Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Легендарниот дефанзивец на Барселона и Шпанија, Жерард Пике, никако не успева да остане подалеку од насловните страници поради погрешни причини. По неодамнешната суспензија од фудбалот, Пике сега се соочува со сериозен финансиски удар од шпанските власти поради прекршување на законите на берзата. Солена казна од 200.000 евра за „привилегирани информации“ Според официјалниот владин извештај објавен во шпанскиот државен весник (BOE), Пике е ...
Ергин Атаман е познат како човек кој не ги прифаќа лесно поразите, па откако се бунеше за судиите по двата порази во ОАКА од Валенсија, сега во ист стил продолжи и по поразот во „мајсторката“ во „Роиг арената“. Валенсија направи сензационален пресврт и по негатива од 0:2 за првпат се пласираше на еден фајнал-фор турнир во Евролигата, но додека Шпанците слават, Атаман одлучи да користи непотребни методи и да ја доведува во прашање победата на ...
Грозни сцени го одбележаа прволигашкиот дуел меѓу екипите на Оланче и Мотаџ во првенството на Хондурас, откако бразилскиот фудбалер Ромарио Луис да Силва доживеа тешка повреда. Крилниот бразилски напаѓач на гостинската екипа се обидуваше да сопре еден контранапад на Оланче, но по дуелот со еден ривал, незгодно згазна, падна на теренот и веднаш почна да се жали на големи болки. Сите фудбалери на теренот беа потресени од глетката, која беше ...
Манчестер Сити остана во трката за титулата во Премиер лигата со сигурната победа која ја оствари над Кристал Палас, а поволна вест за Пеп Гвардиола беше тоа што стигна до три бода без да ги измори своите ѕвезди. Дел од најважните играчи на Сити останаа на клупата за резерви и добија поштеда пред финалето во ФА Купот и дуелот со Борнмут во Премиер лигата, а во такви услови, до израз дојдоа играчи кои поретко добиваат шанса. Фил Фоден е еден ...
Пет возбудливи дуели се дел од денешната понуда во Квотитр на денот, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 38.61. Базел е домаќин на Сент Гален и тука е потребно да има победник, во меч на кој двата тима ќе дадат гол, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со квота од 2.05. На мечот меѓу Копенхаген и Митјиланд потребно е да има од еден до два гола во првото полувреме и ...
Затоа Харден дојде во Охајо. Кавсите веруваа дека им е потребен некој што веднаш ќе се обиде да ги однесе на врвот. „Брадата“ постигна 30 поени, гостите се вратија од дефицит од десет поени и славеа со 117-113. Сега ќе имаат шанса да ја завршат серијата на домашен терен, каде што не загубија ниту еден во плејофот оваа сезона. И покрај водството од 15 поени во првиот дел, Пистонс останаа со празни раце на околу две минути до крајот. Му ...
Флорентино Перез ја продолжува војната што самиот ја почна по обвинувањата за корупција во шпанскиот фудбал, откако првиот човек на Реал се пожали дека неговиот тим е жртва на судиите поради кои останал без најмалку седум шампионски титули во Ла Лига. Тој ја обвини Барса за корупција на шпанските судии, по што веднаш стигна одговор од каталонскиот гигант дека обвинувањата детално се разгледуваат за да се почне судски процес за навреда и ...
Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиската професионална лига која, како што се вели, би му го променила животот. Според полскиот „WP Sportowe Fakty“, Ал-Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот. Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот ...
Екипата на Кочани во мечот за комплетирање на 24. коло на Првата женска фудбалска лига со 4:2 на домашен терен ја совлада Речица и сега доаѓа на минус три токму од Речица во трката за директен опстанок. Резултатот го отвори Јована Стојанова која во 22. минута постигна гол за водство на домаќинот од 1:0, а во 41. минута Софија Величковска постигна погодок за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Речица направи и пресврт откако во 51. минута Вања ...
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го победија Детроит Пистонс среде нивната „Литл Сизрс“ арена со 117:113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, поведувајќи со 3-2 во серијата и дојдоа на чекор од финалето. Пистонс имаа 9 поени предност на 2:40 до крајот, 103:94, но Кавс се вратија и го одведоа натпреварот во продолжение, каде што гостинскиот тим се покажа подобро и победи. Џејмс Харден ги предводеше до ...
