Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Раководството на Милан ја помина фазата на преструктуирање и очигледно веќе е договорен првиот посериозен трансфер во овој преоден рок. Новиот тренер Рубен Аморим ќе го добие првото големо засилување, а тоа ни помалку, ни повеќе, ќе биде негов сонародник кој важи за одличен напаѓач и голгетер. Се работи за Гонсало Рамош, досегашниот фудбалер на ПСЖ, за кого двата клуба постигнале договор за трансфер и фудбалерот наскоро ќе биде потврден од ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, уште од првиот ден на Светското првенство е неизоставен дел од телевизиските преноси, а неговото постојано појавување во свечената ложа на стадионите сè повеќе предизвикува сомнежи и прашања кај фудбалската јавност. Во текот на првите две кола од групната фаза беше пресметано дека Инфантино поминал повеќе од 25.000 километри за да присуствува на натпреварите. Но, вистинската ...
Репрезентацијата на Белгија важи за еден од фаворитите во сенка на ова Светско првенство, но не успеа да ја покаже својата класа на првите два натпревари на кои ремизираше. Сега пред Де Бројне, Лукаку и останатите е исправен Новен Зеланд, а Белгијците мораат да победат доколку сакаат да се пласираат во нокаут-фазата. Мохамед Салах и Египет се во малку подобра ситуација, иако ќе имаат тешка задача против Иран. Понудата во Специјалниот сингл е ...
Рубен Аморим го прифати предизвикот да биде предводник на Милан во наредните две сезони, но португалскиот стратег летово го очекува многу работа, околу формирање на тимот со кој би атакувал на највисок пласман во Серија А. Еден од главните проблеми на Милан ланската сезона беше неефикасноста, а Аморим го избра фудбалерот што сака да го види на „Сан Сиро“ како предводник на нападот на „новиот Милан“. Станува збор за неговиот сонародник Гонзало ...
Европската ракометна федерација воведе рангирање на клубовите во машките и женските клупски натпреварувања на ЕХФ. Објавувањето на рангирањето следи по соодветен предлог што го потврди Извршниот комитет во април во Катовице. Клубовите се рангираат според нивните достигнувања, односно собраните бодови во претходните три сезони на европскиот куп (моментално 2025/26, 2024/25, 2023/24). Освен што е фактор во каталогот на критериуми за прием во ...
Најдобрата македонска фудбалерка на сите времиња, Наташа Андонова е нов член на швајцарскиот шампион Сервет. Андонова пристигнува во Швајцарија со богато интернационално искуство зад себе. Таа претходно настапуваше за европските гиганти Барселона и Пари Сен Жермен, а нејзин последен клуб беше шпанскиот Леванте Лас Планас. View this post on Instagram A post shared by Servette FC Chênois Féminin (@servettefccf) Најдобрата македонска ...
На натпреварот меѓу Курасао и Брегот на Слоновата Коска видовме само два гола, но обложувачите можеа да ја наплатат играта 3+ бидејќи во нашата обложувалница ова лето важи правилото 1=3. Натпреварот меѓу Курасао и Брегот на Слоновата Коска не беше премногу интересен. „Слоновите“ ја завршија работата, победија со 2:0 и го заверија пласманот во нокаут-фазата, а притоа одиграа во втора брзина и зачуваа сили. Сепак, најважно е што средбата во ...
Норвешка вечерва ќе се сретне со Франција во дербито за првото место во групата, но селекторот Стале Солбакен се реши за радикален чекор – да го одмори речиси целиот тим во пресрет на нокаут фазата од светскиот шампионат. Скандинавската селекција има две победи на првите две средби и би морала да слави над Франција ако сака да се искачи на врвот. па Солбакен реши воопшто да не атакува на сензација, туку да ги одмори клучните играчи предводени ...
Гана е во одлична ситуација пред последното коло, а играчите добија сериозна мотивација пред дуелот со Хрватска. Бизнисменот Ибрахим Махама вети сериозна финансиска награда доколку африканската репрезентација постигне позитивен резултат во натпреварот против „Огнените“. Патем, тој е брат на претседателот на земјата, Џон Махама. „Многу сум горд на она што го направивте за толку кратко време. Го собравте тимот и одигравте одлични натпревари. ...
Јирген Клоп редовно ги коментира случувањата на СП 2026 и посебно она што е поврзано со германската репрезентација, а не го криел разочарувањето по поразот од Еквадор. Германците поведоа на стартот, но потоа дозволија пресврт од агресивниот јужноамерикански противник, кој имаше поголема мотивација бидејќи победата му беше потребна за пласман во нокаут фазата. Клоп ја критикувал играта на своите сонародници и потенцирал дека истата не ветува ...
НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал, членот на златната вардарова генерација од 1987 година, но и дел од незаборавната млада репрезентација на Југославија – БОБАН БАБУНСКИ. Детална анализа на досегашните случувања на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но и за богатата играчка кариера, за шампионската титула со Вардар од 1987, за европската вицешампионска ...
Германскиот кошаркар Јоханес Тиман е нов играч на гигантот Баерн Минхен, јави клубот кој учествува во Евролигата. 32-годишниот Тиман се обврза на двегодишна соработка и се очекува да биде солидно засилување за натпреварите во првенството и во елитниот европски ранг. Новата аквизиција пристигнува од редовите на јапонскиот Гунма Крејн Тандерс, а претходно го носеше дресот на Бросе Бамберг, Лудвигзбург и Алба Берлин. Минатата сезона просечно ...
Украинскиот шампион Шахтјор е во финални преговори со англиски клуб, кој сака да биде домаќин на натпреварите на оваа екипа во групната фаза од Лигата на шампионите. Поради актуелната ситуација во Украина, Шахтјор одамна ги игра домашните натпревари во друга земја, а последната сезона тоа се случуваше во Љубљана и Краков. Сега, раководството на Брентфорд е блиску да се договори со Украинците да ги играат атрактивните натпревари во западен ...
Ракомеатерите на македонскиот шампион Вардар 1961 го дознаа противниците во Лигата на шампионите. Вардар 1961 се врати во елитното натпреварување откако доби специјална покана од ЕХФ. Противници на црвено-црните ќе бидат Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Распоред на натпреварите на Вардар: 9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар 16/17 септември 2026: Вардар – Нант 7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк 14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – ...
Иако Соединетите Американски Држави го загубија последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство од Турција со 3-2, селекторот Маурисио Почетино не дозволи поразот да ја засени успешната мисија на неговата репрезентација. Американците претходно ги совладаа Парагвај (4-1) и Австралија (2-0), па и покрај синоќешниот пораз го задржаа првото место во групата и обезбедија пласман во осминафиналето. На прес-конференцијата по мечот, ...
Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги отвори подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски на првиот контролен натпревар беа убедливи против Саудиска Арабија, славејќи со 35-26. Македонските ракометари прикажаа сигурна игра, добар ритам во нападот и цврстина во одбраната, што е позитивен сигнал на стартот од подготвителниот период. Овој дуел беше прва проверка за младинците во ...
Арсенал веќе го направил првиот конкретен чекор во обидот да го доведе Бруно Гимараеш од Њукасл, пренесува познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо. Според неговите информации, „топчиите“ во изминатите 24 часа стапиле во контакт со раководството на Њукасл и испратиле почетна понуда вредна околу 55 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец. Сепак, од „Сент Џејмс Парк“ експресно ја одбиле понудата. Њукасл нема намера да се раздели со ...
Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит на имаат Американците, но Босанците како типични Балканци немаат намера однапред да се предадат. Во Сараево и цела Босна Херцеговина “ГОРИ“, секако и во САД за овој меч. Социјалните мрежи вријат од шеговите текстови, закани кон САД, секако и повикување на внимателност. ...
Лионел Меси на денешен датум пред точно десет години ја шокираше светската фудбалска јавност – со објавата дека повеќе нема да игра за Аргентина. Видно разочаран по поразот од Чиле во финалето на Копа Америка, тогаш 29-годишниот Меси објави дека предвреме ја завршува репрезентативната кариера. Тоа беше четврто загубено финале во низа за Лео во репрезентативниот дрес, кому критиките му дојдоа преку глава. „Се обидов буквално со се. Игравме ...
Англискиот шампион Арсенал ги разгледува опциите за засилување на ростерот за сезоната во која ќе ја брани титулата во Премиер лигата, а еден од фудбалерите за кои се почнати официјални преговори е од ривалски клуб. Се работи за Бруно Гимараеш, играчот за врска кој веќе го потврди својот квалитет во редовите на Њукасл, последните сезони е лидер на овој премиерлигаш и очигледно посакува клуб кој има поголеми предизвици. „Црно-белите“ не се ...
