Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“, најави дека дека на 7 април, владин тим од неколкумина министри ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон. „Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, рече министерот Муцунски, без да ги образложи придобивките од таквото постигнување. ...

Министерот информира дека делегацијата која ќе патува во Соединетите Американски Држави ќе биде предводена од него, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи (Панче Тошковски), за одбрана (Владо Мисајловски), за дигитална трансформација (Стефан Андоновски) и за енергетика, рударство и минерални суровини (Сања Божиновска). Нивен домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Лендау На прашањето дали очекува со ...