Кога игра Интер Мајами, јасно е дека шоуто е резервирано за Лионел Меси. Така беше и на последниот меч на кој Интер Мајами со 5:3 славеше на гости кај Синсинати. Навивачите на стадионот во Синсинати уживаа во осум голови и неколку пресврти. Токму Меси ја отвори серијата погодоци во 24 минута кога погоди за 1:0 за гостите. Синсинати израмни од пенал во финишот на првото полувреме. Во вториот дел беше гол-шоуто, а повторно Меси погоди за 2:1. ...
ж Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим. Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот. „Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна. Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на ...
По експлозивното обраќање кое го имаше во вторникот, Флорентино Перез се одлучи да направи ексклузивно интервју за „Ла Секста“ со новинарот Хосеп Педрерол, а бидејќи станува збор за соговорник кој доста го почитува, претседателот на Реал учтиво одговараше на сите поставени прашања. Првиот човек на Реал Мадрид е свесен дека секоја сезона во која нема освоено трофеј се смета за неуспешна во „Кралскиот клуб“, но истовремено е сигурен дека тој и ...
Интер ја потврди својата класа и доминација во италијанскиот фудбал со двојна круна, односно со титула во Серија А и во Купот. По освоениот трофеј во Калчото, тимот на Кристијан Киву без проблеми го совлада Лацио за пехарот во Копа Италија, а покрај тоа што победата од 2:0 се слави во Милано, истата донесе радост и во еден дел од Рим. Победата на Интер во финалето и донесе на Рома математичко учество во Лигата на Европа наредната сезона, а ...
Македонскиот интернационалец Бехар Фета и неговиот Алуминиј успеаа да го освојат трофејот во Купот на Словенија. Во битката за титулата, составот Алуминиј беше подобар од второлигашот Гросупље со 1-0 со погодок во второто полувреме. Херој беше Бамба Сусо кој постигна убав гол во 78 минута. 🎯 Bamba za pokalni naslov Aluminija 🏆🔴⚪️#PokalUnion 🏆 pic.twitter.com/bPikaB3FjZ — NZS | FA Slovenia (@nzs_si) May 13, 2026 Фета беше стартер на ова ...
Неизвесна иднина за познат ракометен клуб Богдан Радивоевиќ по три сезони го напушта клубот Пелистер и прелета во Бешикташ. Ракометарот потпишал договор со турскиот тим, каде подоцна се надева на новите предизвици кои следат. Радивоевиќ од Битола заминува по движење со две шампионски титули и три натпревари во Лигата на шампиони во редовите на Пелистер. Е. Пелистер за следната сезона ќе се обиде да се врати на десната патека, после слабата ...
Кошаркарска Европа доби нов дебитант во самата завршница на елитата. Во „мајсторката“ која одлучуваше за сè, Валенсија покажа заби и целосно го надигра Панатинаикос со убедливи 81-64, со што ја доби четвртфиналната серија со 3-2. Шпанскиот тим не само што обезбеди билет за својот прв Фајнал-фор, туку го направи тоа на доминантен начин, нанесувајќи му тежок пораз на атинскиот гигант. Бранку Бадио беше најефикасен кај победникот со 20 поени, но ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието во Марка, која тврди дека Французинот сака да настапи во последните три кола од сезоната во Ла Лига за да ја подготви формата пред СП. Мбапе откако дозна дека нема да биде стартер против Барселона, туку дека ќе почне од клупата, рече дека е повреден и воопшто не беше во тимот. Тоа предизвикаа реакции кај навивачите, а дел од шпанските медиуми повторно го отворија ...
Етиопската атлетичарка Јебргуал Мелесе (36) почина за време на тренинг, објави денеска Етиопската атлетска федерација. Мелесе се онесвести за време на подготовките за настап на претстојниот маратон во Отава, а лекарите и покрај брзата интервенција не успеаја да го спасат нејзиниот живот. „Етиопската атлетска федерација изразува длабоко жалење поради ненадејната смрт на оваа херојска атлетичарка и им изразува сочувство на нејзиното семејство, ...
Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, може да ја продолжи својата кариера во Милан. Според „Кориере дело Спорт“, Милан може да му даде понуда на 26-годишниот Србин ако Масимилијано Алегри остане главен тренер на тимот. Влаховиќ ќе стане слободен агент на крајот на јуни откако ќе му истече договорот со клубот од Торино. Напаѓачот е во Јувентус од 2022 година. Оваа сезона, тој настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи осум ...
Најдобрите македонски таеквондисти, кандидати за настап на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, не успеаја да влезат во борба за медал на Европското првенство за сениори кое се одржува во Минхен, Германија. Носителот на сребрен олимписки медал од Токио, Дејан Георгиевски, мина едно коло во категоријата над 87 килограми. Во првото коло тој беше слободен, во второто со 2:1 славеше над Турчинот Атесли, по што во четвртфиналето загуби со 2:0 ...
Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски и селекторот Милош Гавриловиќ и неговиот стручен штаб ги пречекаа репрезентативките на собирот во хотелот „Континентал“ во Скопје. Еден од водечките луѓе на Федерацијата изрази големо задоволство што и собирите на женскиот национален тим на годишно ниво прераснуваат во традиција, односно паралелно со мажите и ...
Фудбалерите на Динамо Загреб го освоија Купот на Хрватска, откако ја победија Ријека со 2-0 во финалето во Осиек. Двата гола ги постигна напаѓачот Лука Стојковиќ, во 50. и 57. минута. Екипата на Марио Ковачевиќ на тој начин ја освои „двојната круна“ оваа сезона, бидејќи претходно доминантно славеше и во првенството. Интересно е што Ријека беше бранител на титулата во овие две натпреварувања. Ова е осуманесети Куп на Хрватска за Динамо. На ...
Интересен податок кој е за респект ни доаѓа од Битола после пласманот на кадетите на Пелистер во финалето од Купот на Македонија, каде за противник ќе ја имаат екипата на Вардар и без сомнение ќе биде вистинско уживање да се проследи тој натпревар. За издвојување е тоа што генерацијата 2008 веќе во континуитет се пласира во финалето од Купот на Македонија: 2023/24 – Помлади пионери 2024/25 – Пионери 2025/26 – Кадети Ова е трето ...
Победата од 3:0 над Кристал Палас донесе мир во таборот на Манчестер Сити, а менаџерот Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од начинот на кој неговите избраници го „скршија“ отпорот на незгодниот противник. Гвардиола акцентот го стави на трпението и менталната сила на тимот во овој клучен дел од сезоната. Гвардиола: Имаме доверба во овој тим Шпанскиот стратег по натпреварот истакна дека Кристал Палас е исклучително тежок ривал, особено ...
Алавес ја победи немотивираната Барселона со 1-0 и освои три големи бодови во битката за опстанок во шпанската лига. За Барса заврши серијата од 55 лигашки мечеви по ред на кои даваше барем по еден гол (вечерва Барса немаше ни еден шут во рамки на голот). Барса со овој пораз, пропушти прилика сезоната во Ла Лига да ја заврши со 100 бодови. Каталонците се на 91, а имаат уште два меча за играње. Сега мотив ќе им биде да го победат Бетис дома и ...
Црвена ѕвезда шест година по ред освојува двојна круна во Србија. Вечерва многу тешко и со доза на среќа го освоија Купот на Србија. На белграѓани им требаа гол во 95-та минута за 2-2 и поуспешно изведување пенали да ја победат Војводина во финалето кое требаше да почне во 20, а заврши околу 23.35 часот. Увертира беа навивачките нереди пред и во стадионот во Лозница, па следуваше шок и предност на Војводина од 2-0, но тимот на тренерот Дејан ...
Баерн Минхен веќе ги подготвува чекорите за летниот преоден рок, а едно од имињата што се споменува како можно засилување е Ентони Гордон од Њукасл Јунајтед. Според информации од англиските медиуми, постигнат е договор меѓу играчот и германскиот гигант околу личните услови, па трансферот добива сè појасни контури. Клубот од Њукасл за услугите на својот фудбалер бара околу 75 милиони фунти, сума која, како што се наведува, не претставува ...
Трката за титулата во Премиер лигата влегува во својата најдраматична фаза откако Манчестер Сити рутински го совлада Кристал Палас со 3:0. Со овој триумф, избраниците на Пеп Гвардиола повторно се доближија на само два бода до лидерот Арсенал, притоа израмнувајќи се со бројот на одиграни натпревари (36). Притисокот сега е кај „топчиите“, кои мора да победат на своите преостанати мечеви доколку сакаат да го сочуваат врвот. Гвардиола ризикуваше ...
Меѓусебниот дуел на Селтик и Хартс во последното коло ќе решава кој од овие два тима ќе биде првак на Шкотска. Ако победи Селтик, гигантот од Глазгов ќе се закити со нов трофеј, а со реми или победа на Хартс, тој тим после 66 години ќе ја освои титулата и ќе прекине 40-годишна „диктатура“ на Селтик и Ренџерс како единствени прваци од 1986 наваму. Освен фановите на Селтик, сите други сметаат дека Селтик доби голема помош од судиите вечерва на ...