Словенија од денеска се соочува со драстично поскапување на нафтените деривати, откако владата во Љубљана ги објави новите, значително повисоки цени. И покрај тоа што акцизите беа намалени на историски минимум, цената на дизелот скокна за речиси 17 центи, достигнувајќи 1,696 евра, додека бензинот се тргува за 1,581 евра по литар. Ситуацијата е толку критична што владата мораше да преземе вонредни мерки за да спречи колапс на снабдувањето. ...

Заради ризиците од можен недостиг на гориво Словенија, Владата на земјата донесе итни мерки за стабилизирање на залихите. Во помошта е вклучена и словенечката армија, чија логистичка бригада учествува во дистрибуцијата на нафтени производи низ целата земја. Како што е објавено на официјалните канали на армијата, во согласност со одлуката на Владата на Република Словенија, подготвени се тимови и материјални ресурси за да се обезбеди снабдување ...