Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Конфликтот на Блискиот Исток добива нова димензија по интензивирањето на напнатоста, откако Иран изврши ракетни напади на цели поврзани со САД, на значителна раздалеченост од околу 4.000 километри. Според најновите информации, меѓу целите биле и американски воени бази, што укажува на значително проширување на конфликтот и на подготвеноста на Техеран да се соочи со предизвици и надвор од својот непосреден регион. Конфликтот на Блискиот ...
Телото на студент на Универзитетот во Алабама, по коешто се изгуби траг уште во вторник во Барселона, Шпанија, за време на ноќен излез во клуб, беше пронајдено без знаци на живот, соопшти каталонската полиција, пренесува Њујорк Тајмс. Студентот, Џејмс Грејси (20), бил во посета на пријатели кои студираат во странство во Шпанија и бил во Шоко, популарен ноќен клуб на плажа, пред да исчезне, според соопштението на неговото семејство во вторник. ...
Либанските здравствени работници велат дека израелските бомбардирања намерно ги таргетираат медицинските објекти и персоналот во јужен Либан. Според нив, се користи тактика на „двоен удар“ како дел од систематски обид да се направи областа ненаселива. Од почетокот на конфликтот, Израел погоди најмалку 128 медицински установи и амбулантни возила, при што загинаа 40 здравствени работници, а 107 беа ранети, објави либанското Министерство за ...
Портпаролот на Иранската исламска револуционерна гарда и заменик задолжен за односи со јавноста, Али Мохамад Наини, е убиен во нападите што ги извршија САД и Израел, објави иранската државна телевизија, пренесува Ројтерс. Според објавените информации, Наини бил една од жртвите во најновиот бран напади, а неговата смрт претставува нов удар врз високите структури на иранскиот безбедносен апарат. Засега не се соопштени повеќе детали за точната ...
Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот Исток и да ги загрози воените капацитети на САД, објави американскиот весник. Една од ракетите откажала во летот, а американски воен брод испукалл пресретнувач SM-3 кон другата, според две лица. Не е потврдено дали пресретнувањето било успешно, ...
Чак Норис е една од најпознатите личности во светот на акционите филмови и боречките вештини, лик кој долго време симболизира сила, дисциплина и непобедливост. Роден на 10 март 1940 година во САД, Чак Норис, чие вистинско име е Карлос Реј Норис, поминал скромно детство. Неговата животна приказна доживува значителна трансформација откако се приклучува на американското воено воздухопловство, каде што започнува патот кон успехот… Чак Норис е ...
Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура. „Постои цел што е дефинирана и одобрена од Советот за безбедност и ние активно работиме со структурите што ги создаде Одборот за мир“, рече Гутереш. Сепак, тој ги доведе во прашање пошироките амбиции на организацијата, која Трамп ја основа во ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, им ја честиташе на иранските лидери Новруз, иранската Нова година, и порача дека Москва останува верен пријател и доверлив партнер на Техеран, соопшти Кремљ во саботата. Сепак, опсегот на вистинската поддршка на Москва за Иран е спорен, а некои ирански извори наведуваат дека добиле мала конкретна помош за време на најголемата криза во земјата од револуцијата во 1979 година, пишува Ројтерс. „Владимир Путин ...
Иранските одмазнички напади врз воените бази користени од САД на Блискиот Исток предизвикаа проценета штета од околу 800 милиони долари само во првите две недели од војната, покажува нова анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии. Поголемиот дел од штетата е предизвикан веднаш по почетокот на војната, кога Иран ја започна својата одмазда против САД и Израел. Нападите биле насочени кон американските системи за противвоздушна ...
Во украинската делегација се секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, шефот на претседателската администрација Кирил Буданов, неговиот заменик Сергеј Кислица и претседателот на парламентарната група на партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Давид Арахамија. САД ќе бидат претставени од специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на претседателот ...
