Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски за денеска во 16:00 часот закажа итна средба со претставниците на големите маркети и трговците. Пред состанокот, тој нагласи дека државата располага со силни аргументи кои покажуваат дека нема објективна причина за зголемување на цените на основните производи. Мицкоски подвлече дека Македонија во моментов има најниски цени на горивата и најниска инфлација во целиот регион. Според него, снабдувањето со нафта е ...
Во врска со изнесените обвинувања од страна на политичката партија Левица, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека станува збор за уште една манипулација со факти и обид за креирање политички наратив кој не соодветствува со реалната состојба. Тендерската постапка за која Левица пласира обвинувања во јавноста е потпишана во периодот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Станува збор за постапка која ...
Состојбата што ја утврдиле работните групи открива пречекорувања на законските рокови, одлагања на јавни седници без оправдани причини и свесно доведување на предметите до точка на апсолутна застареност Судскиот совет на денешната седница усвои два извештаи од работни групи кои извршиле вонреден увид во работата на судија од Апелацискиот суд Скопје. Состојбата што ја утврдиле работните групи открива пречекорувања на законските рокови, ...
Судскиот совет на денешната 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелацискиот суд Скопје поради неразумно одолжување на судските постапки, што резултирало со апсолутна застареност на предмети. На седницата беа разгледани и усвоени извештаите од работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и Апелациските судови во Гостивар и Скопје. Притоа беше посочено и на системски проблеми ...
Имавме би рекол плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни се разбира исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија, истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на Странски инвеститори. „Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон ...
Во Општина Аеродром започнаа реконструкцијата и доградбата на мостот на Маркова Река, кој ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Проектот има цел да обезбеди побезбеден и современ инфраструктурен објект, кој ќе ја олесни секојдневната мобилност на жителите и ќе ги намали ризиците при сообраќај, се наведува во објавата на Владата на „Фејсбук“. – Зафатот опфаќа реконструкција на постојниот мост, доградба и унапредување на носивоста, ...
Во Основниот Кривичен суд денеска почна, па се одложи судењето за сообраќајната несреќа во која лани на 14 септември по полноќ, животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а каде обвинет за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ е пратеникот на Левица Сашко Јанчев. Расправата не можеше да се одржи зашто вештачењето на пратеникот не е готово. Адвокатот на Јанчев, Драган Пешевски пред почнувањето на главната ...
Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, започна со теренските активности за средување на пораснатата трева во сите урбани и месни заедници. За оваа акција, која ќе се одвива секојдневно, во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20-мина обучени сезонски работници. – Денеска екипите работат во населбите 11 Октомври – Згради, Кисела Вода и Драчево, а веднаш потоа ќе продолжат по утврдениот ред и во сите други делови на ...
Скопската Зоолошка градина доби ново младенче пингвин од загрозениот вид хамболт. Горди родители повторно се Лила и Џонатан. – И овој пат, таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базенот. Оваа поделба на грижата е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата – објаснија од Зоолошката. Хамболт пингвините се загрозен ...
Реконструкцијата на Универзална сала никако да почне. По изборот на изведувач, пристигната е жалба, уверува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, па се чека второстепената комисија која одлучува по жалбите да донесе одлука. Тој се надева дека овојпат одлуката ќе биде позитивна, затоа што еднаш јавниот повик веќе пропадна, и дека изградбата на Универзална сала ќе продолжи. „Евалуацијата на документацијата заврши. Ја донесовме одлуката ...
Утре е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола. Токму утре иницијативата „Стоп за Усје“ повикува на герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање, со почеток во 13:00 часот. Од „Стоп за Усје“ велат дека со оваа А-интегрирана еколошка дозвола, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе важи во наредните седум години, се одредува ...
– Транспортот со велосипед се смета за еден од најефикасните и најеколошки начини на движење, бидејќи создава значително помалку CO2-емисии во споредба со моторните возила. Наместо гориво, велосипедот користи човечка енергија, што директно придонесува за намалување на загадувањето и за заштита на животната средина – потенцираат од „Зелен хуман град“. Додаваат дека возењето велосипед не е корисно само за животната средина туку и за здравјето ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за нов шеф на Јавното обвинителство. Информира дека Владата ја донела одлуката врз основа на анализа на сите кандидати и нивните биографии, како и врз основа на заклучоците од Советот на јавни обвинители. „Донесовме заклучок дека Ненад Савески може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не ...
Целосно е реконструирана улицата „2“ во населеното место Расадник, на територијата на општина Бутел. Од Општината информираа дека улицата е обновена во најбрз можен рок. Таа е долга 250 метри и зафаќа површина од 1.000 квадратни метри. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави дека во ова населено место наскоро ќе се реконструираат и улиците: „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“. ИЗДВОЕНИ Се предлага ...
Полициски службеници од СВР Штип го уапсија П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе ...
