Март 2020. светот е во паника, новиот вирус се шири забрзано. На мапата на Ковид-19 се наоѓа и Македонија. Стра и исчекување и многу нови наративи. Потребни и непотребни набавки на правење залихи на тоалетна хартија, брашно и шпагети. Смртноста во Македонија расте, Вакцинацијата доцни, но забрзани се шират теориите на заговор. Медиумите наспроти или заедно со лекарите? Коронавирусот и дезинформациите - како е со светот, на Балканот и во ...

Шефот на Делегацијата на ЕУ вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме„. „Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но ...

Очите на светот за џабе свртени кон Анталија, средбата меѓу Русија и Украина очи в очи не донесе никакво поместување. Дополнително преговорите во Турција не ја сопреа руската агресија - цивили, меѓу кои и деца, и натаму гинат. Зошто Западот го остави Зеленски сам, како што и тој обвинува? Какви последици може да очекува земјава од што се разбуди на црната листа на Путин? Колку руската инвазија врз Украина ќе биде тригер за брза интеграција на ...

Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и експерт на БИЕПАГ (The Balkans in Europe Policy Advisory Group), во интервју за 360°, зборува за импликациите врз Западен Балкан во контекст на руската агресија на Украина. Бибер, кој важи за одличен познавач на регионот, не мисли дека има директна закана за безбедноста на Балканот, но и предупредува дека Русија, иако ограничена, сепак има одредени можности за дестабилизација. Слаба ...

Македонија почнува да ги брои економските штети. Овоштарите во загуба, Украина го откажа откупот на јаболка. Во прашање и пласманот на праските. Градинарите на чекор до криза, руско украинскиот пазар за пласман на македонски зеленчук изгубен. Русија и Украина најголеми извозници на житарки. Какви ќе бидат последиците за земјава? Има ли владата план како ќе им помогне на заемјоделците? Во каква кондиција се стоковите резерви? За состојбите, ...

"Екатерина Велика", раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во европската историја во 18. век. Во средиштето на приказната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез чии родители се подготвуваат да ја пратат во Русија како би станала невеста во царскиот дворец, желба на тогашната Царица која сака да го ожени нејзиниот внук. Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа ...

Ги купивме истите (основни) продукти на 28 февруари (последниот ден со замрзнати цени) и во неколку наврати од 1 март наваму (откако влезе во сила одлуката за замрзнати маржи) за да видиме дали има разлики во цените и какви Проценката на компаните е дека највисоката маржа во трговијата на мало не треба да биде пониска од 20 проценти, додека маржата во трговијата на големо треба да се постави на 10 проценти, велат од Стопанската комора 28 ...

Композиторот и продуцент Јован Јованов неколку години живее во Канада. Деновиве е во Скопје. Вели имал малку луфта овој период па можел да дојде. Првпат беше гостин во студот на „Репортер“, па со него зборувавме сешто. „Кога сум во Канада, ми фалат пријателите од Скопје. Да можам да ги преселам сите таму блиски, ќе биде супер. А, кога ќе дојдам во Скопје, уште од аеродром ме нервира менувачот на колата затоа што е мануелен, ...

Од речиси секое украинско семејство има член кој директно учествува во одбраната на земјата. Таков е случајот со Олена Сомер која живее во Финска, а потекнува од Одеса, град на југот на Украина од каде доаѓа најсилниот руски удар Сомер, чии брат и чичко се борат во украинската армија, во интервју за „360 степени“ раскажува за состојбата и животот на нејзините роднини во Одеса по почетокот на руската инвазија врз Украина. ...

Замрзнати депозити на руски олигарски во европски банки, европското небо се затвори за руските авиокомании, финален удар за руската централна банка. До сега невидени драконски санкции од Европската унија за Русија. Путин го кажа она од што се плаши светот и нареди готовност на нуклерните сили. Дали не дели чекор од Трета светска војна? Судбината на Киев ќе ја исцрта судбината на Европа, на светот. Искра надеж во најавените преговори меѓу Киев ...

Украинката Татјана Урбанович, која околу 10 години живее во Скопје, во интервју за „360 степени“ говори за состојбата во која се наоѓаат нејзините роднини и пријатели во различни украински градови. Зошто иако имале опција, не ги напуштиле родните огништа и каква помош очекуваат од Северна Македонија? Погледнете го видеото. 360°: Татјана Урбанович, што велат вашите роднини и пријатели, како во овие моменти се живее во Украина? ...

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Украина нема да се предаде или капитулира во преговорите со Русија и дека подготвеноста на Русија да зборува без никакви предуслови, ултиматуми и барања е веќе победа за Украина. „Значи, мислам дека фактот што Русија е подготвена да разговара без никакви предуслови, без никакви ултиматуми, барања кон Украина, веќе е победа за Украина“, рече Кулеба на брифингот, ...

Победата на Андреа Коевска на македонскиот избор за Евросонг за многумина беше изненадување. Дури и таа вели дека сè уште не може да поверува оти песната Circles победи, па во мај ќе ѝ се исполни детскиот сон да пее на Евровизија во Торино. „Никогаш не сум била поспремна во животот. Слушнав секакви коментари, ама се трудев да не ги читам негативните. На луѓето не им беше јасно како еден анонимец може да победи. И не им се лутам. ...

Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ - ПРВА СКОПСКА ТВ. Од 3 март на најдобрата скопска телевизија МТМ започнува нова руска хумористична серија. Затоа, бидете одлучни и намалете го вишокот на килограми. Подгответе се за смеа и забава, но и малку вежбање со рускиот хит ситком "Фитнес", од понеделник до петок во 22 часот. Што се случува кога една девојка со поприлично вишок килограми, ја губи ...

„Куќата на Европа“ во Крива Паланка во петокот го прослави првиот роденден. Кога се отвори, беше втора во земјава и оттогаш функционира како „место на новата генерација“ во градот во кој се наоѓа, но и во целиот североисточен регион. Идејата на постоењето на Куќата на Европа е да биде простор каде младите ќе можат не само да се дружат, туку и да учат и да разменуваат идеи. Во првата година од постоењето во објектот во ...

Иницијативата за воведување квоти за соодветна застапеност на лицата со попреченост во изборната администрација, но и на кандидатските листи за пратеници и за советници доаѓа од невладини организации кои со години се активни во оваа сфера и одблиску ги гледаат аномалиите на правната рамка, но и на нејзиното спроведување За идејата прашавме дел од политичките партии од кои, очекувано, добивме различни одговори – дел поддржуваат ...

Кога децата се богатство, не е важно дали се рожба или посвоени. Животна приказна за еден македонски подвиг-две посвоени деца во еден родителски дом, искрено со Радмила Живановиќ. Општините и јавните претпријатија веќе направија долгови од 100 милиони евра. ЗЕЛС бара нови владини донации, премиерот Ковачевски одговара рационализирајте си ги трошоци, интервју со Горан Герасимовски градоначалник на Центар, една од најбогатите општини. МИА и БТА ...

Една од темелните вредности на Уставот е поделбата на државната власт на извршна, законодавна и судска. Иако во теорија законодавната власт, односно Собранието, би требало да ја контролира извршната власт, односно Владата, до скоро не беше така дури и за елементарни прашања. По 30 години демократија, Собранието лани првпат доби независен буџет и собраниска служба. Законските измени што го овозможија тоа беа иницијатива на претседателот Талат ...

Зошто одговорните во надлежните институции во Македонија немаат никаква одговорност за случајот со малата Ембла, но и генерално, со многу случаи кои ги покажуваат сите дефекти на македонскиот систем - Владимир Лазовски од Министерството за труд и социјала отфрла каква било одговорност. Говорат Александар Матовски-Цако, младото момче кое со Даунов синдром има потешкотии во општеството за разбирањето за неговата различност, Ребека Јанковска, ...

Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за ...

Најпопуларните детални урбанистички планови во државава, од повеќе причини, се оние во Општината Центар, но од неодамна имаат конкуренција во ДУП-от кај некогашниот ШИК Јелак во Тетово. Овој детален план, на кој се впишани маркички за четири трговски единици и 27 седумкатници, го донесе претходниот совет предводен од ДУИ и СДСМ, а од неодамна се обидува да го суспендира мнозинството во новиот совет составено од БЕСА, Алијанса, ВМРО-ДПМНЕ и ...

Крајот на минатата година ја одбележа и случајот на финансиската полиција за сомнителни купопродажни зделки на ниви, кои на крај завршиле во сопственост на ЕВН Електрани. По трагите од јавно достапните податоци, „360 степени“ дојде до сознанија дека повеќе лица во Делчево и Берово, во септември купувале или добивале ниви на подарок за речиси веднаш да ги продадат и за 40 пати поскапо од пазарната цена на „ЕВН ...

