Она на што сега треба да се обрне внимание се реакциите кои стануваа сѐ поизнијансирани дека „излезот“ на Таравари од владата е „влез“ во предвремени парламентарни избори. Ова особено во услови кога уставните измени и европскиот пат се во застој, а не се прават сериозни чекори во други области, како што се судството, администрацијата, економијата и во други области. Зоран БОЈАРОВСКИ Конструктивно е заедничката оценка, заедничкиот именител за ...

Во отсуство на движења и турбуленции во македонскиот блок на политички партии, македонската политичка сцена сепак не мирува и не дозволува приматот да и биде одземен од спортот, културата, уметноста или некои други сфери од нашето секојдневие. Фокусот останува на политиката, а политичарите и понатаму се најприсутниот и највидливиот дел во медиумската понуда во државата. Тоа и не е некоја новост или инцидентна состојба. Македонската политика ...

По назначувањето на Фридрих Мерц за германски канцелар, откако се провлече низ иглени уши и да го обезбеди потребниот минимум гласови, многумина во Европа побрзаа да констатираат дека и ЕУ сега може да здивне. Откако се распадна претходната германска владина коалиција, поради несогласици и судири околу бројни важни прашања, Берлин отсуствуваше од сите важни состаноци во Европа. Мерц веќе вети посилно германско лидерство во ЕУ, но поддршката ...

По повод Денот на победата над фашизмот, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, преку својата официјална Фејсбук-страница испрати порака во која остро се осврна на современите форми на фашизам, како во светски, така и во македонски контекст. Во својата објава, Јанчев потсети на учеството на македонскиот народ во Втората светска војна, нагласувајќи дека токму со таа борба е „со крв платено формирањето на македонската држава на АСНОМ“. „Но ...

Пишува: д-р Азиз Положани Во Северна Македонија се создаде наелектризирана атмосфера во врска со иницијативите во Уставниот суд за оспорување на законот за употреба на јазиците. Особено, беа создадени нереални очекувања дека решението или магичната формула ќе биде мислењето на Венецијанската комисија. Иницијаторите веројатно имаа најголеми очекувања, бидејќи сакаа да ги покријат своите етноцентрични тенденции со непристрасен меѓународен ...

Изминативе десетина дена европската политичка сцена донесе неколку изненадувања, кои можат и ќе имаат имаат далекусежни последици. Се’ започна со одржувањето на делумните локални избори во Англија, како и изборите за едно испразнето пратеничко место. Победа однесоа Реформистите, крајно десна полулистичка партија, предводена од Најџел Фараж. Тие успеаа да им го одземат пратеничкото место на владејачките Лабуристи, да освојат две ...

Во многу земји во светот, владите се обидуваат да се преобликуваат според примерот на бизнисот. Во таа смисла, значајна е крстоносната војна што ја започна министерството на Елон Маск (DOGE) во САД, како и моторната пила што ја користеше претседателот на Аргентина, Хавиер Милај. Слична реторика може да се слушне и во Британија, каде што министерот задолжен за работа на Владата, Пет Мекфаден, сака да развие култура на управување заснована на ...

Советникот на Левица во Советот на Општина Битола, Горан Велевски, денеска преку својата официјална Фејсбук страница објави дека лидерот на партијата, Димитар Апасиев, добил официјална покана од Руската Федерација за учество на прославата по повод „80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна“, која ќе се одржи со парада на Црвениот плоштад во Москва. Во својата објава, Велевски го истакна овој настан како „пример за ...

Веќе е општо место сознанието дека најважната биолошка предност што на хомо сапиенсот му овозможи да ги надвладее практично сите други живи организми во еволуционата трка за обезбедување животен простор и просперитет на планетава е, всушност, развојот на човековиот мозок. Но, оваа еволуциона теорија што ја објаснува човековата доминација на Земјата е од самиот почеток наткрилена со темен облак на една длабока контрадикција која ја доведува во ...

Една од работите што сигурно ќе остане подолго време во јавноста како политичко наследство на Христијан Мицкоски е неговото објаснување како тој и претставниците на македонската влада влегле во најблискиот периметар на американскиот претседател Доналд Трамп, како се наредиле први во редот, а другите зад нив цупкаат нестрпливо од нога на нога. Препорачано Не треба да ѝ се забележува многу на оваа желба на Мицкоски да биде што е можно поблиску ...

Се потврдува, драги мои, идејата која сме ја повторувале многу пати, дека ВМРО-ДПМНЕ нема надворешна политика ниту било кога имало. Таа партија, независно од изборната поддршка, паразитира врз политиките на македонските леви и центристички партии од осамостојувањето до денес и само прашање е нивото и длабочината на штетата и срамот, понижувањето и подбивот до кој ќе ја донесе државата во својата неспособност, тотално аутсајдерство и незнаење. ...