Новаци во новата сезона од Втората лига ќе биде предводен од младиот стратег Иван Варадиновски. Веднаш по промоцијата Варадиновски ја имаше првата ексклузивна изјава за Спортска Мрежа како сега веќе нов стратег на тимот од битолско. 37-годишниот стратег истакна дека му бил претставен амбициозен и сериозен проект и верува дека ќе имаат успешна сезона. „Ми беше претставен амбициозен и сериозен проект и верувам дека заеднички ќе направиме многу ...
Поразот на Германија од 1:2 против Еквадор во последното коло од групата „Е“ на Светското првенство, иако немаше влијание врз пласманот, ги вклучи алармите пред нокаут-фазата. Посебно остри во своите оценки беа аналитичарите на „Магента ТВ“ – Јирген Клоп и Матс Хумелс, кои не го штедеа тимот на Јулијан Нагелсман. Клоп смета дека Германија избрала погрешен пристап против агресивниот Еквадор и дека играла фудбал кој не одговарал на текот на ...
Во групата „Х“ ќе има неизвесна заврница на групната фаза, со оглед дека сите четири репрезентации имаат свои математики. Секако, најголемо внимание привлеува дуелот помеѓу Шпанија и Уругвај, а „фуријата“ ќе мора да атакува на победа за да го задржи првото место и да ја избегне Аргентина. За разлика од нив, Уругвај оди на победа за пласман во 1/16-финалето. Шпанците се големи фаворити во понудата на Sport Life, а конечниот тип може да го ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) испрати искрени честитки за големиот успех на Лина Ѓорческа. Македонската тенисерка обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон, со што стана првиот наш претставник во сингл конкуренција на неофицијалното Светско тениско првенство. Во третото квалификациско коло, Ѓорческа одигра фантастичен меч и експресно ја совлада фаворизираната Италијанка Луција Бронзети (127-ма на ВТА листата). За само 75 минути ...
Македонската ракометна репрезентативка Катерина Дамјаноска има нов клуб во својата кариера. Кружниот напаѓач потпиша договор со романскиот ЦСМ Таргу Муреш, каде ќе настапува во сезоната 2026/27. Трансферот беше потврден од нејзината менаџерска агенција „MOA Handball“, која ѝ посака многу успех во новиот предизвик. Дамјаноска е една од стандардните репрезентативки на Македонија, а со преселбата во Романија ќе добие можност да настапува во ...
Македонија ја совлада Бугарија на пријателскиот меч што се одигра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје во меч во кој клучна улога одигра Дивејн Стјуард Јуниор. Новото име во националниот тим блескаше на дебито и реализираше 26 поени со 5 скока и 5 аситенции со што потврди дека ќе биде големо засилување. -Ова е мое прво искуство во еден национален тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе. Спремен сум да работам со соиграчите и да ...
Македонскиот вицешампион Шкендија официјално потврди дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од тимот, откако клубот и фудбалерот постигнале договор за прекин на соработката. Левиот бек ја напушта тетовската екипа со заедничка одлука, а од клубот објаснија дека ја почитувале желбата на фудбалерот да побара нова средина во која ќе има поголема минутажа и подобри услови за понатамошен развој на својата кариера. Од Шкендија му се заблагодарија ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман, би можел да ја напушти Атина и да се врати во Истанбул ова лето. Според турските медиуми, Осман би можел да го засили Ефес, кој наводно испратил понуда до Панатинаикос. Осман е во Атина две сезони, но е отворен за разделба, а контактот со неговиот поранешен тим веќе е воспоставен. „По заминувањето на Ергин Атаман од Панатинаикос, Осман е исто така на работ да се раздели со атинскиот клуб. Се очекува ...
Словенечкиот репрезентативец Јака Малус доби големо признание за одличните настапи во ЕХФ Европската лига, откако беше избран за најдобар среден бек во идеалниот тим на сезоната. Малус беше меѓу најдобрите стрелци и асистенти на Вардар и одигра клучна улога во пласманот меѓу најдобрите осум во ова натпреварување. Покрај словенечкиот плејмејкер, во елитниот состав на сезоната се најдоа уште неколку звучни ракометни имиња. На голманската ...
И официјално. Од денеска Иван Варадиновски (37) е нов шеф на стручниот штаб на Новаци, второлигашот од Новаци. Младиот стратег досега го предводеше составот на Кожув, а од денеска и официјално е нов тренер на тимот од Новаци. По заминувањето на Дарко Крстески, раководството на Новаци брзо реагираше и успеа да го ангажира досегашниот предводник на Кожуф. Кога сме кај Варадиновски, да споменеме дека покрај Кожу, тој во минатото беше тренер и ...