Треба да се зголеми јавната свест за органодарителството особено за кадаверичната трансплантација односно трансплантацијата од починато лице. Направени се измени на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување со цел да се олесни пристапот до донор и да се зголеми прагот односно да може да донираат и подалечни роднини. Се очекува до крајот на април тие да бидат изгласани во Собранието. Се разгледува и можноста ...
Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол – место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат, создавајќи шопинг искуство и доживувања за сите вкусови, дури и за најпребирливите. Лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица, центарот ги отвора своите врати оваа сабота (13.12.2025) во 12 часот и ве очекува да го почувствувате модерниот амбиент каде секој шопинг момент се надополнува со забава и ...
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население. Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната ...
Додека сè уште го чекаме снегот, а улиците и понатаму се тивки и празни во пост-празничниот период, во сенка на сета оваа убавина се јавува проблем кој многумина го игнорираат – отпадот. Зголемената потрошувачка за време на празниците, пластиката за еднократна употреба и несовесното фрлање придонесуваат за огромни количини на отпад. И додека зимата не’ радува со долги пријатни ноќи и помалку метеж по улиците, таа носи и еден предизвик – ...
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...
Земјотрес вечерва ја погоди Македонија, а потресот беше почувствуван во повеќе градови низ земјава. Според првичните информации, земјотресот бил регистриран и во Косово и Албанија, што укажува дека станува збор за пошироко почувствуван сеизмички настан во регионот. Епицентарот на земјотресот на осум километри од градот Призрен на Косово и на 15 километри северо-западно од Општина Теарце. Јачината на земјотресот изнесувала 4,6 степени според ...
По впечатливиот настап во 2025 година, кога со предавањата „All Things Vascular” и „Imaging to the Rescue” ги претстави најсовремените пристапи во третман на комплексни васкуларни и периферни артериски лезии и предизвика значаен интерес кај меѓународната стручна јавност, д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан” – Охрид на 19 февруари 2026 година во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и ...
Реномираниот италијански новинар и вински експерт Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот“ (на италијански Прима дела пјоџа), инспирирано од македонскиот и светски филмски класик на режисерот Милчо Манчевски. Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски одгледувани лозја. Виното е создадено како посвета ...
Веќе неколку години по ред вината на „Бовин“ се меѓу најнаградуваните на реномираниот интернационален вински натпревар Mundus Vini, кој се одржува во Германија, каде и оваа 2026 година винаријата „Бовин“. Уште позначајно е што квалитетот е препознаен од стручни лица, меѓународно жири кое го сочинуваат 300 вински експерти – енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку ...
Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните за следниот распоред: Карпош (08:30 – 12:30 часот): Козле (09:00 – 14:00 часот): Ѓорче Петров (09:00 – 15:00 часот): Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ...
Со поразителни факти за органодарителството денес Клиниката за нефрологија од одбележа Светскиот ден на бубрегот. Лекарите се пожалија дека последните месеци се зголемил бројот на семсјства кои не даваат согласност за трансплантација дури и во случаи кога се работи за донори кои биле комплетно обработени и погодни за трансплантација. „Постојано ги следиме потенцијалните дарители и за жал во последниве месеци имаме серија на одбовања од ...
Викендот се враќаат натпреварите од Првата ракометна лига по одигрување на Куп натпреварите. На програмата ќе бидат мечевите од 18. коло. Ракометарите на Текстилец УГД ќе гостуваат кај Вардар Неготино, во меч каде неготинските „вардарци“ ќе сакаат да се реваншираат за поразот во Штип, кој пораз го промени и тренерот на тимот од Неготино, по што Пепи Манасков замина од тренерската клупа. Фаворитската улога ќе ја има домаќинот, а штипјани ќе ...
44-годишниот О.Л. синоќа околу 23:15 часот во семејна куќа во Охрид физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. Полициски службеници од СВР Охрид веднаш интервенирале и го лишиле од слобода осомничениот. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува кривична пријава. Семејството, за среќа, не претрпело посериозни повреди, а соседите ја повикале полицијата откако слушнале врева од домот. Полицијата ...
Добивај вести на Viber Планирате патување низ Европа? Истражувањето на Ferry GoGo покажува колку ќе платите за да вечерате во ресторани од средна класа, од најпристапните балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија, до луксузни дестинации како Швајцарија и Данска. Дознајте каде можете да уживате во гастрономијата без да потрошите многу пари. Дегустацијата на локалните специјалитети е честопати подеднакво важна како и разгледувањето ...
Во време кога СДС беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната енергија одеа до плафон, куповната моќ на парите се намалуваше, а тогашната власт не мрдна со прст да помогне на граѓаните, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме дека тогаш, СДС на чело со Заев, сакаа да воведат и така наречена еколошка такса со која дополнително ќе ги зголемеа цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар, кои ќе ги ...