Две лица се приведени во Германија и Шпанија под обвинение за шпионирање во корист на руското разузнавање, соопшти денеска Канцеларијата на германскиот сојузен јавен обвинител. Агенцијата наведе дека цел на шпионите бил Германец кој доставувал дронови и сродни компоненти за Украина, пренесе ДПА. Жена (45) од Романија е приведена во северозападниот германски град Рајне, додека 43-годишен маж од Украина е уапсен во југоисточниот шпански град ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Украина нема да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година, јави агенцијата Анадолија. „Мислам дека сите во оваа просторија знаат дека е невозможно Украина да стане членка на ЕУ на 1 јануари 2027 година“, рече таа на настан организиран од „Политико“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше забрзана временска рамка, но Кос нагласи дека процесот за ...

Апелациониот суд во Париз започна истрага против поранешниот шеф на Агенцијата за контрола на границите на Европската унија („Фронтекс“), Фабрис Леџери, за наводно соучество во злосторства против човештвото. Ова денес го соопшти судски извор. Леџери поднесе оставка од агенцијата на ЕУ „Фронтекс“ во 2022 година по обвинувањата од групите за човекови права дека агенцијата злоупотребувала мигранти на надворешните граници на ЕУ под негово ...

Словенија од денеска се соочува со драстично поскапување на нафтените деривати, откако владата во Љубљана ги објави новите, значително повисоки цени. И покрај тоа што акцизите беа намалени на историски минимум, цената на дизелот скокна за речиси 17 центи, достигнувајќи 1,696 евра, додека бензинот се тргува за 1,581 евра по литар. Ситуацијата е толку критична што владата мораше да преземе вонредни мерки за да спречи колапс на снабдувањето. ...

Но, во понеделник, групата, која има врски со иранска мрежа на прокси организации и чие име се преведува како „Исламско движење на придружниците на десницата“, објави снимки од запалени амбулантни возила пред лондонска синагога, со своето лого на Телеграм. Порано овој месец, израелските службеници кои работат на борба против антисемитизмот низ целиот свет почнаа да гледаат потенцијална нова закана, според британскиот „Телеграф“. Во текот на ...

Судскиот процес, што се водеше во Србија за нападот со камења врз екипата на емисијата „Трагите остануваат“ на Бугарската национална телевизија заврши, јавува БНТ. Директорот на рудникот на Босилеград Миодраг Вукајловиќ беше осуден на една година условна казна затвор, со две години пробен рок. Вукајловиќ е осуден затоа што на 14 јуни 2022 година, заедно со свои вработени, ја нападнал екипата на БНТ со камења за време на снимање во областа. ...

Кувајт на 24 март соопшти дека неговите системи за воздушна одбрана реагираат на „напади со ракети и беспилотни летала“ и дека пријавените звуци на експлозии се предизвикани од пресретнувањето на овие закани. Војската ги повика граѓаните да ги следат упатствата на властите. Министерството за електрична енергија на земјата, исто така, објави дека седум далноводи се исклучени од употреба по падот на пресретнувачите. Саудиска Арабија пак, на 24 ...

Зголемување на казната за речиси 30 евра за оние кои не користат билет во јавниот превоз; построги казни за насилство врз контролори; општествено корисна работа за оние кои го вандализираат јавниот превоз; субвенции до 20.000 евра за електрични такси возила, се главните одредби од новиот закон на Министерството за транспорт на Грција што доцна синоќа беше изгласан во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Казната за возење без билет ...

Германија го засилува поморското присуство во Северниот Атлантик за да ги растовари своите сојузници, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Сингапур. Бидејќи Обединетото Кралство го прераспоредува својот разурнувач „HMS Dragon“ во Медитеранот, германската фрегата „Sachsen“ ќе биде распоредена како предводник на постојаната оперативна група на НАТО, додаде Писториус. Германскиот функционер рече ...

Европските безбедносни служби се на нозе! Во координирана и молскавична акција која ја разниша довербата во западните сојузници, полицијата лиши од слобода две лица под сомнение за велепредавство и шпионажа. Ова не е обичен криминал – ова е директен удар врз безбедносната архитектура на ЕУ. Додека граѓаните мирно спијат, во ходниците на моќта во Берлин и Мадрид се одвивала опасна игра. Уапсените не се обични престапници, туку лица кои имале ...

Три концерти на бугарската пејачка Нина Николина и формацијата „Магични гласови“ ќе се одржат во Јапонија во периодот од 4 до 6 април, соопштија од Амбасадата на Бугарија во Јапонија на својата Фејсбук-страница, пренесува БТА. Турнејата вклучува настапи во Сендај на 4 април, во Токио на 5 април и во Мито, префектура Ибараки, на 6 април. Настаните се организираат со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Токио и со поддршка на Националниот фонд ...

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на седницата одржана на 19 март 2026 година го разреши досегашниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот Македонските православни црковни општини, цркви и ...

Европската Унија ги засилува напорите за борба против шверцувањето мигранти со нова единица во рамките на Европол, чија цел се меѓународните мрежи за шверц. Директорката на Европол, Кетрин Де Бол на прес-конференција во Хаг, денеска изјави дека мрежите за шверцување мигранти „оперираат со зголемена сложеност, како на интернет, така и надвор од него“. – Ако сакаме да ги разбиеме овие мрежи, мораме да се развиваме исто толку брзо – рече таа. Де ...

Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција по нападите на Израел врз полето Јужен Парс, објави онлајн изданието Биргун, повикувајќи се на Блумберг. Турција покрива 14 проценти од своите потреби за природен гас преку испораки од Иран. Сè уште не е јасно колку долго ќе биде прекинато снабдувањето со природен гас, но турските власти постојано изјавуваат дека земјата има доволно резерви. Според извори на Блумберг, Турција продолжува да ...

Според „Њујорк тајмс“, плановите на САД и Израел да предизвикаат внатрешна побуна во Иран и да го соборат режимот засега не успеале. Пред почетокот на конфликтот, шефот на Мосад, Давид Барнеа, предложил план според кој елиминацијата на ирански лидери и разузнавачки операции би поттикнале масовен бунт и брз пад на властa. И покрај сомнежите во дел од разузнавачките кругови, политичкото раководство било оптимистично. Три недели по почетокот ...

Соединетите Американски Држави ги интензивираат воените подготовки за можна копнена фаза од операцијата на Блискиот Исток, со значително зголемување на воздушниот и поморскиот транспорт на персонал и опрема, пренесуваат неколку неофицијални извори и ресурси за следење на воените активности. Според овие изјави, американската војска распоредила вкупно 35 транспортни авиони C-17A и 12 авиони C-130J, кои се насочени кон бази во Израел и Јордан. ...

Иран почна да им наплаќа на некои комерцијални бродови надомест за безбедно поминување низ Ормускиот теснец, објави новинската агенција „Блумберг“. Неколку неименувани извори изјавија за Блумберг дека Иран бара до 2 милиони долари по премин на ад хок основа, што во пракса претставува неформална такса. Тие додадоа дека некои бродови ја платиле таксата, но не можеа да кажат како се врши плаќањето или која валута се користи. Извори на „Блумберг“ ...

Војната меѓу Иран, Америка и Израел влезе во 25. ден. Иако американскиот претседател Доналд Трамп првично им се закани на Иран поради Ормускиот теснец, вчера „го промени правецот“ и истакна дека преговорите течат во позитивна насока. Од Техеран тоа се негира и се тврди дека Трамп „се уплашил по предупредувањето“. САД наводно го определиле 9 април како ден за можен крај на војната со Иран. Цените на нафтата повторно скокнаа, додека некои земји ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Литванија уште во 2019 година предупредила дека унгарски претставници претставуваат безбедносен ризик за ЕУ и НАТО, по извештаите дека Будимпешта пренесувала доверливи информации кон Русија. Тој рече дека подолго време постојат информации за протекување податоци од затворени состаноци на ЕУ и сомнежи дека се споделуваат и информации од НАТО. Според него, Литванија дури побарала исклучување на ...

Извршната агенција за Бугарите во странство, Бугарскиот туристички сојуз и невладината организација Bulgarians Beyond Borders го означува почетокот на иницијатива насочена кон деца од бугарската дијаспора, јавува БНР. Во рамките на проектот, оваа година ќе бидат организирани првите кампови на Маљовица, во Дрјаново и на акумулацијата Копринка, наменети специјално за бугарски деца кои живеат надвор од Бугарија. Така тие ќе имаат можност да ...