Во градот Бинде во Северна Рајна-Вестфалија, возачите добија можност што ретко се случува – да наполнат дизел по неверојатно ниска цена од 1,20 евра за литар. Техничка грешка на една бензинска пумпа предизвикала гужва и необични сцени во среда вечерта, пишуваат германските медиуми. Возачите не полнеле само за себе, туку и за други, за да не ја пропуштат шансата за евтино гориво. Според сопственикот на пумпата, дефектот бил во автоматското ...
Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер за надворешни работи рече дека „не изгледа дека САД се подготвени да ја запрат својата агресија“. Арагчи, исто така, рече дека Иран не се залага за прекин на огнот, туку за „целосен и сеопфатен крај на војната“. ...
Последниве години често имаме обичај да кажеме дека историјата се одвива со толку голема брзина, како да се случува на интернет или на социјалните мрежи, кадешто некој настан или личност во фокусот од пред ден-два е веќе бајат. Навигацијата во океанот од информации е клучна во разбирањето на работите, под услов да знаете да ги избегнувате моќните алгоритми на мрежите. Авторите на документарните филмови затоа се постојано во потрагата по ...
Чешките власти водат истрага за пожарот што избувна во текот на ноќта во индустрискиот комплекс во Пардубице, како можен намерен напад, откако медиуми објавија дека група која протестира против израелско оружје презела одговорност за инцидентот, јавува Ројтерс. Пожарникарите соопштиле дека интервенирале во магацинска хала во комплексот во Пардубице, кој се наоѓа на околу 120 километри источно од Прага. Пожарот се проширил и на друга зграда, ...
САД и Израел утрово извршија напади врз иранскиот нуклеарен погон Натанз, објави иранската државна новинска агенција Тасним. Според извештајот, по истрагите на локацијата по ударот не е пријавено истекување на радиоактивен материјал. Исто така, нема опасност за жителите што живеат во близина на објектот. Трамп повеќепати истакна дека еден од клучните цели на САД во иранската војна е искоренување на способноста на земјата да произведува ...
Саудиска Арабија не ја исклучи можноста за воен одговор на ракетните напади и напади со дронови од страна на Иран, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фаисал бин Фархан. Обраќајќи им се на новинарите по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од регионот во Ријад, принцот Фаисал рече дека Иран „се обидува да изврши притисок врз своите соседи“ со нападите, пренесува „Галф њуз“ (Gulf News). - Кралството ...
Еден офицер од ирачката разузнавачка служба загина утрото во сабота, кога дрон удри близу седиштето на службата во Багдад. Властите нападот го оценија како терористички чин, а службата соопшти дека нападот е „очајнички обид да се попречи нивната работа“. Разузнавачката служба порача дека ќе продолжи со своите задачи и дека ќе ги пронајде и уапси извршителите. Неколку часови претходно, дрон паднал на седиштето во областа Ал-Мансур на западот ...
Американскиот сенатор Берни Сандерс ги критикуваше трошоците за воените напади на Вашингтон врз Иран, истакнувајќи дека огромните средства потрошени за војна можеле да се пренаменат за клучни домашни програми. Според него, досегашните трошоци достигнале 22,8 милијарди долари. Во објава на социјалната мрежа X, Сандерс ги наведе трошоците од војната: „Со 22,8 милијарди долари можевме да обезбедиме здравствено осигурување преку Medicaid за 6,8 ...
Нова фаза од војната на блискиот исток...Израел и Иран почнаа со напади врз енергетската инфраструктура..Ирански дронови и ракети го погодија Рас Лафан , клучна постројка за преработка на природен гас на Катар и главен дел од економијата на земјата... Ебрахим Золфагари – портпарол на Исламската револуционерна гарда „Го предупредуваме непријателот дека направивте голема грешка со нападот врз енергетската инфраструктура на Иран. Ако тоа се ...
Иран веќе не располага со капацитет да збогатува ураниум или да произведува балистички ракети, рече синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција на 20-тиот ден од почетокот на израелско-американската војна против Исламската Република. „Ние победуваме, а Иран е обезглавен“, рече Нетанјаху, додавајќи дека арсеналот на ракети и беспилотни летала на Иран е значително намален и ќе биде целосно уништен. „Сега уништуваме ...
