони евра се веќе инвестирани во логистичка инфраструктура, производство и дигитализација, соопштија денес на годишната прес-конференција на Нелт Група. На претставниците на медиумите им се ...

Magic8 Ultra се појави на 3C сертификација со сателитска поддршка, 120 W полнење и најверојатно со батерија од 7.000 mAh. Honor очигледно се приближува до претставувањето на својот најмоќен модел во серијата. На кинеската 3C сертификација се појавува нов уред под ознаката BKQ-AN20, опишан како „сателитски мобилен терминал (5G)“, што веднаш укажува на поддршка за сателитска комуникација. Истата ознака веќе е поврзана со претстојниот Magic8 ...

Orion е бесплатен за преземање и користење, и доаѓа со 200 бесплатни пребарувања преку премиум пребарувачот на Kagi, додека опционалната Orion Plus претплата од 5 долари месечно отклучува лебдечки прозорци, што остануваат над другите апликации, прилагодени икони и ран пристап до нови функции. Компанијата Kagi, најпозната по својот веб-прелистувач без телеметрија, ја објави верзијата 1.0 од Orion — прелистувач фокусиран на приватност за Mac. ...

Обединетите Нации активираат планетарна одбрана против мистериозниот меѓуѕвезден објект 3I/ATLAS додека се откриваат шокантни нови слики Обединетите Нации официјално потврдија дека планетарната одбрана на Земјата ќе ја насочи целата своја сила кон мистериозниот меѓуѕвезден објект 3I/ATLAS во следните часови. Почнувајќи од 27 ноември, глобален тим од научници ќе започне двомесечна кампања за да ја следи оваа наводна комета додека се приближува ...

Apple е подготвен да го врати тронот како најголем светски производител на смартфони за првпат од 2011 година, поттикнат од успехот на линијата iPhone 17, според податоците на Counterpoint Research (преку Bloomberg). Врз основа на податоците на фирмата, се предвидува испораките на iPhone да пораснат за 10% во 2025 година, лесно надминувајќи го растот на Samsung од 4.6%. Како резултат, се очекува Apple да освои 19.4% од глобалниот пазар, ...

Низ историјата и во речиси сите земји, постои биолошка загатка – жените, во просек, живеат подолго од мажите. Иако медицинскиот напредок во некои држави го намали јазот меѓу половите, ново истражување сугерира дека таа разлика нема наскоро да исчезне, бидејќи нејзините причини се длабоко вкоренети во еволуциската историја, пренесува американскиот магазин Њузвик. Меѓународен тим научници предводен од истражувачи од Институтот за еволутивна ...

Најголеми скок во истражувањето на антиматеријата досега: Тимот ALPHA во ЦЕРН успеа да зароби повеќе од 15.000 атоми антиводород благодарение на нов метод на ладење. Фаќањето антиматерија отсекогаш изгледало како невозможна мисија, налик на обид да фатите снегулки со тава – но снегулки кои при допир би ја уништиле тавата. Таква е секојдневната работа на физичарите во CERN кои го проучуваат антиводородот, наједноставниот антиматериски атом. По ...

Студијата следела повеќе од 51.000 породувања, вклучувајќи 4.409 случаи во кои мајките имале абнормални нивоа на хормонот на тироидната жлезда пред бременоста, за време на бременоста и во двата случаи. Нерегулираните хормони на тироидната жлезда за време на бременоста кај мајки кои имале нарушување на функционирањето на тироидната жлезда пред бременоста можат да го зголемат ризикот од аутизам кај детето, соопштија истражувачите. Иако ...

Дизајнерот Густаво Бонзанини го оствари својот сон така што по повод 35-годишнината од лансирањето на играчката конзола Super Nintendo (SNES) во Јапонија ја креираше AIR SNES — пар Nike Air Max 90 патики направени по нарачка, кои служат и како целосно функционална SNES конзола. „Идејата дојде откако ја видов соработката меѓу брендовите на патики и видео игрите. Често размислував дека би било супер ако овие патики што изгледаат како видео игра ...

Под гламурозните одморалишта, плажи и луксузни хотели на полуостровот Јукатан кои привлекуваат милиони туристи годишно, се крие еден од најфасцинантните подводни светови на планетата. Додека на површина се слуша џагорот од туристите, само неколку метри под нив се простира огромна мрежа на тунели, подземни реки и кристални пространства, познати како „Ox Bel Ha“ (три патеки во вода). Единствени суштества Овој спектакуларен подводен (пештерски) ...

Ситроен обезбеди финансиски средства за Советот на Гејтсхед за решавање на проблемот со дупките на патиштата. Испитувањето спроведено меѓу сопствениците на возилата на француската марка и локалното население покажа дека властите во Британија се соочуваат со „загубена битка“ во одржувањето на патиштата во соодветна состојба. Анализата на податоците открила дека повеќе од 13.000 километри патишта се означени со „црвена“ ознака, што значи дека ...

Google официјално се подготвува да ја повлече една од своите најпознати услуги – Google Assistant – по девет години постоење. Од почетокот на следната година, асистентот постепено ќе се отстранува од Android уредите, како дел од планот на компанијата да премине кон пософистицираната вештачка интелигенција Gemini. Google Assistant беше претставен во 2016 година како конкурент на Siri и Alexa, но со експанзијата на генеративната АИ, ...

Експертска анализа на петнаесетгодишни податоци од вселенскиот телескоп Ферми откри неочекуван и многу значаен гама сјај во хало регионот околу Млечниот Пат. Хало зоната е огромна, ретка и сферична обвивка од гас и радијација што ја опкружува нашата галаксија. Иако е позната по својата слабa светлина, новите резултати покажуваат изразен пик на енергија околу 20 гигаелектронволти. Тоа веднаш го привлече вниманието на научниците, бидејќи токму ...

Новиот Windows 11 донесува побрз File Explorer благодарение на предвчитување и почисто контекстуално мени кое создава помалку неред. Microsoft воведува клучни измени во File Explorer за Windows 11 со цел тој да стане побрз и значително поуреден. Најновите Dev верзии на системот донесуваат предвчитување на File Explorer, кое овозможува алатката да се стартува забележливо побрзо на послаб хардвер, како и редизајнирано контекстуално мени кое ги ...

Компанијата Meta тврди дека ЕУ ги пречекорува своите овластувања во антимонополските истраги. Американската технолошка фирма Meta ги критикуваше европските антимонополски регулатори за она што го нарекува „прекумерни“ барања за информации за време на две истраги започнати пред четири години. Фирмата изјави дека некои од истрагите на институциите на ЕУ, особено оние поврзани со Facebook и пазарот на онлајн реклами, сугерираат дека регулаторот ...

„Porsche“ отворено го пофали „Hyundai Ioniq 5 N“, тврдејќи дека овој електричен „жежок хечбек“ поставил нови стандарди меѓу спортските електрични модели. Франк Мозер, потпретседател задолжен за моделите „Porsche 718“ и „911“, за австралискиот „Drive“ изјави дека возењето на „Ioniq 5 N“ е откровение и дека Корејците направиле автомобил кој е навистина, навистина добар. Особено му се допаднал вештачкиот звук на моторот и симулациите на менување ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
0.59
62%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.68
82%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
90%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
73%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
87%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
82%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
65%
1028
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
100%
1030
Currency

61.635

Currency

53.0784

Currency

70.9022

Currency

37.3437

Currency

38.8244

Currency

67.8745

Currency

7.69271

Currency

0.68361

Currency

0.33692

Currency

0.52518

Currency

1.20703

Currency

0.57706

Родиум

384201.42

Иридиум

212342.22

Рутениум

45750.51

Паладиум

57164.03

Бакар

12.14

Злато

173443.31

Калај

57.67

Кобалт

64.04

Сребро

3043.39

Алуминиум

3.15

Платина

75811.46

Цинк

3.33