Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Словачка ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, но се спротивставува на забрзаниот пристап на Украина, изјави вчера словачкиот претседател Петер Пелегрини, оценувајќи дека балканските земји кои постигнале понатамошен напредок во реформите треба да имаат предност пред Киев. Пелегрини, како што пренесува Спутник, изјави дека на Украина не треба да ѝ се дава предност во процесот на европска интеграција во однос на ...
510 банди ја тресат Грција, откако полициската анализа за организираниот криминал во 2024 година покажува 510 криминални организации, 3.469 членови и незаконска заработка од повеќе од 181 милион евра. Податоците, објавени во грчкиот извештај за организиран криминал, откриваат дека криминалните мрежи не дејствуваат само на улица, туку сè повеќе преку технологија, измами, легални фирми и сложени финансиски шеми. Според грчката полиција, ...
Србија го одржа својот прв голем протест оваа година во саботата (23 мај). Неколку десетици илјади луѓе од целата земја демонстрираа во главниот град Белград против режимот на претседателот Александар Вучиќ. Движечката сила зад протестите е српското студентско движење, кое има намера да учествува на парламентарните избори со свој список на кандидати. Изборите не се закажани за 2027 година, но според изјавата на Вучиќ, тие би можеле да се ...
Владата на Хрватска вчера даде поддршка за соработка на проектот за воспоставување производство на муниција од мал калибар во земјата, во партнерство со реномираната италијанска компанија „Берета холдинг“ (Beretta Holding). Со донесениот заклучок се поддржува изградбата на фабрика за муниција во Хрватска, а Министерството за одбрана е задолжено, во соработка со повеќе ресори, во најкраток рок да ги преземе сите потребни дејства за потпишување ...
Сплит и неговата околина беа погодени од два земјотреси попладнево денес, со разлика од околу десет минути, со магнитуда од 3,6 и 3,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот со магнитуда од 3,6 степени е регистриран во 17:25 часот, со епицентар на 39 километри од Сплит и 22 километри од Сињ, на длабочина од пет километри. Во 17:38 часот, во истото подрачје е регистриран нов ...
Подрачјето околу Сплит попладнево беше погодено од два последователни земјотреси, кои се случиле во краток временски интервал од околу десет минути. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил регистриран во 17:25 часот, со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер. Неговиот епицентар се наоѓал на околу 39 километри од Сплит и 22 километри од Сињ, на релативно мала длабочина од околу пет километри. Само ...
Грчкиот остров Макри, сместен во комплексот Ехинади во Јонското Море, некогаш беше продаван како „крунски скапоцен камен“ за меѓународните инвеститори. Пред неколку години, беше објавен од страна на агенции за недвижности од висока класа за неверојатни 8 милиони евра (околу 9 милиони долари), како совршена локација за петзвезден луксузен одморалиште и приватни вили. Денес, островот се упатува кон аукција со почетна цена од само 247.000 евра ...
Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за 84,3 отсто пристигнувањата преку копнените ...
Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска откако претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, во настап за ТВ Пинк ги обвини студентите во блокада дека поддршката ја добиваат од Загреб, а хрватскиот министер за економија Анте Шушњар ѝ одговори дека Хрватска е земја во која луѓето од Србија и без нејзин совет гледаат повисоки плати, помала невработеност и подобри можности за живот. БРНАБИЌ ВЕЛИ ДЕКА СТУДЕНТИТЕ ВО БЛОКАДА ДОБИВААТ ...
Живаљ претходно извести дека биле примени дојави за поставени бомби во зградата на Градската управа на Трг Стјепан Радиќ 1 и во зградата на Градското собрание на Улица Св. Ќирил и Методиј 5. Што се однесува до Градската управа, таа изјави дека во договор со полицијата, а по големиот број лажни дојави, раководителот на надлежната служба донел одлука вработените да останат во канцелариите додека трае полицискиот преглед на просториите на ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг изјави дека Кина и Србија треба да ја продлабочат меѓусебната доверба и да ја прошират соработката за понатамошно зајакнување на нивното стратешко партнерство. Според соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи, Шји рекол дека двете земји треба да ги интензивираат размените, да ја зајакнат практичната соработка и да се ...
Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:25 часот, во Хрватска. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати 43,8581 северна географска ширина и 16,4703 источна географска должина, во близина на Врлика. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри ...
Голем сообраќаен хаос денеска се создаде на автопатот Е-75 во правец кон Белград, откако кај местото Крњево целосно изгоре камион со цистерна, објави ТВ Стар. Според првичните информации, пожарот брзо го зафатил товарното возило, а густ црн чад се издигнувал над автопатот, предизвикувајќи паника меѓу возачите. На терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи, додека полицијата го блокирала сообраќајот на делницата кај Крњево, во ...
Грчката полиција утрово спроведе масовна акција на островот Крит, во која беа уапсени 20 лица под сомнение дека биле дел од организирана криминална група за измами со земјоделски фондови. Според надлежните органи во Атина, мрежата функционирала според однапред разработена шема за поднесување лажни изјави, со што директно биле оштетени фондовите на Европската Унија. Незаконска корист од над три милиони евра Од грчката полиција информираа дека ...
Контроверзниот претседател на Фондација Македонија, Виктор Стојанов, утрово преку видео на Фејсбук испрати остри пораки до Бугарите од Македонија, изразувајќи разочараност од нивното однесување. Тој порача дека, според него, дел од нив едно ветуваат во Софија, а сосема поинаку се однесуваат кога се во Македонија, при што јавно ги прозвал имињата на Митко Џокерот од Струмица и Томе Блажески од Охрид. Во објавата Стојанов напиша дека ако сакаат ...
Овој орден е воспоставен во согласност со Законот на Народна Република Кина за национални медали и национални почесни титули, кој стапи на сила на 1 јануари 2016 година, а им се доделува на странци кои дале исклучителен придонес во социјалистичката модернизација на Кина, ја промовирале меѓународната размена и соработка со Кина и го чувале светскиот мир. Со овој орден на Вучиќ му е укажана најголемата можна чест. Првата церемонија на ...
За првпат по убиството во белградската населба Сењак, од кое поминаа повеќе од 10 дена, со изјава се огласи министерот за внатрешни работи на Србија и рече дека тој не го донел Веселин Милиќ во полициските сили, ниту го назначи на функција, објави Н1. -Тој е од милјето на поранешниот директор на полицијата Вељовиќ, кој беше назначен од Демократската партија. Не е сега дека некој го донел, или дека оваа влада го донела, па врз основа на тоа, ...
Белград во саботата (23 мај) повторно сведочеше на историски слики. Улиците на српската престолнина беа претесни за најмалку сто илјади лица, според првата проценка на Архивата на јавни собири, од каде наведоа дека точното пребројување ќе потрае. Иако повеќе беше предизборен собир отколку протест - околност што студентите во блокада не ја негираат – на нив повторно им успеа во Белград да го свикаат еден од најголемите собири во историјата. ...
Претседателот на српскиот парламент на конференцијата GLOBSEC во Прага изјави дека односите меѓу Србија и Русија не се братски, додавајќи дека санкциите под кои беше подложена Југославија во 1990-тите биле единствената причина зошто Белград не вовел казнени мерки против Москва. Брнабиќ нагласи дека Србија е „целосно усогласена“ со Европската Унија во однос на вредностите и ја отфрли тезата дека владата на Александар Вучиќ одржува братски ...
Турската полиција влезе во седиштето на главната опозициска Републиканска народна партија – ЧХП во Анкара, по судската одлука со која беше поништено партиското гласање од 2023 година и беше отстранет лидерот Озгур Озел. Интервенцијата уследи по неколкудневен застој во партиското седиште, каде што поддржувачи и функционери на ЧХП го блокираа влезот во знак на отпор кон одлуката. Според извештаите на меѓународните агенции, полицијата употребила ...
