Промо тв Серии

БИРО

Животот на француските тајни агенти – меѓу семејството и опасната работа, во најгледаната француска серија, шпионски трилер на Телма

  • Главна улога: Метју Касовиц, кој за улогата во серијата добива и награда за најдобар актер.
  • Сценариото е базирано на вистините настани поврзани со разузнавање
  • Една од најсимнуваните европски серии во САД.

Агентот „Malotru“ по 6 години служба во Дамсак, Сирија се враќа во татковината Франција. Како легенда на својот занает, во DGSE, Генералниот директорат за надворешна безбедност на Франција, во Париз ја добива заслужената позиција во “Le Bureau des Légendes”. Службата DGSE е пандан на американската CIA и на британската MI-5, и е служба која се грижи за француските интереси во странство.

Главната улога на Гијом Дебаили –Malotru ја толкува исто така веќе легендарниот француски актер и режисер Метју Касовиц. Касовиц во првата епизода на најгледаната и најуспешна француска серија, по враќањето во централата, како Malotru ја добива новата улога во службата, да обучува нови прикриени агенти, кои одат на мисии во странство за потребите на Француската Република.

Тајните агенти отсекогаш биле привлечни за телевизиската и филмската публика. Телма ви овозможува да ѕирнете во француската верзија на оваа фиктивна авантура полна со современи и вистински предизвици како што се радикалните војници на ИСИС, руско-украинскиот судир, иранската нуклеарна програма.

Македонското име на серијата го избираа гледачите на Телма на која наскоро ќе почне да се прикажуваат авантурите на Malotru, но и на другите агенти на француската тајна служба. “Le Bureau des Légendes” е серија создадена од познатиот француски режисер Ерик Рошан.

Серијата се фокусира на секојдневниот живот и мисиите на агентите во Генералниот директорат за надворешна безбедност на Франција. Тие живеат во странство, со години, со лажни идентитети и со една единствена цел на мисијата. Да ги најдат и регрутираат најдобрите разузнавачки извори, на територии каде Франција има интерес, особено во Северна Африка и на Блискиот Исток.

Но, секое враќање на старото, дома, носи нови проблеми за „легендарниот“ Malotru. Агентот меѓу часови на кои ги обучува младите колеги како да се снајдат на непознат терен полн со ризици, ќе мора да се соочи и со своето семејство. Ќерката која не ја видел со години и поранешната сопруга која ја прифатила неговата работа со тоа што сама го изгледала заедничкото дете.

Но, враќањето во семејството оди потешко од снаоѓањето во неговата нова мисија во службата. Бидејќи од Сирија доаѓа неговиот извор, научничката Надија, уште една жена со која ги поминал 6-те сириски години во блиска врска.

Расплетот кој се одвива од Париз преку северноафриканските пустински предели до тајните седишта на терористичката закана за Франција.

Серијата беше дочекана со пофалби за глумата, за темпото на заплетот и за реализмот во прикажување на актуелните настани.

Покрај критиката, „Биро“ и Malotru ги одушевија и гледачите, затоа што овој шпионски трилер стана најпосакуваната француска и европска серија за гледачите во Канада, Британија и САД.

За љубов, тој е спремен да ризикува се… не само за себе, туку целото БИРО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ-сериски филм – прва епизода – вторник, 30.04 во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе