Во финалето од квалификациите Ѓорческа денеска ја совлада италијанската тенисерка Лусија Бронзети во два сета и со само три загубени гема. Италијанката беше речиси 100 места подобра од Ѓорческа на ВТА листата, но на теренот нашата тенисерка делуваше супериорно. Лина го доби првиот сет со 6-1, а во вториот беше подобра со 6-2. Ѓорческа е прв тениски натпреварувач од Македонија што ќе игра на грен слем турнир во сингл конкуренција. Низ ...

Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис, откако денеска успеа да оствари резултат кој го нема остварено ниту еден во женска, но ниту во машка конкуренција. Ѓорческа стана првата претставничка од нашата земја која успеала да обезбеди пласман на главен турнир на еден од четирите грен слеми, а за да биде уште подобро, тоа го направи на најпрестижниот и најголемиот, Вимблдон. Лина ја преслуша Италијанката Лучија ...