Интересот на студенти за запишување на универзитетите во Србија во изминатите години бележи пад, па поради тоа Универзитетот во Белград планира да запише 595 бруцоши помалку од лани во следната студенстка година, додека некои други универзитети исто така бележат пад на интересот за студирање. За следната учебна година од седум факултети на Белградскиот универзитет најавија зголемена сума за школарина – од вкупно 31 факултет, Факултетот за ...
Архивата на јавни собири објави дека, според нивната проценка, на протестот „Ти и јас, Славија“ што се одржа вчера во Белград се собрале помеѓу 180.000 и 190.000 граѓани. Проценката на Архивата на јавни собири се базира на измерената површина на собирот од 107.000 квадратни метри и просечен коефициент на густина од околу 1,7 луѓе на квадратен метар, објавија на социјалните мрежи. Втор најголем протест во Србија од падот на Милошевиќ, рекоа ...
На парламентарните избори во Кипар, десничарската партија ЕЛАМ денес постигна значаен успех и со околу 11 проценти од гласовите стана трета најсилна политичка сила во земјата. Според првите неофицијални и непотврдени резултати објавени уште вчера вечерта, традиционалните големи партии ДИСИ и АКЕЛ ги задржаа своите водечки позиции со 27,2 и 23,8 проценти од гласовите, соодветно, додека центристичките партии кои го поддржуваат претседателот ...
Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации, има повредени. Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот. Како што може да се види на видеото, кабината на трамвајот е целосно згмечена, а некои седишта се откорнати од ударот. Според неофицијални информации, неколку лица се пожалиле на повреди, а од службата за брза помош за порталот Н1 изјавиле дека екипи се ...
Криминалните мрежи од Западен Балкан се закана за националната безбедност на САД, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот до Конгресот. Вашингтон алармира дека овие групи се поврзани со глобални нарко-картели и терористички организации, со што директно влијаат врз безбедносната ситуација во Америка преку шверц на дрога, перење пари и сајбер криминал. Поради ова, САД ја менуваат својата стратегија во регионот – се напушта ...
Анкара, 24 мај 2026 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, при што изјави дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка во фазата на спроведување на евентуален договор со Иран. На состанокот, кој се одржа преку видеоврска, учествувале и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот ...
Автобус на релација Падина – Панчево вечерва се запалил за време на возење, а благодарение на брзата реакција на возачот сите патници навреме биле евакуирани. Според информациите објавени од локалната страница „Zdravo Pančevo“, пожарот избувнал околу 19 часот на подрачјето на Крепаја. Во автобусот се наоѓале околу седум до осум патници, а според сведочењето на еден од нив, најпрво почнало да се чувствува чад за време на движењето. Возачот ...
Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија успешно помина уште една важна етапа во процесот на евроинтеграциите, и покрај нападите и клеветите на опозицијата. Тој ги обвини политичките противници дека се обиделе да го нарушат имиџот на земјата на меѓународната сцена преку насилни протести, вандалски чинови и денигрирачки кампањи против владата и процесот на преговори со Европската Унија. Според Рама, опозицијата ширела тврдења дека европскиот ...
Организацијата „Архива на јавни собири“, која го следи бројот на присутни на јавни настани, објави дека на синоќешниот протест „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ имало меѓу 180.000 и 190.000 луѓе. Според нејзината објава на „Икс“, проценката е направена врз основа на измерена површина од 107.000 квадратни метри и просечна густина од 1,7 луѓе на квадратен метар. Од организацијата наведуваат дека станува збор за втор најголем ...
Пијан возач со автомобилот удри во семејна куќа во место близу Пула, во Хрватска. Во несреќата нема повредени, но има материјална штета. Поради пребрзо возење, возачот удрил на работ на патот и завршил во куќата на 71-годишен жител, објавуваат хрватските медиуми. Сопствениците на куќата го опишаа шокот што го доживеале. „Бев буден, лежев во собата кога слушнав некакво тропање. Видов автомобил пред прозорецот. Излеговме надвор и погледнавме, ...