Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата, но вториот гол на Тиерно Бари предизвика големи реакции и незадоволство кај гостите. Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути, но вториот беше спорен поради сомнеж дека претходно ја допрел топката со рака. Ковентри поведе во 52. минута преку Јан Гбохо, но Бари со гол во 57. минута израмни на 1:1. Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во ...
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди не се откажува од идејата да се врати на италијанските терени, и покрај фактот дека вратата кон неговиот поранешен клуб Интер засега останува цврсто затворена. Претседателот на Интер, Бепе Марота, неодамна испрати јасна и недвосмислена порака дека Икарди не е дел од плановите на миланскиот клуб. Сепак, искусниот голгетер, кој моментално има статус на слободен агент, продолжува да ги нуди своите услуги со ...
Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 116:103 во НБА лигата. Ова беше седма победа на „езерџиите“ во деветтиот натпревар од оваа сезона и осмиот во кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна над 35 поени. Овој пат застана на 40, со одлична реализација од поле. Имаше 6/13 за три поени, 12/13 за еден, а забележа девет скока и седум асистенции. Словенецот, по овој натпревар застана рамо до рамо со најголемите имиња во историјата на ...
Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над клубот кој е најголем ривал во борбата за титулата, кога дамите на ШК Алкалоид го совладаа МШК Центар со 2,5 : 1,5. Во сите седум кола шахистките поединечно останаа непоразени, со исклучок на ИМ Лела Јавакашвили, која во директен дуел на првата табла загуби ...
Со доминантна победа од 5,5 : 0,5 во последното коло над ШК Гостивар, ШК Алкалоид продолжи со освојување на титулата државен првак на Македонија во екипна конкуренција веќе 14 години во низа. Со максимален учинок од 18 бода во 9 кола, најдобрите македонски шахисти во ниту еден момент не им дадоа надеж на конкурентите за препуштање на шампионскиот трон и експресно ја освоија својата 28. титула во 34 настапи по осамостојувањето на државата. ...
Лангстон Лав е третото странско засилување на ГКК Штип оваа сезона, односно најновото засилување на штипјани. Како што што објавија преку своите социјални мрежи, Американскиот бек од Тексас во Штип носи искуство од НЦАА, каде што настапуваше за Бејлор и Џорџтаун. Во сезоната 2023/24, иако сите натпревари ги започна од клупата, во дресот на Бејлор бележеше по 11 поени во просек. Откако го промовираа своето ново странско име од клубот му ...
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси (39), одлучи да ја заврши својата богата кариера во аргентинската репрезентација и повеќе нема да го носи дресот на репрезентацијата. Во официјалното соопштение, Меси откри дека ја донел одлуката кратко по финалето на Светското првенство против Шпанија, и дека подоцнежните настани дополнително ја зајакнале неговата одлука. „По сето ова време од финалето и по многу размислување, ...
Луис Хамилтон нема намера да ги ублажи критиките кон својот тимски колега Шарл Леклер по нивниот судир во Мексико, пред трката во Сао Пауло, тој изјави дека никој нема да го замолчи. Британецот стартуваше од пол-позицијата во Мексико, но и тој и Леклер излетаа од патеката додека се бореа во првите свиоци. Макс Верстапен ја искористи ситуацијата, презеде водство и на крајот победи. По трката, Хамилтон отворено го изрази своето незадоволство од ...
Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на АТП-турнирот во Виена, откако во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со 6-4, 7-5. Мечот траеше еден час и 36 минути, а вториот тенисер на АТП листата во двата сета направи по еден брејк, што му беше доволно за победа над 50. играч на АТП-листата. За место во полуфиналето, Зверев ќе се соочи со Британецот Артур Фери, кој приреди изненадување елиминирајќи го Италијанецот ...
Словенија го објави списокот на фудбалери за претстојниот дуел со Македонија, а меѓу повиканите е младиот дефанзивец на Аталанта, Реља Обриќ. Младиот дефанзивец Реља Обриќ, кој настапува за Аталанта, доби повик и се очекува да дебитира за Словенија на претстојните натпревари. Реклама На списокот повторно не се Бенјамин Шешко и Јуре Балковец, кои ќе отсуствуваат поради повреди. Селекторот Цезар изјави дека по седумте освоени бода во ...