Претседателката на Бугарската академија на науките (БАН), дописен член Евелина Славчева, се сретна со амбасадорот на Република Косово, Хаџи Бајрактари, соопштија од БАН. На средбата присуствувале и заменик-претседателите на БАН, дописен член Евдокија Пашева и проф. д-р Емануел Мутафов, како и заменик-амбасадорот на Косово д-р Бујар Дескај, пренесува БТА. За време на разговорот биле разгледани можностите за зајакнување на научната соработка ...

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) започна со разгледување на нацрт-резолуцијата презентирана од Бахреин, која има за цел да ѝ дозволи на секоја земја да ги користи „сите потребни средства“ за да обезбеди слобода на пловидба во Ормутскиот теснец, објави агенцијата Франс-прес (АФП), повикувајќи се на дипломатски извори. Нацрт-текстот, кој го виде АФП и се очекува да биде изменет за време на дебатата, им дава зелено светло на ...

Маж украде 40 рози од цвеќарница во Јелизово, на Камчатка, а потоа ги дал на непозната девојка на улица, објавија медиумите. Против него е покрената истрага, а врз основа на рускиот кривичен закон, максималната казна за ваков вид кражба е до четири години затвор. Продавничка во цвеќарница ја пријавила кражбата, а осомничениот брзо бил идентификуван благодарение на снимките од надзорните камери. Тој е приведен, а станува збор за 31-годишен ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе отпатува во Франција оваа недела за да се обиде да ги убеди сојузниците на Г7 во исправноста на воената стратегија против Иран. Рубио ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз в петок „за да ги унапреди клучните интереси на САД“ и да разговара за заедничките безбедносни проблеми и можностите за соработка“, соопшти министерството. „Областите на фокус ...

Додека бројот на жители на Србија се намалува, бројот на граѓани што одат во земјите на Европската Унија се зголемува, па за 11 години нивниот процент во населението на Србија речиси е двојно поголем. Повеќето луѓе од Србија заминуваат во земјите од ЕУ на работа, најчесто во Хрватска и Германија, додека Словенија е главна дестинација за оние што одат на школување во изминатите години, според податоците на Евростат што ги пренесе Нова ...

Нападите со бомби и ракети од САД и Израел врз Техеран не престануваат, но Иранците изгледа се трудат загриженостите да ги сведат на што е помало можно ниво. Фотографиите што денеска ги објави Ројтерс од Таџриш Чаршијата во Техеран покажуваат тезги полни со најразлични производи, а и многубројни купувачи. Чаршијата е прополна и поради прославата на Новруз, иранската нова година. Она што е впечатливо е дека речиси сите жени на фотографиите не ...

Првиот брод од флотилата што носи медицински материјали, храна и соларни панели пристигна денеска во Куба, земја погодена од енергетска криза влошена од блокадата на нафтата од страна на САД. Бродот учествува во операција организирана од меѓународна коалиција на синдикалисти, пратеници, хуманитарни организации, движења и јавни личности. Рибарскиот брод Магуро влезе во пристаништето во Хавана три дена подоцна, откако се бореше со силни ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека очекува, доколку партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи на претстојните избори, да има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа. По состанокот на словачката Влада, Фицо изјави дека е невозможно да се фалсификуваат избори во демократска средина, пренесува Таср. „Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините ...

Сто држави биле цел на закана од манипулации и мешање со странски информации познати како ФИМИ во текот на 2025 година. Регистрирани биле 540 инциденти во кои биле вклучени 10.500 кориснички сметки, веб-страници и канали. Овие операции генерирале околу 43.000 содржини, дистрибуирани низ 19 платформи, од кои 88 проценти биле дистрибуирани преку платформата „Икс“. Речиси 65 проценти од инцидентите биле без одредено потекло, но со знаци на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна дека не очекувал Иран да одговори на нападот на САД и Израел со напади врз земјите од Персискиот Залив. „Погледнете како неочекувано ги нападнаа сите овие земји околу нас. Тоа не требаше да се случи. Никој дури и не помисли на тоа. Тие сакаа да го преземат Блискиот Исток и трајно да го уништат Израел. Ако имаа нуклеарно оружје, можеа да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Палм Бич пред да ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
58%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
91%
1005
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
8.23
43%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
57%
1004
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
84%
1003
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
41%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
49%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
55%
1003
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
35%
1003
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
8.75
100%
1003
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
8.23
64%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
1005
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Кобалт

56.29

Калај

44.59

Иридиум

256711.96

Сребро

2192.47

Паладиум

43467.81

Родиум

347228.06

Алуминиум

3.23

Злато

141680.08

Бакар

10.99

Платина

58835.87