Државната ревизија во Општина Студеничани открила случај на потпишан и реализиран тендер во висина од околу 300 000 евра, иако Државната комисија за жалби ја поништила јавната набавка Ревизорите констатирале и дека Општината градела водовод без одобрение, дека има спорни исплати, но и дека градоначалникот и советниците си поделиле околу 15 000 евра за присуство на седници на општинскиот совет, кои не се одржале Ден пред Нова година Државниот ...

И покрај траумата што ја преживеа македонското општество со случајот со масовното незаконско прислушување, речиси и да не постои надзор врз безбедносно-разузнавачката заедница од невладините организации, академската заедница и медиумите Дел од соговорниците во сторијата на „360 степени“ сметаат дека неформалниот граѓански надзор кај нас е крајно ограничен поради страв, неинформираност и непознавање на областа. Што и како може да ...

Професор по биологија во средно училиште е главната „вест“ во изминатава недела на социјалните мрежи во Косово. Откако објави видео од својот дом како игра оро, прво се соочи со „булинг“ но потоа и со огромна поддршка од разни страни Целиот случај доведе и до повици за протести и т.н. предзвик на социјалните медиуми – во функција на борба против „булингот“ во косовското општество Изминатава недела на ...

„Јас ги сакам студот и планините, а во езеро влегувам среде зима. Игор е тип кој сè уште мисли дека ако излезеш со мокра коса на ладно ќе настинеш. Јас имам бицепси од вежбањето, тој нема. Годините се голема разлика, ама тој во душата е секогаш дете. Со часови може да свири на гитара, а јас да сликам. И додека шпартав секој ден од Стар Дојран до Мрдаја, оти тоа ми беше дневна рутина, се чудев од каде става Игор слики на Инстаграм ...

Бугарската национална телевизија (БНТ) за вечерва го најавуваше документарниот филм „Само затоа што беа Бугари“, во кој се пренесуваат сведоштва за убиства на Бугари во Македонија кон крајот на Втората светска војна, што се коментираше како провокација во текот на посетата на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Но, доцна попладнето БНТ ја смени најавата и објави дека ќе емитува друг филм во истиот термин. Дали ...

Од среда, секој работен ден во 23:00 и 13:00 часот на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА следете ја топлата приказна од најголемата и најстудената земја на светот. Приказна за љубовта и патот на една млада девојка кон остварување на своите соништа. Вера е млада, убава и наивна сиромашна девојка, чија најголема страст е свирењето на нејзиниот омилен инструмент - виолончело. Нејзиниот живот се менува кога запознава двајца млади мажи, кои воопшто не личат ...

Зошто забраната за работа на станицата е издадена веднаш по несреќата во Бугарија, а не три и пол месеци претходно кога бил изготвен таков предлог од надлежните служби? И покрај неколкуте наши обиди да добиеме објаснување од МВР, до денеска овој владин ресор не одговори на ниту едно прашање на „360 степени“ поврзано со темата Основното јавно обвинителство Скопје истражува зошто во МВР повеќе од три месеци го чувале во фиока ...

Актерот Игор Стојчевски, кој го игра ликот на Тони Бузалевски во „Преспав“, шест сезони успешно се носи со улогата на најмалиот брат во пансионот. Особено препознатлив по своите европски сфаќања во серијата, глуми дека е во љубовна врска со готвачот Марио, кој го игра актерот Васил Зафирчев. Но, ова е само дел од сценариото, а кога ќе се исклучат камерите приказната е поинаква. Игор е вработен во Драмскиот театар во Скопје. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
70%
1001
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
88%
1001
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
3.6
75%
1005
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.45
75%
1004
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
97%
1001
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.66
81%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1001
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1006
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
1003
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
57%
1011
Currency

61.635

Currency

51.9185

Currency

70.6945

Currency

36.7323

Currency

38.1291

Currency

67.5159

Currency

7.51499

Currency

0.68067

Currency

0.33999

Currency

0.52497

Currency

1.19056

Currency

0.57333

Злато

162139.75

Паладиум

53948.95

Алуминиум

3.06

Сребро

2485.90

Калај

48.53

Цинк

3.30

Бакар

11.63

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

213919.04

Платина

66326.99

Родиум

345620.53