Ирена Николовска – Ристановска mајка nа дете со атипичен развој, психолог во ОУРЦ „Кочо Рацин“ и претседателka на Здружение „Рилука“ Додатокот за лица со попреченост, или „покачувањето“ на истиот за само 200 денари (од 7.708 на 7.978 денари), ме допира онолку како фактот што се’ уште нема рехабилитациски центри. А нашата држава, која е потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, се обврзува да ги ...

Денеска се навршува точно еден месец откако премиерот Мицкоски изјави дека “уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани”, а во врска со одлуката на САД за воведување висока царинска стапка од 33 отсто за увоз на македонски производи и услуги. Не’ уверуваше дека неговиот близок пријател Трамп веднаш ќе се корегира, бидејќи “очигледно дека ова е резултат на некаква грешка или на погрешни информации”. Се разбира, сите тие недоветни ...

Како очевидец кој случајно дента од Задар со мојот колега од МРТВ Зоран Таневски испратени да известуваме од распадот на СФРЈ дојдовме во Сплит во истите мигови кога Зенгите( хрватската паравојска) и граѓани на Сплит протестираа пред адмиралштабот на тогасната СФРЈ сместен на тогашната Лора во центарот на градот буквално на брегот на Јадранското море. Сплиќани во тие месеци и денови на распадот беа крајно непријателски настроени према ...

Во секоја држава, па и во најсреќната, има жални ликови. Ги има и во Финска, а ги има и кај нас, но веројатно во поголем број. Тоа, се разбира, наспроти вулгарниот поздрав на „тетка Марта“, не нѐ прави „тажна приказна“ туку, можеби, само ги потенцира оние жална ликови секогаш построени во чест на такви мрачни еу персони. Од таквите друштва и сонцето бега кога тие ќе се појават на хоризонтот. Или – во периметарот, како што сакаат да мудруваат ...

Повторувањето е мајка на знаењето, за нештата да не се заборават, искажано во моите пишувања. Да, повторам за оние од „Европскиот фронт“- криминален фронт кој го водеа ДУИ-СДСМ-АА, односно оние кои владееја повеќе од седум години со институциите во Македонија, а сега се во опозиција. Поранешниот холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп ги прашуваше: Каде се парите што ви ги дадовме? Ова прашање не беше поставено на обичниот ...

Најстарата запишана Македонска љубовна поезија потекнува од костурско, Беломорска Македонија, напишана на костурски дијалект, напишана е во 16тиот век во речник кој е составен во Костурско, а денес се чува во Ватиканската библиотека. Дали намерно или случајно, ама не знам зошто сите велат дека на денешен ден е кодифициран јазикот наш македонски? Претпоставувам мислат на современиот, стандарден, литературен македонски јазик и на писмото, кои ...

Македонија веќе полни 35 години гради плурализам и како финале ја имаме најгрдата слика на еден дефектен систем Почитувани читатели, во денешната колумна посветена на стечајот на Еуростандард банка, посебно ќе се осврнам на плурализмот кој полни 35 години се практикува во нашата Македонија. Ефектите од ваквото политичко уредување се дегутантни. Согласно мојата лична перцепција за она што секојдневно ни се случува, а тоа е токму дефектниот ...

„Денешниот свет е во голема мера глув свет. Верувам дека и меѓу нас, свештениците, има многу глуви.Зборувам за тоа како ние учествуваме во животот на луѓето. Зборувам за блискоста. Малку да зборуваме, многу да слушаме, да го кажуваме само најнужното и сето време да гледаме во очите на другиот. Оваа блискост на свештеникот создава однос на духовна нежност, која Бог ја пројавува во односот кон нас.” Со истата блискост и насмевка, во голем ...

Владата пресече: од вчерашната конференција за печат на македонскиот министер за надворешни работи Муцунски разбираме дека „францускиот предлог“ е мртов. Во отсуство на бараните гаранции од ЕУ, дека запишувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање, министерот ја кажува нашата „јасна позиција“ . Со „… јасна позиција треба да ставиме конечно крај на процесот на билатерализација…“, „…крајно е време…да престанеме да преговараме за ...

06/05/2025 09:07 - Мактел

Почитувани читатели, ја почнувам денешната колумна посветена на Еуростандард банка, со реторското прашање ,,до кога” ,во надеж дека нема да остане само реторика. Мислам дека речиси сите си го поставуваме ова прашање ,,до кога”. Во текстов се осврнувам на нашето системско минирање на правдата и законот со неказнивоста за сторените дела против граѓаните или на нивна штета, коешто станува наше секојдневие. Старата македонска мудрост вели: ...