Извонредните индивидуални партии на Никола Јокиќ, Шеј Гилџис-Александер и Џејлен Браун и донесоа победи на нивните тимови изминатата ноќ во НАБ лигата. Денвер ги победи Торонто Репторс со 128:109. Јокиќ забележа 32 поени, 11 асистенции и 10 скока, остварувајќи го својот трет трипл-дабл во сезоната, 201-ви вкупно во кариерата, и 90-ти, што го постигна веќе во третата четвртина. Покрај српскиот центар, се истакна и дебитантот Брајс Хопкинс, ...
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, во ноќта помеѓу четврток и петок, забележаа рутинска победа во дуелот со Мајами Хит, 120:100. За Вориорс, по лошиот почеток на сезоната со три порази, ова е дури шеста победа по ред, додека Мајами Хит го претрпеа шестиот пораз и сега се на 3-6. Мајами добро се држеше до третата четвртина, која мина во апсолутна доминација на „воините“, и ја добија со 15 поени разлика (38:23). Мајами не успеа да се врати ...
Денеска МЗТ Скопје одбележува 30 години од победата над големиот Реал Мадрид, кој падна во Аеродром. Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди на „кралскиот клуб“ со наведнати глави ја напуштија култната „Лименка“, совладани од четата предводена од тренерот Александар Књазев. Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш ...
Селекторот на Португалија, Жорже Жезуш, го објави списокот од 28 фудбалери за последните две кола од групната фаза во Лигата на нации. Ова е прв список откако Кристијано Роналдо во четвртокот се прости од националниот тим, а на него се наоѓаат седум нови имиња. На 14 ноември, Португалија ќе ја пречека Данска во Брага, а три дена подоцна ќе гостува кај Велс во Кардиф. Со четири победи на четири натпревари, тимот веќе обезбеди пласман во ...
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Док Риверс, откри со какви проблеми се соочувал додека во неговиот тим настапуваше Јанис Адетокумбо. Американскиот стратег призна дека не било лесно да се справи со сите предизвици што ги носи тренерската работа со ѕвезда од калибарот на Јанис. Риверс конкретно го посочи недостатокот на реализација на договорените акции во клучните моменти како една од најголемите причини поради кои било тешко да се работи ...
Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ. Голден Стејт ја следи ситуацијата околу Никола Јокиќ и се надева дека српскиот центар би можел да биде достапен следното лето, смета новинарот од НБА, Џејк Фишер. „Вориорс се меѓу тимовите кои прашуваат: „Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?“ ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) остварила приходи од пет милијарди долари од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година, објави британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на свои извори во организацијата. Според објавените информации, оваа сума е повеќе од петпати поголема од официјалните приходи што ФИФА ги оствари од продажбата на билети за Светското првенство во 2022 година во Катар, кои изнесуваа 929 милиони долари. ...
Андреа Кими Антонели е новиот светски шампион во Формула 1. Возачот на Мерцедес ја обезбеди титулата во сезоната 2026 по третото место на Големата награда на Мексико, станувајќи најмладиот шампион во историјата на Формула 1. Трката во Мексико Сити ја освои Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, додека второто место му припадна на Луис Хамилтон од Ферари, кој заврши со заостанување од 0,799 секунди. Антонели ја мина целта 4,006 секунди зад ...
Меѓународниот олимписки комитет го потврди списокот на седум држави кои изразиле интерес за домаќинство на Летните олимписки игри во 2036 година. Во трката за организацијата се наоѓаат Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Турција и Јужна Кореја. Дел од земјите поднесоа по два предлога за градови домаќини: Германија ги кандидираше Минхен и Берлин, додека Јужна Кореја ги предложи Сеул и провинцијата Северна Џола. Реклама Останатите ...
Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот лидер на АТП-листата, објавена денеска на официјалната интернет-страница на организацијата. За 28-годишниот Германец ова е првпат во кариерата да се најде на врвот на светскиот тенис. Зверев го презеде првото место од Италијанецот Јаник Синер, кој беше лидер од април годинава. Најновото рангирање го носи Германецот на првата позиција со 9.550 поени, додека Синер има 9.450. Минатата недела Зверев ...
Шпанскиот средностапач Родри мораше да го напушти натпреварот на Барселона против Астон Вила на полувремето поради мускулни проблеми, а неговиот настап на неделното дерби против Атлетико Мадрид е сè уште неизвесен. Тренерот Ханси Флик има причина за загриженост по победата со 3:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Родри почувствува болка на крајот од првото полувреме, но остана на теренот до паузата. По разговорот со медицинската ...