Неидентификувани дронови биле откриени над воена база во главниот град на САД, Вашингтон, каде што живеат државниот секретар и секретарот за одбрана на САД – Марко Рубио и Пит Хегсет, објави американскиот весник „Вашингтон пост“. Според статијата, дроновите над базата Форт Мекнер ја принудиле локалната војска да разговара за опцијата за евакуација на Рубио и Хегсет. На крајот, двајцата високи претставници на администрацијата на американскиот ...
Повеќе од 50 лица се повредени во пожар што избувна во фабрика за автомобилски делови во јужнокорејскиот град Деџон. Се наведува дека 35 лица се во тешка состојба. Националната противпожарна служба повика на национална мобилизација за справување со пожарот во Деџон, околу 160 км јужно од главниот град Сеул. Околу 240 лица се мобилизирани за борба против пожарот, објавија јужнокорејска новинска агенција. Премиерот на Јужна Кореја, Ким Мин-сеок ...
Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференција по завршувањето на состанокот на европските лидери во Брисел, на кој Унгарија потврди дека го задржува правото на вето за одлуките поврзани со заемот за Украина, пристапните преговори со Киев и воведувањето дополнителни санкции против Русија. Кошта истакна дека лидерите на ЕУ јасно го осудија ставот на унгарскиот ...
Европските лидери повикаа на повторно отворање на Ормуската Теснина и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток за време на нивниот состанок во Брисел синоќа, на кој разговараа и за зголемувањето на цените на енергијата предизвикани од војната, објавија светските агенции. Европскиот совет упати заеднички повик за стабилизација на снабдувањето со енергија и „деескалација и максимална воздржаност“ од ...
Замислете дека Иран, Сирија, Либан или Турција – со целосна поддршка, оружје и дипломатска заштита од Русија и Кина – имаат волја и средства да го бомбардираат Тел Авив три месеци, дење и ноќе, да убијат десетици илјади Израелци, да осакатат безброј луѓе, да остават без домови милиони и да го претворат градот во куп ненаселиви урнатини, како Газа денес. Замислете го тоа само на неколку секунди: Иран и неговите сојузници намерно ги гаѓаат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од САД пристигнуваат сигнали за можно скоро продолжување на мировните преговори со Русија, но предупреди дека Москва не смее да влезе во процесот со засилена позиција. - Во последните денови добиваме сигнали од американска страна дека преговорите би можеле да продолжат. Но, со каква позиција ќе дојде Русија – тоа зависи од сите нас - рече Зеленски во видео-обраќање до Европскиот совет. ...
Иран испали две балистички ракети врз американско-британската воена база Диего Гарсија, која се наоѓа во средината на Индискиот Океан. Тоа е напад што може да означи нова ескалација во војната, бидејќи оваа воена база е оддалечена дури четири илјади километри од иранскиот брег. Нападот не успеа. Според американските претставници, првата ракета се расипала во летот и паднала во морето, додека втората ја соборил американски воен брод користејќи ...
Кувајтската нафтена корпорација (Kuwait Petroleum Corporation) соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон, по што избувнал пожар. Според кувајтската новинска агенција компанијата навела дека дрон погодил една од оперативните единици во рафинеријата „Мина Абдула“ (Mina Abdullah) во јужниот дел на земјата. BREAKING: Middle East tensions are spiraling. Israel has struck Iran’s South Pars gas field, which is the world’s largest ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на своите операции на Блискиот Исток, јавија американските медиуми повикувајќи се на објава на американскиот лидер на Truth Social. „Многу сме блиску до постигнување на нашите цели, па затоа размислуваме за постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток против терористичкиот режим во Иран“, напиша тој. Трамп продолжи конкретно да ги спомене ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „веќе нема морнарица“ и дека силите на Соединетите Американски Држави наводно потопиле 58 ирански бродови за само два дена, нагласувајќи дека САД сакаат да разговараат, но дека немаат со кого да разговараат во Иран „затоа што нема никој и ништо“. Според него, САД имаат „најголема морнарица во целиот свет“ и дека се справуваат „исклучително добро“. „Нема да дозволиме Иран да создаде ...