Разгледував слики зачувани во мојот телефон. Илјадници моменти се лизгаа брзо под моите прсти, предизвикувајќи спомените да воскреснат. Најчесто убавите – зашто ретко чуваме фотографии што нè потсетуваат на нешто болно или тешко. И низ тие слики гледам многу лица. Насмеани, замрзнати во мигот на некое селфи, некоја средба или заедничка приказна. Препорачано Интересно е колку сите луѓе што ги среќаваме си имаат свое место. Играат точно ...

Ова што ни се случува во државава, наместо да запре и да се задуши во почетокот, остана повеќе од 30 години нечепнато и почна да прогресира и да се шири како пандемија. Во 2019 година со книгата „Што ни се случува?!“ се обидов да ги разоткријам причините и да ги посочам штеточините, но не успеав да му се спротивставам на ваквиот злосторнички процес што продолжи организирано и плански да функционира. Сега, по пет години ни се случува истото, ...

Време е унгарскиот премиер да престане да се крие зад наводно национални интереси, што ги има секоја друга земја-членка на ЕУ, и конечно да одбие отворено да лобира за интересите на Кремљ во Европската Унија за сметка на блокадите кон Украина за членство во ЕУ. Олександар ЛЕВЧЕНКО Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека влезот на Украина во Европската Унија би можел да предизвика сериозна штета на унгарската економија. Оваа информација ја ...

Доналд Трамп брзо ги претвора Соединетите Американски Држави во најголем даночен рај во историјата. Само треба да се забележи мандатот на Министерството за финансии да се повлече од режимот на транспарентност што ги споделува вистинските идентитети на сопствениците на компаниите; повлекувањето на администрацијата од преговорите за воспоставување Рамковна конвенција на ОН за меѓународна даночна соработка; нејзиното одбивање да го спроведе ...

Дебар Маало, преполно како и секогаш. Кога и да поминеш, преполни се кафеаните, како никој да не оди на работа. И не одат на работа добар дел од луѓето што седат по кафулињата и кафеаните низ градот, Македонија е позната по тоа, партиските клативрати и продавачи на магла да земаат плата и да не одат на работа. Еден добар дел од нив и не знаат каде се вработени, ниту знаат каде се наоѓа зградата во која треба да работат. Најголем дел од ...

Дали се работи за грижа за напредокот на државата или за страв дека ќе секнат парите од европските фондови? Како и да е, гледам на телевизија како нашите „платени демократи“ од невладиниот сектор, се обидуваат да ја оживеат темата за преговори со ЕУ во која, колку до вчера, пукаа со тешка артилерија. Јавајќи на националистичкиот предизборен бран на новата влада, „невладините“ свртеа грб дури и на своите финансиери меѓу кои се ЕУ ...

Премиерот за Телма ТВ денеска потврди: Во Јапонија била делегација од десетици претставници на Македонија, истата била составена од: Тимчо Муцунски со сопругата Марија Митева, Нелоски со сопругата, Јанушев, Орхан Муртезани со сопругата, Зоран Љутков со сопругата, Сашо Марковски и други советници од владата и министерствата. Исто така потврди дека на екскурзијата биле десетици неизживеани простаци (како што и јас реков) Исто така потврди дека ...

Употребата на енергија е присутна на секој чекор во нашиот живот почнувајќи од дома, на улица, на работа, во локалната заедница, во државата и во меѓународни рамки. Без енергија не може да се одвива животот во форма и содржина која се остварува денес. Затоа, при секоја енергетска криза настанува извесна несигурност во снабдувањето, цените, влијание на индустријата итн. Заради важноста на енергијата решив да напишам нешто што се случува на ...

Добивај вести на Viber Во четврток во украинскиот парламент(Рада), депутатите ќе треба да гласаат а ратификација на „договорот за украинските недра“ меѓу САД и Украина. Официјално име на документот е „Договор за создавање на американско-украински фонд за обнова“. Страстите околу овој договор во Украина се зовриени, бидејќи депутатите ќе треба да гласаат за него, но не и за „тајните“ делови од него, „техничките“, кои се’ уште не им се дадени ...

Вера

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
54%
1008
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
94%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
57%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
7.2
58%
1010
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
6.5
75%
1007
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
48%
1016
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.02
42%
1004
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
33%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
31%
1008
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
92%
1004
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
7.72
84%
1013
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
96%
1000
Currency

61.635

Currency

53.3844

Currency

70.8126

Currency

36.7552

Currency

38.4047

Currency

66.7009

Currency

7.72361

Currency

0.65567

Currency

0.33304

Currency

0.52343

Currency

1.20145

Currency

0.56296

Калај

45.06

Платина

59896.84

Злато

144638.24

Бакар

10.97

Иридиум

256711.96

Алуминиум

3.28

Кобалт

964.52

Сребро

2840.84

Цинк

3.08

Паладиум

44152.21

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51