Ракометарите на Вардар 1961 и по третото коло се уште се без победа во Групата Б, во Лигата на шампионите. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот првак загуби од Висла Плоцк со 26:32 (13:15). Вардар 1961 пред домашната публика падна „без испукан крушум“, против тактички беспрекорната Висла. Гостите не потклекнаа на атмосферата во „Јане Сандански“, од стартот го наметнаа својот ритам, стекнаа предност од 3:0, потоа и 7:2. Вардар до ...
Еурофарм Пелистер го забележа својот втор пораз во групната фаза од Европската лига. Вечерва во Германија, Гумерсбах го порази Пелистер со 38-28 (20-15). Пелистер постигна два гола на почетокот, потоа Губерсбах одговри со серија 5:1, го презеде водството и до крајот само ја зголемуваше предноста. Тренерот на Пелистер Лино Червар, слично како и против Ла Риоха го плати цехот со определбата во нападот да игра „седум на шест“. Гумерсбах на ...
Најдобрата кошаркарска лига во светот, НБА станува сè помлада. Во сезоната 2025/26, дури 40,5 проценти од вкупната минутажа во НБА им припадна на кошаркарите помлади од 25 години, додека играчите на возраст од 30 и повеќе години учествуваа со само 19,8 проценти. Трендот на подмладување трае со децении. Пресвртот се случи во првата деценија од овој век, кога младите играчи за првпат ги надминаа ветераните според вкупната минутажа. Оттогаш ...
Сензационалниот Лука Дончиќ постигна 53 поени – најмногу сезонава – заедно со 5 асистенции и 5 скокови, предводејќи го својот тим до победа од 124:118 над Портланд Треил Блејзерс. Домаќините губеа со дури 16 поени разлика во првото полувреме, но го свртеа текот на натпреварот во третата четвртина. Портланд ја доби првата четвртина со 29:20, а екипите заминаа на одмор со водство на гостите од 60:53. Дончиќ го заврши полувремето со тројка од ...
Адам Силвер, комесар на НБА, наводно е поддржувач на скратување на натпреварите на 40 минути, со мотив за намалување на повредите кај играчите. Според извештајот на Крис Маникс од „Спортс илустрејтед“, Силвер е отворен за предлогот натпреварите во лигата да се играат во четири четвртини од по 10 минути, модел што е сличен на европскиот. Оваа промена би значела драстично скратување на времетраењето на натпреварите во споредба со сегашниот ...
Кошаркарите на Црвена звезда славеа голема победа на гостувањето кај Олимпијакос со 62:57 во натпреварот од 10. коло во Евролигата. Белградскиот тим одигра речиси совршено прво полувреме, стекна предност од 18 поени (40:22), а потоа издржа силен налет на домаќините и го сочува триумфот во драматична завршница. Џонс уште еднаш покажа дека може да преземе одговорност во најважните моменти, потврдувајќи ја својата улога на еден од лидерите на ...
Украинецот со македонски пасош, Дмитро Хориха, доби дозвола од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) да настапува за репрезентацијата на Македонија. На оваа тема, говореа првиот човек на Македонската ракометна федерација, Александар Стефанов и селкеторот, Кирил Лазаров. „Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе ...
Управниот одбор на Реал Мадрид на 4 ноември одлучи да го предложи Рафаел Надал за нов член на Управниот одбор, а назначувањето треба да биде ратификувано од Генералното собрание на делегатските членови. Шпанскиот тенисер и почесен член на Реал Мадрид, Рафаел Надал, ја прифатил понудата да стане дел од раководството на клубот. Реклама Од Реал Мадрид соопштија дека Надал е член број 67.778 на клубот и дека од одговорната позиција во Управниот ...
Уште едно име кое долго го носеше дресот на Македонија замина во легендите. Никола Маркоски стави крај на својата кариера, а денешниот натпревар против Луксембург беше совршен момент да му биде оддадена почит за сето она што го направи за националниот тим. Ракометната федерација на Македонија пред почетокот на мечот направи убав гест. Претседателот Александар Стефанов на Маркоски му врачи врамен дрес како знак на благодарност за годините ...